Скопје во иднина

  • Креатор на темата Креатор на темата [acko]®
  • Време на започнување Време на започнување
Додека ја прилагодиме традицијата на новото време кој ќе ги храни тие занаетчии што треба да ја одржат традицијата.....додека ја дочекаме првата навала од туристи...ако ја дочекаме некогаш...

...друго... а тоа што никој и не се сеќава како се работат старите занаети е друга приказна...биологијата е неумолива..

За занатите подединечно незнам...
Но знам на пример дека еуште има жени кои изработуват Македонски носии, ако си ги гледал и слушал Монистра тие носат некој си традиционално модернизирани Македонски кошули кои навистина прекрасно изгледат...
Познавам девојки кои се бават со филигран на пример...Знам и девојчиња кои изработуват рачно сувенири...Рачна изработка на накит и тн...

Што се однесува до сите овие занаети мислам дека нивното заживување треба да биде субвенционирано или барем трошковите да им бидат минимализирани...Во секој случај во државата имаме еден куп уметнци кои незнаат што со себе, па ете нека има улица на уметниците во чаршијата, нека има една улица и за занаечиите и тн...
На крај на краевите имаме една огромна дијаспора која со задоволство би се прошетала по чаршијата и би купиле по некој сувенир...па така не мора дури ни на туристи да чекаме...
 
Нормално дека не останало....
...на кого денес му е потребен самар за магаре или потковица за коњ и слични ми ти работи, на кој му треба саатчија кога нов саат е 100 ден, уствари ни саат не ни треба, сите имаме мобиљки ....... бакарни садови, што беше тоа бакар......времето ги прегази тие и слични занаети, за кого ќе работат тие занаетчии......
...ај можда со новиот „барок’’ во Скопје и се јави потреба од нив.
Мене ми треба одвреме навреме секира, маша за скара и ќунци. Среќа што тие занаети сеуште постојат оти без нив ни скара ни греење дома :)
А за магарето...јок, не го јавам па самар не му купувам :)

Стварно штета што ојдоа јабана тие занаети ама ете, времето гази.
 
Додека ја прилагодиме традицијата на новото време кој ќе ги храни тие занаетчии што треба да ја одржат традицијата.....додека ја дочекаме првата навала од туристи...ако ја дочекаме некогаш...

...друго... а тоа што никој и не се сеќава како се работат старите занаети е друга приказна...биологијата е неумолива..

Од ова и сето она погоре што си напишал , јас единствено добив импресија дека тебе ти се допаѓа во „статус кво“ ? Па мора од некаде да се започне нели ? -Од каде , да бидам искрен и не е многу важно.
Ако чекаме ние да ни се подобри стандардот на сите , да зимаме европски плати и да си ги ладиме некаде „у иностранство“ , па отпосле да градиме нешто во државава , толку и ќе биде изградено!
Сум за искрена квалитетна дебата, па дури и стручни мислења на странски архитекти, како Скопје 2014 така и за чаршијата, што фали а што има вишок во програмата, како да биде поуспешна и тн ... за тоа дали проектот е издржан од секој аспект, а за глупости како : ако има црква мора и џамија, или подобро 200милиони да ги инвестираат за садење кисели краставици отколку да градат споменици, ќе се затвори кејот и ќе се отвори земјата, ќе се подели Скопје па ќе биде Белфаст (би ги прашал кој од нив така добро го познава Белфаст), немојте такви глупости, звучи толку ефтино и простачки.
 
ќе се подели Скопје па ќе биде Белфаст
Скопје одамна е поделено, уште од екс-Ју. Поделено е во однос на градби, вложувања, начин на живот, запустеност, почитување на закони и одлуки...многу е поделено така да, ништо ново.
 
Од ова и сето она погоре што си напишал , јас единствено добив импресија дека тебе ти се допаѓа во „статус кво“ ? Па мора од некаде да се започне нели ? -Од каде , да бидам искрен и не е многу важно.
Ако чекаме ние да ни се подобри стандардот на сите , да зимаме европски плати и да си ги ладиме некаде „у иностранство“ , па отпосле да градиме нешто во државава , толку и ќе биде изградено!
Сум за искрена квалитетна дебата, па дури и стручни мислења на странски архитекти, како Скопје 2014 така и за чаршијата, што фали а што има вишок во програмата, како да биде поуспешна и тн ... за тоа дали проектот е издржан од секој аспект, а за глупости како : ако има црква мора и џамија, или подобро 200милиони да ги инвестираат за садење кисели краставици отколку да градат споменици, ќе се затвори кејот и ќе се отвори земјата, ќе се подели Скопје па ќе биде Белфаст (би ги прашал кој од нив така добро го познава Белфаст), немојте такви глупости, звучи толку ефтино и простачки.

Какви бе стручни мислења од архитекти за чаршијата и традицијата, тоа не е во нивни домен, онаа чаршијата беше „жив’’ организам кои ние со текот на годините го убивме, сега сакаме со некакво си брзо потезно проектче да оживееме мртов коњ, е не оди тоа така, традиција не се ствара под државен диктат и „силувње’’, лугето, нивните постапки и навики постепено со текот на годините ја ствараат.
Ова околу традицијата и културното наследство.
 
Какви бе стручни мислења од архитекти за чаршијата и традицијата, тоа не е во нивни домен, онаа чаршијата беше „жив’’ организам кои ние со текот на годините го убивме, сега сакаме со некакво си брзо потезно проектче да оживееме мртов коњ, е не оди тоа така, традиција не се ствара под државен диктат и „силувaње’’, лугето, нивните постапки и навики постепено со текот на годините ја ствараат.
Ова околу традицијата и културното наследство.

Ова да се препрочита уште милион пати, мене ако ме праша некој. Скопје и скопскиот дух не го свори ни Тито, ни Пиколомони ни Цар Душан. Се створи сам од себе, од навиките на скопјани децении, векови наназад и ниеден егеец, србин, хрват, марсовец нема што да доаѓа да го гради, грди, смрди.
 
Со мало надополнување: духот и печатот на Скопје го нијансирале сите што ги спомна погоре. Но сето тоа било дел од едно големо уметничко дело кое има богата текстура. Големината на Скопје е во неговата тежишна балканска локација која толку многу сите ја посакуваат... И, да: сите поминувале и подоставале нешто, но ние сме сочувале, дообликувале, содветно исфарбале и му вткаеле живот.
Повеќе не ни требаат, тоа е точно.
Но нашата историја и цивилизациска свест и самосвест не почнува тука и сега!
Сме биле и ќе бидеме интересни во било која понуда само со својот широк и племенит дух а тоа сакаат да го дисциплинираат. Факт е дека ние технолошки и со правење на усилени кулиси нема да станеме ниту посебни ниту интересни.
Оставете не да бидеме ние а не неми статисти во сопственото живеалиште. Ако го изгубиме духот како што велат и Виктор и Воне, тек тогаш сме аморфна маса без ништо!
 
Тогаш ако сам се створил , кој го уништил и ако некој го уништил како тоа никој друг неможе да го опорави, врати на сцена или како сакате.
Инаку тоа со странските професионални мислења беше за проектот Скопје 2014 ,неговата уметничка вредност, неговата функционалност, архитектонска вредност или оценка и тн... (простете ми за непрофесионалните изрази).
 
Какви бе стручни мислења од архитекти за чаршијата и традицијата, тоа не е во нивни домен, онаа чаршијата беше „жив’’ организам кои ние со текот на годините го убивме, сега сакаме со некакво си брзо потезно проектче да оживееме мртов коњ, е не оди тоа така, традиција не се ствара под државен диктат и „силувње’’, лугето, нивните постапки и навики постепено со текот на годините ја ствараат.
Ова околу традицијата и културното наследство.
Богами, добро кажано...
 
Си го сакам Скопје од 1997/8/9 назад :cry::cry::cry:
 
kej.png
 
Ова да се препрочита уште милион пати, мене ако ме праша некој. Скопје и скопскиот дух не го свори ни Тито, ни Пиколомони ни Цар Душан. Се створи сам од себе, од навиките на скопјани децении, векови наназад и ниеден егеец, србин, хрват, марсовец нема што да доаѓа да го гради, грди, смрди.

Првиов е најзаслужен за најголемите комунистички грдосии од градби во Скопје и ширум Југославија, наречени шаблон градба по комунистички терк.
 
Првиов е најзаслужен за најголемите комунистички грдосии од градби во Скопје и ширум Југославија, наречени шаблон градба по комунистички терк.

Дечко, ти пред се' си роден после времето на Тито, тоа те исклучува од дискусијата за него :helou: Скопје во времето во кое ти, па и јас, имаме растено нема врска со претходно. Тито и комунизмот се заслужни што градов воопшто ни постои. Сега, финтата е што како и секогаш се наоѓале некои главоњи што си терале по свое, па кога се градело Скопје по земјотресот не прифаќале сугестија дека треба и улиците да се градат пошироки и зградите поплански и затоа градов ни личи на паланка. А, сепак, да не бил Тито, немаше ни да постои воопшто, т.е. ќе беше некоја селендра.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom