Формула 1 сезона 2010

  • Креатор на темата Креатор на темата M1K1 007
  • Време на започнување Време на започнување
Е и Алонсо така ја освојуваше титулата... се сеќаваш во 2006? Па никому ништо. Некогаш и стратегијата се исплати. Него, во споредба со Хејки Ковалаинен и неговите бледи вожњи изминатите 2 сезони... Батон е каде каде подобар за клубски колега на Хамилтон во Мекларен, тоа и се гледа во генерален пласман. А како возач, воопшто не е лош. Можеби не е којзнае каков шампион (му се погодија коцките лани па дотурка до каде што дотурка), ама и не е некој возач за потценување.

Фан сум на Ферари отсекогаш, но и Алонсо не ми е нешто омилена фаца. Премногу е валкан возач, но сепак е каде каде поагресивен од Батон. Точно дека имаше доминантен болид кога освои титула, но за мене е многу подобар возач од Батон.

Во моментов за мене топ 3 возачи се Хамилтон, Фетел и Алонсо. Сепак Фетел мора уште да учи, бидејќи прави евтини грешки кои го чинат многу поени.

На крајот на краиштата прашање на вкус кога дискутираме за возачите, за многумина Шуми е најдобар на сите времиња, но истовремено за исто толку луѓе е најомразен возач и успесите се препишуваат на тимот и тактиките.
 
- Хунгароринг (Будимпешта, Маџарска) не е наредно ГП. Сега следува Хокенхајм во Гер. за 2, а после неа е Хунгаро за 3 недели. Ако ги имаш помешано имињата, тогаш океј - прогнозата ти држи, бидејќи Хокенхајм е доста отворена патека, брза, има места за претекнување, а на тоа ако се додаде и можност за дожд, па тоа повлекува и можен SC .. Хаос тотален во кој, на крај, и Сутил би можел да победи. Така да картите се доста отворени, за Хокенхајм (ГЕР).

А ако пак си мислел точно на Хунгаро т.е. си го смешал распоредот, Џенсон не ти е баш фаворит за таа трка .. Јас не би го ставил ниту на подиум. Ако се сеќаваш лани, кога дрмеа Брон, а Џенсон го имаше неоспориво најбрзиот болид, тој не се снајде добро. Беше 8ми на грид, а заврши како 7ми, благодарение на инцидентот на Алонсо, кој откако остана без предна десна гума, мораше напоље. Ааа од друга страна пак, (сите) добро знаеме дека Хунгаро е патека на МекЛарен, поточно на Хамилтон. Во досегашните 3 тамошни настапи, тој има 2 ПП и 2 победи (ако се сеќаваш, лани таму тој прв победи во 2009 и тоа со таа крш конзервата што ја возеше). Така даа таму Луис 99% ќе победи и сега, РБ не би требало да доминираат .. А исто и Џенсон.

Знам дека не е наредно, сега за две недели е ГП на Германија, на Хокенјам,а недела после тоа е Хунганоринг, Унгарија....На трката во Хунганоринг мислам дека покрај тоа што нема да доминираат Ред Булите и дека некој Мекларен ке победи, сигурен сум во тоа...Но, реков јас сум за Луис и би сакал да победи, но тој Батон ми е проблематичен мене... Знајш, го нема го нема, се вози цело време 3ти 4т и оп наеднаш победува.....На Хокенјам може да победи секој јас мислам, ама мала предност има Ред Бул на квалификации, ама мислам дека Мекларените ке доминираат во трка.....Има и доста спори делови, таму каде Мекларените ке бидат брзи, како и на правците, а во брзите свиоци во сектор 2 му давам предност на Ред Булите....Па тука ке се прај разликата
 
Калакурница беа првите 2 о.т. денеска. Првиот го одбележаа многубројните извртувања и излети од патеката, по што најдобро се снајде А.Сутил, а најдебелиот крај го извлече Л.Хамилтон кој откако со поголема брзина излета од влажната патека и удри во заштитните гуми, го искрши болидот. Мислев дека нема да му го оспособат болидот за вториот тренинг, но тој се појави на потсушениот асфалт и имаше подобро време. РБте беа тенки во првиот, но се подобрија на вториот тре. Добро се покажаа Ферари, посебно Маса кој имаше 2. и 3. време нај време, а Алонсо беше најбрз на вториот тре.

За утре најавуваат повторно дожд во Гер. - така да се е могуче ..

http://www.formula1.com/results/season/2010/834/6761/
http://www.formula1.com/results/season/2010/834/6762/
 
Ако има дожд ќе биде многу поинтересно
 
Јакиот момент беше што вчера слушав радио на работа... и викаат Луис Хамилтон доживеа несреќа на првиот тренинг откако со голема брзина удри во заштитната ограда. И толку, јас си помислив црнчето ги фрли патиките, нема да го гледаме 2-3 трки. То ти било само обично излетување, ама така театрално го кажаа на радио.... ко којзнае што да беше.

Како и да е, очекувам Мекларен РедБул битка, стандардно. Ако врни, Хамилтон и Фетел ќе се јадат :) Единствена мака е тоа што на оваа патека се достигнуваат големи брзини, а Мекларенот некако повеќе е по аеродинамиката... брзината е на страната на Ред бул. Ќе биде интересно.
 
Ајде бе Ферари!!Веке формула не ми се гледа не ми е интересно барем некоја радост да имаме од Алонсо и Маса.Да се надеваме дека овој викенд ке бидат подобри.Мислам дека е време Ферари да "изненади" со 1-2победа.
 
Ајде бе Ферари!!Веке формула не ми се гледа не ми е интересно барем некоја радост да имаме од Алонсо и Маса.Да се надеваме дека овој викенд ке бидат подобри.Мислам дека е време Ферари да "изненади" со 1-2победа.
Со болидот што го имате + возачкиот (не) кадар... Ќе се изначекате на 1-2 победа.

Нешто слично се дешаваше со Луис - Хејки во Мекларен изминатите сезони. Едниот е констатно добар, другиот никаде го нема.
 
Дај поставете некој линк за да ги гледам квали. и трката утре. На одмор сум и не сакам да ја пратам трката на тај лајвтајмингот .. Дајте некое стримче, плис.

ПС - Ферари се диви у пм ..
 
Ферари 2 и 3 место...само 2-илјадити дел од секундата заостана Алонсо :(
 
Сигурен сум дека утре едно Ферари ке биде или прво или второ може и 1-2 ако направат 1-2 носам нивно лого 1месец аватар.
 
Уште од вчера, евидентно беше дека Ферари се имаат стокмено за ова ГП. Желни се за добар резултат и ставање точка на малерите од последните 2-3 трки. Сепак, во последниот круг од ква. Фетел му ја зеде од пред нос ППта на Фернандо, но тоа не мора многу да значи ако утре двајцата од Маранело ја покажат истата брзина од денеска и вчера .. Марк заврши на П4, а веднаш зад него од третиот ред ќе тргнат 2та МекЛарена - Лудница реаспоред на првите 3 стартни реда. Биче ЖУСТРО !!!
 
уаааааааааааууууу Феррарииииииииии само 2 десетинки шо би рекол коментаторот на Алфа :pos2:

и очекувам добар резултат од црвените само (да не бидам баба ванѓа) ама да не излетаат двата ако дојди до контакт или да заборават да стартуваат на време оти има таков случај или не дај боже ако заврни


СТРАШЕН резултат :pos:

п.с. честички до Фетел

п.п.с. мекларенисти дали вашата сребрена стрела го користи новиот дифузер????????????

:salut:
 
Интересен завршен круг, бев убеден дека Алонсо ќе биде прв со оглед на тоа дека постојано беше демес супериорен, но ете на крај Фетел за малце ја собра пол - позицијата.

Очекувам конечно добар пласман на Алонсо, по мизерните 2 последни трки каде можеше да собере 30на бодови,а остана без ништо.

Се чини Мекларен не се носат баш најдобро со оваа стаза, но ќе видиме, никој не смее да биде исклучен од шанси за победа.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom