Формула 1 сезона 2010

  • Креатор на темата Креатор на темата M1K1 007
  • Време на започнување Време на започнување
п.п.с. мекларенисти дали вашата сребрена стрела го користи новиот дифузер????????????

:salut:
Сите измени што ги имаа најавено од Мекларен ги користат... ама највероватно не функционираат онака како што имаат замислено, иако и Батон и Хамилтон викаат дека се е ок со болидот.

Мојата прогноза за оваа трка е Вебер... повторно. Фетел и Алонсо ќе се слупаат во првиот свиок, а Маса ќе биде поминат од 4-5 болиди уште на почеток. Ако не замеша времето прсти, тогаш се е возможно.

Него, ферари иако доста добро изгледаат во квалификации, на трка никаде ги нема. Дали малери ги маваат или имаат проблеми со болидот е прашањето. Како и да е, Кими си замина, ама со него не си замина проблемот. Не ќе да беше до него маката :)...
 
OK, Alonso is faster than you. Do you understand that message?

Ич к*р не ме боли кој Ферари е во позиција да победи, ама ова воопшто не беше тимска наредба. Или? А? Море беше бе? :nesvest: :nesvest: :tapp:
Ферари си е Ферари.
 
Тапа трка... со тапа крај. Дали мораше да му ја одземат победата на Маса? Не беше до толку побрз Алонсо од Маса за да го помини. Уствари за да поминиш возач треба да си побрз 0.7 до 1 секнуда по круг. А Алонсо не беше ни четвртина од тоа. Некои 0.1 секунди по круг беше побрз, шо значи Маса комотно можеше да си го матка назад.

Како и да е, Ветел само покажа дека е уште детиште.... За од него да биде шампион треба да лапа муви :) уште многу.

п.с. Ако не го напраеја резилот, Маса ќе победеше, а Ветел ќе го поминеше Алонсо, имаше брзина детето.
 
Фетел ќе го поминеше на Алонсо?:tv:

Не јадете трици за тимски наредби,го има тоа кај сите.

Јас како фан на Маса,посакував да победи,но тоа е,Алонсо има многу поголеми шанси за титулата од него,а и побрз беше од него за некои 0.2 секунди во круг.

Ферари се вратија,доминанти цела трка,само Фетел можеше да ги следи.Нека продолжат во овој ритам.:vozbud:

--- надополнето ---

Со болидот што го имате + возачкиот (не) кадар... Ќе се изначекате на 1-2 победа.
Се изначекавме.:tv:
 
Фетел ќе го поминеше на Алонсо?:tv:

Не јадете трици за тимски наредби,го има тоа кај сите.
Единствено во Ферари се само толку очигледни и провидни.... можеби и Мекларен го форсираат Хамилтон, ама не е дотолку апла. Застани за да те помини, ионака е побрз. Ко едниов вода да пие, а другиов нафта, па незнај шо да прај.

Шо не излезе да го помини како што се поминуваа Ветел и Вебер и Хамилтон и Батон на фамозната трка во Турција? Или сигурно си е сигурно, јави се плачи па ќе те пуштат.

Нека го пуштаат, само нека не се бунат дека F1 умира и се послабо се гледа.
 
Не е до толку очигледно да,Батон ќе почне да стига на Хамилтон и овие/намали,штеди гориво....:tv: ма нее,не е очигледно тоа.
 
Уште кога одлучија да го задржат маса во тимот се знаеше дека ќе биде 2 возач. Инаку ќе останеше кими кој е конкурентен и добар возач а не лузерот маса.
 
Многу лошо, очигледна беше тимската наредба, а со тоа и кочењето на Маса, со што очигледно се виде и се слушна на повторена снимка...Како и да е, ве гледам дека велите кај сите има тимски наредби, а јас ке би кажам да се потсетите на Турција, и ке видите дека кај Ред Бул, а уште помалку кај Мекларен, нема тимски наредби, кога се борат за прво место.... Имате живи докази за тоа на www.f1.com а ова срање со Ферари не ме чуди. Од секогаш така освојувале титули, но штета што оваа година ке останат со празни раце...

Мекларените, очигледно беше дека одеа на тоа времето да им биде сојузник, но не им успеа. Задолволен сум од тоа како заврши Луис, бидејки само ја зголеми предноста пред Батон, и пред Вебер, иако Ветел се изедначи со Вебер во генерален пласман...

Се секавам дека и кутриот Рубенс му попушташе на Михаел, па сега истото се прави и со Фернандо, односно Маса...Но, се додека е Берни онаму каде што е, и каде што е Тод на она место, нема да има казни...Но едвај чекам коа старецот ке се повлече(умре), а коа целиот циркус ке го купи Рон Денис, а тоа е најкасно за 3-4 години, бидејки очигледно беше повлекувањто на Денис, се со цел да го нема некоја година, и после да го купи најголемиот циркус...

Кутриот Маса цел живот е потрчко, и полека но сигурно наликува на Рубенс, во „стилот“ кој му го наметнува Ферари... Алонсо со себе, носи многу пари од спонзори во Ферари па се знае кој е прв избор, само не е убаво за гледачите, како нас, да не направат будали...Буквално ова беа зборовите на коментаторите...Но тоа е тоа....Со секо ваков потег се повеке губи на кредилитет Ферари но тоа е нивна одклука....

Знам дека сигурно има и во другите тимови, но само погледнете ја пак Турција, повторувам, и ке ви биди јасно...

Поздрав и ова е срам за Ф1, слично како до пред 5-6 години правеше Михаел во Ферари....Срам за целиот спорт, а за нас, кој не направија буквално речено, идиоти

Хахахах, случајно забавил, Маса од кривината...:baeh:
 
Не е до толку очигледно да,Батон ќе почне да стига на Хамилтон и овие/намали,штеди гориво....:tv: ма нее,не е очигледно тоа.

Шо се прајш улаф намерно?
Батон почна да го стига Хамилтон, точно, и во тој момент на Хамилтон му рекоа да штеди, а не на Батон. :tapp: Уживајте си во победата, не се правете дополнително паметни, и не ги правете другите слепи. Убаво покажаа во МекЛарен рамноправност, исто и во Ред Бул. Во Бразил срцето ми застана кога почнаа Батон и Хамилтон да се претекнуваат ... Во случајот на Ферари беше слично... со тоа што Маса не мрдна. :uvo: Mене не ми значи ништо, секако 1-2 победа беше, туку руши забава и привлечност.

--- надополнето ---

EDIT!: Ете ви го вашиот Ферари награден со казна од 100.000 долари за користење тимски наредби. :tv:

http://www.skysports.com/story/0,19528,12474_6278767,00.html
 
Шо се прајш улаф намерно?
Батон почна да го стига Хамилтон, точно, и во тој момент на Хамилтон му рекоа да штеди, а не на Батон. :tapp: Уживајте си во победата, не се правете дополнително паметни, и не ги правете другите слепи. Убаво покажаа во МекЛарен рамноправност, исто и во Ред Бул. Во Бразил срцето ми застана кога почнаа Батон и Хамилтон да се претекнуваат ... Во случајот на Ферари беше слично... со тоа што Маса не мрдна. :uvo: Mене не ми значи ништо, секако 1-2 победа беше, туку руши забава и привлечност.
Не зборував за оваа трка,тука за претходните,на Европа мислам беше...Батон беше побрз за некои 0.3 секунди по круг,почна да го стига и веднаш му викат/штеди гориво,за да не му се залепи на Хамилтон...
И не беше случката во Турција,од каде Бразил?Па и тогаш после претекнувањето пак му кажаа на Батон да не претиска....

И да,не ја оправдувам оваа наредба,како што реков јас сум фан на Маса и се изнервирав што постапија така Ферари,но Алонсо има поголеми шанси за титула,а на Ферари тоа им е поважно..
 
Лелеее овие од мекларен кога губат одма плачат поздрав Алонсо се приближува :tv: . Овака треба да изгледа еден тркачки тим кога едниот возач премногу заостанува со бодови треба да го пропушти тој со повеќе бодови зошто никој не му е крив што не успеал да собере повеќе бодови а тие тимови каде што се борат двата возачи секогаш губат непотребно бодови. Не бев во земјава чекам реприза да гледам ама мерак ми се направи за Ферари посебно кога го прочитав постот на Џиш каде што си плаче. Само забелешка до ферари има подобри начини за тимска наредба а не јавно да кажуваат ама нема да биде Ферари ако не направи гаф.
 
Кога има реприза од трката?
 
Брзите патеки не се погодни за Мекларен, тоа да ви е јасно. Се знаеше дека нема да победат...

И да, плачи Џиш кога гледа како се уништува овај спорт. И наместо на патека стандардно за новата Ф1, победникот се решава преку радио станица. Маса наеднаш промени 3 брзини нагоре на излезот од свиокот, моторот наместо на 18.000 вртежи падна на 13.000 па Алонсо просто прелета покрај него.... како тркач ќе ми објасниш како се дешава тоа?

Нејќам тоа да го гледам бре, ги сакам трките со дуели, да се престигнуваат треба... ми се чини дека времето на Сена и турбо ерата е незаменлива во Ф1. И никогаш нема да се врати возбудата и гледаноста од тој период.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom