Жени кои не сакаат да станат мајки

  • Креатор на темата Креатор на темата Mateas
  • Време на започнување Време на започнување
Размислував на темава повеќе време, гледав наоколу и дојдов до заклучок дека секоја жена едноставно не е создадена за мајка да биде, без разлика дали ги има сите услови за тоа во даден момент. Погледнете малце наоколу и ќе сфатите колку од вашите пријатели имаат вистински родители, особено мајки. Себична жена подобро е да сфати на време дека не треба дете да има, затоа што тоа дете ќе пати заради нејзиниот егоизам. Некои карактерни особини не се менуваат па некој ако сака и 5 деца нека има.

Ако себичните жена навреме сфатат дека не треба да имаат деца, населението на планетава ќе се намали за 80%.:toe:
 
Ако себичните жена навреме сфатат дека не треба да имаат деца, населението на планетава ќе се намали за 80%.:toe:

Подобро, останатите 20 % барем нема да бидат полни со комплекси заради себичноста на својот родител.
 
Види, јас не го оправдувам користењето писоари во јавни тоалети, ама некои луѓе всушност уживаат да мочкаат во јавност. :toe: Go figure huh?

Која си бре ти, или било кој друг, да и каже на една жена, што нејзе и се допаѓа, и кој курац па ти имаш право да и го оправдаш тоа или не. Твое дете да не зима од раце ебате беља ебате. :lud:

Tочно дека сум никоја па да судам,напоменав во мојот пост дека не ги осудувам тие.Прочитај го уште еднаш и ке видеш што сум напишала.Ако несака несака ако сака ок:toe:
Само кажав дека кариерата не е доволна причина за да несакаат да имат деца.
Спомнав затоа треба да се праша таква жена што несака да има.Можеби има илјадници причини.
Сепак тие си знаат.

Но не сум никоја да судам,

За ова зборев дека сум никоја па да судам ама очичледно не си го прочитал целиот коментар:smir:
 
Tочно дека сум никоја па да судам,напоменав во мојот пост дека не ги осудувам тие.Прочитај го уште еднаш и ке видеш што сум напишала.Ако несака несака ако сака ок:toe:
Само кажав дека кариерата не е доволна причина за да несакаат да имат деца.
Спомнав затоа треба да се праша таква жена што несака да има.Можеби има илјадници причини.
Сепак тие си знаат.

Зошто не е доволна причина? Зашто ти, Lurtz и повеќето форумџии викате така? Вие сте меродавен суд? По истиот принцип меѓудругото во историјата се палеле вештерките, не знам дали си запознаена?! По нивниот суд, ако си се смувала со поише од еден дечко, ти си за на клада, да го вратиме времето на инквизицијата? Ти би горела во моментов!!!

Разбирам конзервативност, ама во свој двор, не во туѓ!!!
 
Колку повеќе животот ме “вози“ толку повеќе согледувам дека немам право за било што да судам. Се разбира дека можам, се разбира дека го правам тоа, ама стално во свеста ми седи дека притоа, без исклучок, испаѓам морон порано или подоцна. Барем пред самата себе.

Како што е арогантно до глупост да се кажува кој смее да има деца, исто е и убер кретенски од нарцисоидност да се става некој ко арбитар и да кажува дали жената што нејќе да има деца е нормална или не.

Сепак, мило ми е што има волку самоуверени дечки. Само ќе речам...прво на ваша кожа.
 
Зошто не е доволна причина? Зашто ти, Lurtz и повеќето форумџии викате така? Вие сте меродавен суд? По истиот принцип меѓудругото во историјата се палеле вештерките, не знам дали си запознаена?! По нивниот суд, ако си се смувала со поише од еден дечко, ти си за на клада, да го вратиме времето на инквизицијата? Ти би горела во моментов!!!

Разбирам конзервативност, ама во свој двор, не во туѓ!!!

Абе сега секој си има свое мислење...Ете ке спомнам пример и можеби ке забегам од темата и глупо ке биде:
Земи ја за пример Анџелина Џоли,актерка која секојдневно снима филмови а домот и е полн со деца а колку што знам планира да посвои уште а тоа не и смета во кариерата,исто така и многу други познати парови во светот на музиката или глумата имаат деца но не им смета.:toe:Значи сепак успеале да изградат кариера па можат и деца да имаат и ништо не им е уништено.
Да запознаена сум во врска со палењето на вештерките и тоа било пред којзнаееееее колку години.Исто така знам дека во некои земји се уште постои инквизиција дека доколку го превариш сопругот/сопругата пак ке те палат на плоштад.Јбг,такви им се законите ним.
Не сакам да се повторувам што кажав претходно,не им судам ниту сум пак никоја да им судам што да прават што не,само си кажав дека ми е малку тоа чудно што несакаат да имаат деца.Причини може да има безброј.Кај некој може е кариерата,кај некои можда е тоа што не се спремни да бидат мајки или пак стравот да не погрешат во одгледувањето.:toe:
 
Разбирам конзервативност, ама во свој двор, не во туѓ!!!
Штета што можеби нема повеќе од таа конзервативност, со "напредоков" (ја би го нарекол слепо трчање по некои квазизападни придобивки со цел издигање над другите како проста раја-и тоа е еден симптоматичен социолошки феномен во државава) сведоци сме на многу лоши случки, лоши показатели во општеството (типичен пример разводи и скурцани бракови). Порано имаше, но далеку помал број. Сега е (и според социолозите) веќе нешто загрижувачко и алармантно и во нашата држава.

Зашто ти, Lurtz и повеќето форумџии викате така? Вие сте меродавен суд?
Кога постираме човек нешто на форумот, скоро секогаш тоа е суд (кое помеко, софткор што би рекле обожавателите на предозирано користење на англиските зборови, го викаме мислење). Над 90% од мислењата се у ствари судења, наши, субјективни. Но тие се сигурно врз база на некои наши претходни размислувања, семејно воспитување, животни искуства, успони и падови, решенија за проблеми или веќе видени разрешници на некои прашања. Им судиме на овие жени, му судиме на александровиот патриотизам, на Тоше, на фановите на Цеца и друга новокомпонирана, на Дијаманте што ја обожава Каролина, на каролина, на слаткарот, на Интер, "провинцијалците", скопјанчиштата, бугарите, албанците, македонците...секој суди секому. Затоа можеби не треба да им се суди на другите дека судат, пошто сите судиме или сме суделе. Во спротивно, ретки теми каде никој никому не суди е делот од форумот "дали јадете благо или солено" (па дури и таму има субјективни мислења и судови за туѓи вкусови) и "вашиот хит на денот".

Уосталом, самата тема почна со судење некому (конкретно судење кон постирачот на темата) од страна на овие госпоѓици (кои се против да станат некогаш мајки) дека е дрска и безобразна што воопшто прашала.
 
Штета што можеби нема повеќе од таа конзервативност, со "напредоков" (ја би го нарекол слепо трчање по некои квазизападни придобивки со цел издигање над другите како проста раја-и тоа е еден симптоматичен социолошки феномен во државава) сведоци сме на многу лоши случки, лоши показатели во општеството (типичен пример разводи и скурцани бракови). Порано имаше, но далеку помал број. Сега е (и според социолозите) веќе нешто загрижувачко и алармантно и во нашата држава.


Порано не се разведуваа не од што се сакале премногу и не можеле еден без друг, туку од срам и од страв од осудата на "драгите", роднини, комшии и пријатели, а богами и од родителите.

Пример:
Икс девојка која е во брак, после тешко шамарење од мажиштето, сака да се разведе и да си оди кај родитеите. Одговорот на таткото е: ти си го одбра и ќе трпиш, за дома не размислувај, немој ни да си помислила да ме срамиш.

Тоа што за социолозите е загрижувачко и алармантно, е голата и болна вистина, која била заташкувана од страна на конзервативноста. Подобро среќно разведени отколку во ужасен брак.
 
Одговорот на таткото е: ти си го одбра и ќе трпиш, за дома не размислувај, немој ни да си помислила да ме срамиш.
Можеби, но еве во реченицата таткото-глава на семејството и авторитет (зошто по автоматизам не кажеме: одговорот на мајката).
Конзервативното размислување не секогаш е лошо (но тоа се чувствува после одреден број години на личноста и "општествена" зрелост), традиционалните вредности ги нарекуваме вредности токму заради фактот што вредат (не сите, но некои во праксата се покалаже дека навистина вредат). И не е само разводи, овде е многу повеќе -сите можни зла (од зависности до од тие копирани општества кај нас удрија за многу краток временски период (за 5-10 години) десетоструко токму заради наглиот распад (а заради самиот распад на економскиот систем...) на тој традиционален систем на вреднување и...да не се повторувам :wink:
после тешко шамарење од мажиштето, сака да се разведе и да си оди кај родитеите.
И сега постои (кој се изживува, не му е битно дали е 19 или 21 век) ова плус разводите се зголемени.


На страна тие разводи и кој-што-сака-прави семејства, можи се глупости ова што го набадам за жените мајки, но јас така го гледам и така размислувам. На крају крајева ме заболе за тие што си ја чуваат родницата за идниот свет.
 
Штета што можеби нема повеќе од таа конзервативност, со "напредоков" (ја би го нарекол слепо трчање по некои квазизападни придобивки со цел издигање над другите како проста раја-и тоа е еден симптоматичен социолошки феномен во државава) сведоци сме на многу лоши случки, лоши показатели во општеството (типичен пример разводи и скурцани бракови). Порано имаше, но далеку помал број. Сега е (и според социолозите) веќе нешто загрижувачко и алармантно и во нашата држава.

Кога постираме човек нешто на форумот, скоро секогаш тоа е суд (кое помеко, софткор што би рекле обожавателите на предозирано користење на англиските зборови, го викаме мислење). Над 90% од мислењата се у ствари судења, наши, субјективни. Но тие се сигурно врз база на некои наши претходни размислувања, семејно воспитување, животни искуства, успони и падови, решенија за проблеми или веќе видени разрешници на некои прашања. Им судиме на овие жени, му судиме на александровиот патриотизам, на Тоше, на фановите на Цеца и друга новокомпонирана, на Дијаманте што ја обожава Каролина, на каролина, на слаткарот, на Интер, "провинцијалците", скопјанчиштата, бугарите, албанците, македонците...секој суди секому. Затоа можеби не треба да им се суди на другите дека судат, пошто сите судиме или сме суделе. Во спротивно, ретки теми каде никој никому не суди е делот од форумот "дали јадете благо или солено" (па дури и таму има субјективни мислења и судови за туѓи вкусови) и "вашиот хит на денот".

Уосталом, самата тема почна со судење некому (конкретно судење кон постирачот на темата) од страна на овие госпоѓици (кои се против да станат некогаш мајки) дека е дрска и безобразна што воопшто прашала.

Конзервативноста е добра само во граници кога е задржана на лични принципи и норми. Но кога конзервативноста ќе добие либерална слобода за себе и ќе ја покаже на другите тогаш е гнасна малограѓанштина.
Таа е добра само кога преку неа човек сака да задржи дел од старите правила за кои смета дека човекот го прават подобар. Но како е тоа добро кога некому нешто му се забранува а тоа нема никаков удел во нашиот живот?
Затоа либералноста е толерантната, а конзервативноста е строга. Но и едното и другото ако претераат - не чинат.

Викаш дека се` што постираме на форумот е суд. Можам да се сложам со тоа и тоа е најголемата убавина на форумот, што можам на една тема да те осудам дека судиш а на друга сам да се бранам од туѓиот суд. Секоја тема е посебна и секоја со својот сјај. Универзална вистина која важи за сите теми не постои. Човекот е мозаик на сфаќања, ставови и чувства кои ги изнесува, како во реалноста така и на форумот. Затоа сме убави секој посебно, различен склоп на светкави желе бонбони сме. :)
Magus напиша:
после тешко шамарење од мажиштето, сака да се разведе и да си оди кај родитеите.
Lurtz напиша:
И сега постои (кој се изживува, не му е битно дали е 19 или 21 век) ова плус разводите се зголемени.
Доминацијата во едно семејство знаеш дека не зависи од полот, зависи од карактерот и лага е дека во секое семејство главата е мажот. Голема лага. Но, физичката надмоќ речиси редовно е евидентна, па ако жената добива ќптек, сметаш дека треба да го трпи и дека го заслужила? Па и да го заслужила, да ја тепаш сопругата само затоа што ти се може е како таа да има секс со сите комшии само затоа што има вагина.

Добро е што има разводи, за луѓето да можат да бидат барем миг среќни во животот и да сфатат дека институцијата брак не се склучува само затоа што таков е обичајот.
 
Читам, читам и се думам. :raz:

Што мислите за Мајка Тереза? :):):)
 
Требало да има деца, да ја продолжат нејзината мисија.

Исто како што деца на сериски убиец треба да ја продолжат мисијата на родителот??

Пак не ми е јасно. :raz:
 
Голема лага. Но, физичката надмоќ речиси редовно е евидентна, па ако жената добива ќптек, сметаш дека треба да го трпи и дека го заслужила?
Е ај сега де, стигнавме до тепање сопруги. Од несакање дете...можеби жениве превентивно не сакаат брак или дете баш ради тоа? :wink:
Погрешно имаш разбрано. И порано и сега имало семејно насилство, но сега покрај тоа малтретирање (покрај физичкото, постои нели и психичко) постојат и многу разводи, енормен број, што не е резултат на тепањето туку ваљда на други појави...а резултат на социолошки и економски појави и услови.

Макар што преголем акцент се става на тепањето на жената (сега современо можда тепање и на мажот :) ), а ниедна друга причина за разводите (иако и порано, барем во мојата фамилија, немам видено некој од дедовците да си ги тепаат бабите, не знам од каде никнаа тие примери) што го води муабетот во други теми. Самиот пример беше краен.

Значи според ова судење на секој против секого, сепак е дозволено и на овие женички кои и суделе на Матеас за дрскоста што воопшто ги прашала, да им се суди?

Но едно е суд, а друго предрасуда...трето и можеби полошо од овие две е борба против предрасудите со други предрасуди :)

Што се однесува до таткото, треба да е авторитет...традиционално, а еден е глава (ова е условно кажано, не мислам на цар или кнез) па секој според тоа како се снашол во својата улога во семејството.

Впрочем, што е во случајов (во темата) либерално, а што конзервативно и традиционално? И дали либералното е добро, а она другото лошо или некоја смеса, некој компромис, некоја средна вредност (макар да нема формула за вакви ствари, само така го нареков)...?

Што мислите за Мајка Тереза?
Ако се овие лица како Мајка Тереза во мисија и посветени на Бог...тогаш пеки, не сум знаел...да ги оставиме да му служат на доброто на човештвото :)
 
Требало да има деца, да ја продолжат нејзината мисија.
Мислиш дека воопшто би се знаело за нејзе и дека би била во состојба да ја реализира мисијата ако решела да биде себична и да се посвети само на своите деца?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom