[не]сакам да го/ја видам бившиот/та

аллександар

Вечно ненаспан
Член од
5 мај 2006
Мислења
7.381
Поени од реакции
2.523
Сакале или неќеле некои живеат во близина со бившите дечковци или девојки некои се далеку трети пак се гледаат секој ден бидејки учат или учеле во исто школо, факултет, работат заедно можеби и така натака. Ме интересира ваше мислење дали сакате или несакате да си ги видите вашите бивши партнери или партнерки и зашто е тоа така?


Еве јас прв како што е редот.
Моите бивши живеат не толку далеку од мене односно во исти град ама искрено мило ми е да ги видам онака чисто еден најобичен муабет да направиме. Не дека сум ги имал во којзнае колкав број ( помалку од 5 се ) но ете не ми смета воопшто ако се видам со нив во ниедна прилика или ситуација, без разлика дали сум со друштво, колеги, сегашната девојка или останато.
 
што се однесува до другарство после врска, тоа не доаѓа во предвид. Вака случајно да ја се сретнеме, имам желба, на два три реда муабет, да видам дали се разубавела, до кај е со животот, дали си нашла боље од мене...хаха -шала.
Ама со оглед на тоа што и моите бивши не се во некој голем број, а и начинот на кој сме раскинале не бил таков да после тоа неможеме да се погледнеме во очи и здраво да си кажеме, можам да кажам дека сум одржал некое одредено ниво на ок комуникација со бившите ми мои
 
Кој би сакал да ја види/разбере дека онаа која ја љубел сега му ја ебе друг?
 
Кој би сакал да ја види/разбере дека онаа која ја љубел сега му ја ебе друг?
И дур ја љубел, можно е да ја ебел друг... или двајцата наизменично. Така да шојма то врска?


Се зависи од тоа како завршила врската... Ако мора да се гледаш, јебига, бар остај си тро лице едно здраво да си велите “за она добра стара времена“.
 
Е добро де, па не е тоа којзнае колку страшно. Не сум ни размислувала на оваа тема, затоа што нема ни зошто. Имам почит спрема сите, така да не ми пречи кога ќе ги сретнам или видам. Е сега да, зависи како завршила врската, но до сега нормални ми биле врските така да, немам никаков проблем, можеби некогаш ми е малце непријатно, ама на почетокот, по некое време кога ќе се оладат и чувствата и кога ќе преболам, немам веќе никакви проблеми, ниту се устручавам, напротив си се однесувам најнормално.
 
нејќам да ја видам зошто ми е непријатно ем зошто ке рече нешто што нетреба па ке треба да се расправаш :toe:
 
ако не сме се испукале до даска на раскинување , немам ништо против тоа да се видиме да помуабетиме чисто ОНАКА
 
Море сеа кога ќе ми текне каков памет сум имал у 5то одд ми иде прст у гз и самоубиство.
Ни здраво ни маво ништо не заслужила.МРШ, со каква сум имал работа.:nerv:
 
ако сум ја сакал тешко дека би сакал да ја видам

шо? ај по објасни за ова ако можеш те молам... мислам дека нема врска ова освен ако ептен си ја повредил или ако ептен те повредила... друга причина баш и не гледам...
 
Ок дечки, не бегајте од темата. Не е за тоа дали се напредни генерациите и за тоа кој имал дечко/девојка во 5 одделение. Вратете се назад.
 
па сакал, не сакал мора да ги сретнам во исто училиште учиме со повеќето :toe: секој ден по ходници ваму таму. имав и една од Битола се немаме видено ехееее долго време. малку ми е глупаво да и сретнувам ама нема кај да бегам само “здраво’’ и готово :uvo:
 
Помал град, движење во исти кругови за социјализирање, etc..
Ги гледам на дневна база.

Не ми пречи воопшто, од никаков аспект.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom