Операција Бизнис

  • Креатор на темата Креатор на темата Slash-
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
21 септември 2008
Мислења
4.021
Поени од реакции
2.513
Операција Бизнис

“ОПЕРАЦИЈА БИЗНИС” е едукативно-забавна емисија која ќе се реализира во форма на 12 телевизиски епизоди, со времетраење од приближно 45 минути, во кои ќе се обработуваат задачи од областа на претприемништвото од страна на 15 натпреварувачи. Главната идеја е да се оцени нивниот претприемнички дух преку натпревар во извршување на серија ригорозни бизнис задачи, кои вклучуваат проминентни компании и бараат од кандидатите интелигентни претприемнички решенија, со цел еден од нив да покаже дека тој е најдобриот кандидат за освојување на паричната награда од 1.000.000 денари, која понатаму ќе му помогне да отвори свој сопствен бизнис. Секоја епизода натпреварувачите ќе извршуваат симулации на реални бизнис ситуации поделени во тимови, при што ќе се тестираат нивните претприемнички и менаџерски знаења, способности, вештини и креативност.
Право на учество имаат сите граѓани на РМ на возраст од над 18 години – студенти, дипломирани студенти, последипломци, вработени, активни бизнисмени, невработени.
Како и каде можете да го пријавите вашето учество:
Секој заинтересиран кандидат треба да испрати:
1. Мотивациско писмо
2. Лична биографија
3. Скенирана фотографија
4. Краток опис на своја бизнис идеја (не повеќе од една страница)
На e-mail адреса: operacija_biznis@, со назнака „Операција Бизнис“
Пријавувањето може да се изврши најдоцна до 31.01.2010 година

Веб Страна !!

Баш ме занима што ке биде ова... а
 
нешто слично како доналд трамп шоуто, The apprentice мислам дека се викаше.
 
нешто слично како доналд трамп шоуто, The apprentice мислам дека се викаше.

да така се викаше и не беше лошо но не беше и нешто посебно ..
баш ме интересира шо можат нашиве да направат у тој стил ...

ова Македонска продукција е се?
 
да така се викаше и не беше лошо но не беше и нешто посебно ..
баш ме интересира шо можат нашиве да направат у тој стил ...

ова Македонска продукција е се?
aко се пренесува на А1 таму каде што во оригиналната верзија е доналд трамп они го ставаат Велија Рамковски :)
сто посто ќе фрчат пораки, гласај за ристе,петре цацко итн. ако сакаш да освои 100 000 евра, и фали уште Вики Ралева :)
 
Ми се свиѓа идејата. Ќе видеме што ќе испадне од ова.
 
Уште да не се емитува на А1, све че бити добро. Ако да, све ми личи како што кажава погоре дека ова ќе биде Велијодром за паркирање на перспективни земјоделци со еден трактор и многу желби за кои инвестиција значи да вложи пари у кредити за да го гласаат на Операција Бизнис. Иначе вака overall добра им е идејата...
 
Баш ми се свиѓа идејата за емисијава. ќе биде освежување на нашиве екрани.
Само да не постават некои безвезе водители или несоодветен начин на гласање за победникот (преку телефон на пример):toe:
 
што се деси со ШоуВо ?
 
Па еве на веб-сајтов како што читам се прават веќе некои селекции, ама на телевизија кога ќе го даваат никој не знае. :)

Најверојатно никогаш.

По Скопјево година и кусур се возат автобусите на кој има реклама од Наша тв, за некоја емисија од ваков тип која воопшто и не ни се емитуваше. Претприемништво и локални газди што си мислат дека се Доналд Трамп, дури главната награда ќе била 30000 евра.http://www.nasatv.com.mk/pages/gazda1.htm

Мал пазар сме ние за вакви работи да организираме, а и интересот ќе биде никаков. Попаметно е да ги преведуваат Америчките емисии и тие да се гледаат, барем од тие може нешто да се научи.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom