Социјалниот феномен “Тоше“

Член од
18 јули 2009
Мислења
6.772
Поени од реакции
6.567
Леле не ми се верува со каков народ живеам,ова е срамота што пишувате дека тоше бил само обичен човек и дека бил само добар пеач.Па по хуман човек не сум видел во светот од него а вие тука зборите се и сешто за него,сегде идеше помагаше и секогаш сакаше другите да бидат среќни:toe:Тоше беше ангел и беше пример посебно за македонците кој требаше барем малку да научат нешто од него и неговата хуманост:toe:Затоа ке биде почитуван од цел балкан а од нас тешко заради некои што идиотски размислуваат:toe:
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Тоше беше обичен човек,талент со маестрален глас и ништо повеќе...

Еве горан пандев сега е промотор на македонија...или уште ќе се лоботомираме со тоше??

Оставете го да почива на Мир.:smir:
Поради вакви реченици на човек да му се одмили да направи нешто позитивно за државава и луѓето во било која област од животот. И после се чудиме како земале други државјанства луѓево и бранеле бои на други земји...

Не мора да ми реплицирате, затоа што нема да враќам, доста ми беше веќе од темава и од хејтање.
 
G

Gray Foxx

Гостин
Леле не ми се верува со каков народ живеам,ова е срамота што пишувате дека тоше бил само обичен човек и дека бил само добар пеач.Па по хуман човек не сум видел во светот од него а вие тука зборите се и сешто за него,сегде идеше помагаше и секогаш сакаше другите да бидат среќни:toe:Тоше беше ангел и беше пример посебно за македонците кој требаше барем малку да научат нешто од него и неговата хуманост:toe:Затоа ке биде почитуван од цел балкан а од нас тешко заради некои што идиотски размислуваат:toe:
Пример за измиен мозок.
 

wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.699
Поени од реакции
34.231
Поради вакви реченици на човек да му се одмили да направи нешто позитивно за државава и луѓето во било која област од животот. И после се чудиме како земале други државјанства луѓево и бранеле бои на други земји...

Не мора да ми реплицирате, затоа што нема да враќам, доста ми беше веќе од темава и од хејтање.
Па по хуман човек не сум видел во светот од него а вие тука зборите се и сешто за него

Тоше беше ангел
A поради вакво несогласување меѓу хардкор фановите и обичните фанови, обичните се етикирани како хејтери.
Извини иначе за непочитувањето реплицирајќи. :smir:
 
Член од
18 јули 2009
Мислења
6.772
Поени од реакции
6.567
Пример за измиен мозок.
Па заради таквите ко вас никад нема да успее македонија,најди ми похуман човек од него со толкав хонорар како што имаше тоше па ке збориме :toe:
 
A

ateist

Гостин
Му биле значајни парите на човекот кој секоја година правеше хуманитарни концерти, кој секогаш даваше на другите и преку кој многу луѓе научија да бидат малку повеќе хумани?

.

Ламбе Алабаковски имаше успешен хуманитарен концерт

Срамежливото момче од Љубојно, кое пред пет години публиката го избра за нов музички идол, на завчерашниот прв солистички концерт во Универзална сала се претстави како комплетен и зрел музичар...

„Ламбе порасна“ - беше најчестиот коментар што можеше да се слушне од задоволната публика кога излегуваше од салата по два и полчасовната свирка.

Парите од влезниците од концертот на Ламбе Алабаковски ќе бидат донирани за обнова на манастирот „Свети Јован Бигорски“ .
.
.
...http://www.prespana.com.mk/index.php?option=com_content&view=article&id=479:2009-11-30-03-01-37&catid=26&Itemid=49
..
.
.

дали со ваков гест и Ламбе треба да биде проглесен за светец ?
 

ZoraNaSlobodata

Чоечко суштество
Член од
5 ноември 2008
Мислења
2.736
Поени од реакции
111
Леле не ми се верува со каков народ живеам,ова е срамота што пишувате дека тоше бил само обичен човек и дека бил само добар пеач.Па по хуман човек не сум видел во светот од него а вие тука зборите се и сешто за него,сегде идеше помагаше и секогаш сакаше другите да бидат среќни:toe:Тоше беше ангел и беше пример посебно за македонците кој требаше барем малку да научат нешто од него и неговата хуманост:toe:Затоа ке биде почитуван од цел балкан а од нас тешко заради некои што идиотски размислуваат:toe:
Тешка лоботомија.
 
G

Gray Foxx

Гостин
Па заради таквите ко вас никад нема да успее македонија,најди ми похуман човек од него со толкав хонорар како што имаше тоше па ке збориме :toe:
Класичен дефанзивен механизам, веќе воа не е хумано. Секоја будала си користи за право да каже дека ради таквите као нас Македонија нема да успее (иначе татковина се пишуе со голема буква). Пази Македонија нема да успее оти ние забеганите не сметаме дека Тоше бил најхуман човек во СВЕТОТ (what the?).
Па посебно останативе машки сте ми смешни, ја не познавав машко (освен некоја рандом геј персона) пред да умре Проевски што кажуваше вакви убави и небесни работи за него, што ми објаснуваше како тоа Тошката наш е хуман, со перфектен глас, како тоа Тоше бил перфектен, како Тоше не бил геј со Усни на Усни...... Патетики...
Ама разбирам до негде, сеа со тие Тоше Проевски фори ТЕ САКАМЕ СИТЕ ТОШЕ моеш значително да си ги подобриш сексуалните благодети...
Никој не негира дека човеков беше натприродно талентиран со гласот, имаше милна ѕвезда сите пичиња го сакаа, беше хуман итн итн итн. Али воа што го правите е смешно и патетично. На самиот Тоше ке му дое смешно ако е во можност да види до кој степен го возвишуваат...
 
Член од
15 јануари 2008
Мислења
5.041
Поени од реакции
12.035
Некаде прочитав дека важи премисата „за мртвите се најдобро“, од неможноста истите да можат да направат веќе било какво зло.
Постојат луѓе кои пленат со својата внатрешна големина и јас имав чест во мојот живот да запознаат неколку... Можеби токму поради фактот дека се раритетни, мене не ме збунува желбата да се прогласат за светци, но: зарем не треба светец да направи нешто чудесно во вистинска смисла на зборот?
Тоше е чудесен, музиката негова е чудесна, искрено се вознемирувам и ден денешен кога ќе гледам негови снимки, но: неговите чуда се интерпретирани.
Јас преферирам стереотипни чуда за еден светец.
Оставете го Тоше да си биде вистински голем и не мешајте религија со „идолопоклонение“.
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.454
Поени од реакции
84.866
Само една работа да расчистиме.

Тоше у никој случај не може да биде ангел.
Ангелите се суштества со посебна еволуција од човечката. Посебен елементарен состав.
Луѓе не стануваат ангели, како што не стануваат ниту корали да речеме. Во ниедна графа од сопствената, лична еволуција, човекот не се претвора во ангел. Грубо кажано: некои кои достигнале доста високо ниво во својот развој, може да се каже дека се и на повисоко ниво (би рекле поблиску до Господ, на некој начин) од некои ангелски редови, но никогаш не стануваат ангели.

Ангелите се посебни суштества од луѓето и тоа не се менува ниту со најголемата фанатична посветеност на сите фанови на Тоше или било кој друг.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.886
Поени од реакции
12.421
Ангел или светец, пошто сакаа да го прават светец. За ангел мислам дека не стануваше збор.
Енивеј, не праам муабет, чисто да ве потсетам на моментот на етерното :)
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.454
Поени од реакции
84.866
Ангел или светец, пошто сакаа да го прават светец. За ангел мислам дека не стануваше збор.
Енивеј, не праам муабет, чисто да ве потсетам на моментот на етерното :)
Види го само најгорниот пост од оваа страница (#121). А по нетов ќе ти најдам миљон места кај што се вели дека е ангел.

Светец е нешто друго и теоретски тоа може стане секој што се инкарнирал. Дали Тоше треба да стане светец? Мислам дека е далеку од беатификација.
Сеа може има луѓе што мислат дека Хитлер треба да стане светец, али секој си има право на свое мислење.
Не верувам дека црквата ќе отпочне процес на беатификација на Тодор Проески. Не сум сигурен дека од религиозна гледна точка неговите достигнувања се толкави.

Иначе много го поштуем као хуман чоек, али светец е малку преголем збор. Ангел е апсурдно.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.886
Поени од реакции
12.421
Чекај малку зла Бети :) додека најдам, знам дека постоеше намера за светец. Инаку она ангел, можеби но...за кого како (освен од црковен аспект). Ангел е за некого сопругата, децата, бебе-ангелче, убава жена...нешто во тој правец.
Еве, малку е подолго, кому му се чита нека повели
Соседите пишуваат за идејата Тоше да биде прогласен за светец
Веста дека македонската поп-икона, Тоше Проески, кој трагично загина во несреќа во Хрватска, би можел да биде прогласен за светец, ја пренесоа повеќето хрватски и белградски медиуми. „Колку Тоше Проески и' значеше на неговата родна земја Македонија покажува веста дека тамошната православна црква - МПЦ ја разгледува можноста популарниот балкански пејач да го прогласи за светец“, пишува Index.hr. Порталот пренесува дека ваквата информација ја потврдил и владиката Петар, претсeдателот на црковната Комисија за канонизација, кој вели дека „се' уште е рано да се зборува за тоа, но дека значајна улога во донесувањето на ваквата одлука ќе има хуманитарната и верската ангажираност на Тоше“.
Dnevnik.hr ја пренесува изјавата на американско-канадскиот митрополит на Македонската православна црква, Методиј кој смета дека Тоше со својата праведност, скромност, несебичност и со многу други квалитети, и дека заслужил да се прогласи за светец. „Не е нужно некој да прави чуда за да биде прогласен за светец. Понекогаш е доволна праведност и чесен живот. Најважно во таа смисла е таквите личности, исто така, да се длабоко вкоренети кај народот. Тоа е доволно за канонизација. А токму таков е случајот со Тоше Проески“, ја пренесуваат хрватските медиуми изјавата на Методиј.
На ова се сеќавам дека така беше, еуфорија, жал, изгубен човек, нечиј идол, поп икона...
Секако лично не сум за тоа, но потсетувам на тоа себалканско еуфорично време :smir:
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.454
Поени од реакции
84.866
Епа нема тука што, јалнаш сум.

Ако оние кои одлучуваат за тоа кој ќе биде светец а кој не, велат дека има простор за беатификација, тогаш така е. Ако пак они грешат, се знае кој суди последен. Ако црквата реши дека ќе биде светец тогаш ОК - светец ќе биде.
Сигурно ја и ти не сме поповикани од црковните лица да кажуваме кој е светец а кој не.
Многу е веројатно дека јас го немам целиот увид во животот и делата на пеачот. Тие што одлучуваат за ова би требало добро да ги имаат поминато деталите за неговиот живот (да се изразам со профан речник).
Но на крајот ќе потсетам дека овие изјави не значат: готово е - Тоше е светец.
 

Тамарче

Ако одам во Битола..
Член од
11 јули 2007
Мислења
3.239
Поени од реакции
223
Класичен дефанзивен механизам, веќе воа не е хумано. Секоја будала си користи за право да каже дека ради таквите као нас Македонија нема да успее (иначе татковина се пишуе со голема буква). Пази Македонија нема да успее оти ние забеганите не сметаме дека Тоше бил најхуман човек во СВЕТОТ (what the?).
Па посебно останативе машки сте ми смешни, ја не познавав машко (освен некоја рандом геј персона) пред да умре Проевски што кажуваше вакви убави и небесни работи за него, што ми објаснуваше како тоа Тошката наш е хуман, со перфектен глас, како тоа Тоше бил перфектен, како Тоше не бил геј со Усни на Усни...... Патетики...
Ама разбирам до негде, сеа со тие Тоше Проевски фори ТЕ САКАМЕ СИТЕ ТОШЕ моеш значително да си ги подобриш сексуалните благодети...
Никој не негира дека човеков беше натприродно талентиран со гласот, имаше милна ѕвезда сите пичиња го сакаа, беше хуман итн итн итн. Али воа што го правите е смешно и патетично. На самиот Тоше ке му дое смешно ако е во можност да види до кој степен го возвишуваат...
Знајш како?
Ко ќе те читам, се газам од смеење.
Ми го прајш денот, човече :)

Оти бе прво не ги прочиташ постовите, оти прво не ја сфатиш суштината на постот, па после да решиш да реплицираш?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom