[не]сакам да го/ја видам бившиот/та

Не ми пречи воопшто. Што било поминало, животот продолжува.
 
Seedno mi e dali ke go vidam ili ne. Ne gledam da go sretnam po sekoja cena ali ako go sretnam ne begam od nego, moze 2-3 zbora da razmenime.
 
И да сакам не можам ни се разделуат патиштата дефинитивно :toe:
 
Со тој што одев најдолго, се немам видено со месеци... Да, го сретнав на изложба, се поздравивме културно, се запозна со мојот сегашен дечко... Да, чукната беше ситуацијата, но тоа е што е, нема да се избегнуваме. Си има тој девојка, јас си имам дечко и готово. Ништо страшно ако го сретнам повторно.
 
за личност према која сте имале некое поголемо чуство,можда е и подобро да не се виде...погледот не враќа во некој убави времиња поминати со таа личност,сакале или не...не може да е сеедно кога некого ќе видите што сте го сакале,сепак се појавуваат некакви чуства..најубаво е да се избегнуват такви средби...
 
И да го видам и да не го видам исто ми се фака.Сум го сакала,сега не!и онака ме повреди многу,и самиот не е свесен колку.Сепак ако дојде до тоа јас ке бидам со глава високо подигната а тој со спуштена затоа што доцна сфати што сторил.И знае дека е крив.Барем имам достоинство и сум искрена (штета што тоа денес не се цени)
 
Треперам. Се бунам, ама се вадам и наметнувам нешто глупаво колку да им покажам дека тие се позбунети. Ако не се, ќе ги напраам збунети, ако не ги напраам, остануем само ја збунет во овој збунет свет на емоции.

Шо значи, сакам да ги видам, ама они да не ме видат мене, да можам да им буричнам у глава, да ги скокотнам да видам како се смеат, да ги гушнам и да се осетам на свое, да им врзам шамар за тоа шо ме нервирале и шо никад не сум им врзал.
Пошто ова е не-мо-гу-че, одбирам - ма шо иам да ги глеам, боље да ја видам идната на улица и да ја познаам, него бившата... :)
 
Толку многу ништо не ми значат бившите, како што и именката вели, што ми е ама баш сеедно дали ќе ги видам или не... Да биле посалам ќе бев уште со некој од нив...
 
Сега за сега немам зашто да бегам или да не сакам да се видам со нив.
Краевите најчесто биле мирни и не сме се отерале кај што не треба па да не можеме во очи да се погледнеме.
Сепак еден муабет нема да ни штети.
 
Не сакам да ги гледам, но нема да ги одбегнувам ако ситуацијата е таква да морам да комуницирам со нив.

Сметам дека сепак ми помогнале со тоа што биле со мене, за да станам ова што сум. И можам барем еден културен муабет да сврзам со нив. Јасно, ако до тоа дојде, што јас и не го барам.
 
Бившите секако ги гледам многу ретко, еднаш годишно преку сила... И кога ги гледам и кога не ги гледам - исто ми се фаќа.. Драго ми е што гледам дека се добро, дека се среќни, дека имаат убави девојки во кои изгледаат заљубени. И толку. Немам никаква поголема емоција која останала за нив.
Од друга страна, НЕГО го немам видено откако раскинавме. Ама со оглед на тоа што после скајп муабет не можам да се соземам со денови, не сум сигурна дека е паметно да се видиме. Не е дека не сакам, имам потреба да го гушнам и да му зборувам и да го распрашам за се што му се случило во животот... Ама, сепак... Приоритет ми е да си се приберам себеси и да продолжам понатаму.
 
Сакав да напишам дека нема никаква потреба да ги гледам,ама не ми текна на ова:icon_lol:
Шо значи, сакам да ги видам, ама они да не ме видат мене...

Ова ми личи на најприфатлива варијанта.Не дека ме ужаснува самата помисла на средба очи во очи или пак имам некоја потреба да ги манијачам,али кога би морала да ги видам еве нека биде вака.:)

Иако,зависи и од расположение,понекогаш ми е апсолутно сеедно,а некогаш и на некој извитоперен начин средбата со бивши може да ми причини задоволство.Ова се сепак моменти.Најголем дел од времето сметам дека не се ништо страшно,но не ги доживувам ни нешто особено благопријатни.

Постои и исклучок.Него не би сакала да го видам под никакви услови,дури сум жива и при здрав разум и непоматена свест.Моментално живее во друга држава,па шансите се мали и се надевам дека ќе остане така.Засекогаш.
 
Сакале или неќеле некои живеат во близина со бившите дечковци или девојки некои се далеку трети пак се гледаат секој ден бидејки учат или учеле во исто школо, факултет, работат заедно можеби и така натака. Ме интересира ваше мислење дали сакате или несакате да си ги видите вашите бивши партнери или партнерки и зашто е тоа така?
Штом некој ми бил доволно близок за со него да делам флуиди и некаде попатно во животот за тој човек сум имала силни емоции не гледам причина зошто би ми претставувало проблем тој човек да не ми биде дел од животот, под претпоставка се да завршило како што треба без дополнителни компликации.
Ги ценам затоа што ги сметам за квалитетни и исполнети личности за кои што ми е мило кога знам дека напредуваат во животот, имаат искуства кои можат да ги споделат и се претвараат секој ден во луѓето кои што сакале да бидат.

Некако премногу ми е детски да бегам, да се кријам, да се фолирам или да викам дека се грешка во мојот живот, зошто не се, креирале дел од него и од мене, и барем на еден сум му неизмерно благодарна за тоа што бил покрај мене кога сум мислела дека нема да го преживеам тоа што ми се случува.
Нормално е јас да продолжам понатаму, нормално е тоа да го направат и они и исто е нормално да седнеме на кафе за да видиме до каде сме стигнале на различни патеки. :)
 
Може да игнорирам али да не идам тамо кај шо знам дека излагала и она или ќе излага само зашо тмао ќе биде никако. Скоро сите ги иам видено со нови дечковци, уреду си е све. Нормално дека ми е глупо шо праиме само Здраво како си, ама боље и така никад не сум се глеал себеси ко некој шо ќе дели драги совети на бивши. Неам нишо против муабет или било шо друго ама трач-шема другарче е во најмала рака геј.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom