ок се реши недоразбирањето.инаку и јас препорачувам клима за преоден период и тоа било која затоа што сите бркаат работа до кај 0 степени.а ко ке фати ладното кој како знае и кој колку може.
било која клима може до -5 додека е нова (првите 2 години) после тоа може до -3 да работи безпрекорно...
јас да си јакажам мојата страна... имам викендица и тоа на многу високо место во планина и секако и парно во нејзе и клими во нејзе сум си стваил... нормално нели тоа е мојот професионален ангажаман. зимоска а и претходните зими, кога беше доста ладно и одиме таму го палам и парното а богами и климите за да загрее побрзо. до тука ништо чудно нели, сем моментот општо познат и раскажан во прикаските македонски со наслови: ГРНЧАРОТ ОД СКРШЕНО ГРНЕ ПИЕ, или па онаа другата ОЏАЧАРОТ ИМА КРИВ ОЏАК НА СВОЈАТА КУЌА... е па и кај мене климите се некако вака т.е. во овој стил.... што се нашло по сервизи, прегорел еден дел другиот не и така, па склопувано од неколку за да се добие една, значи имам шаренило од сите марки и модели... на пример надворешна единица е САМСУНГ, а внатрешна единица ФУНАИ-тоа првата, а другата е надворешно КЕРИЕР со внатрешна ПАНАСОНИК, а третатат верувале или не е комплетна и кериер е....
е муабетот е дека
електрониките не одговараат една со друга што е многу нормално нели различни производители, различни години на производство и така, но сепак принципот на работа е ист... е сега, бидејки електрониките не работат, и едната и другата
немаат ќорав сензор за мерење на параметри, температура, притисок на фреон, температура на компресор... ама баш ништо немаат... и види чудо, не се инвертори, а работат и на -20... ама овие шарениве работат. а онаа кериерот што ми е комплетна нејќе... се вклучуваат сензорите, се гаси, се самозагрева и тн итн... овие двете дуваат ли дуваат без престан... е ако се рачуна за нешто лошо е тоа што од навор на надворешните единици после 2-3 дена работење се појавува сталактит од мраз онака како шпиц од горе до доле, во должина од 1 метар и веројатно тежина од 15-20 кила смрзнат кондензат...
поената на муабетот не ми беше да се пофалам туку да ви кажам дека тоа инвертор не е ништо сем уште едно превртување на цевките низ компресорот да се грее прво сам себе па понатака да не мрзне кобајаги. значи внатре во климите нема ништо посебно повеке одколку кај обичен компресор за секоја клима. секоја клима работи на исти начин, на исти процес на испарување или не испарување. сега некој ке искоментира дека онака како што јас правам го трошам компресорот и го абам бааги побрзо... па сега види вака... ДА се троши повеке со самото тоа што се користи на греење а не на ладење. тие компресори (топлински пумпи) првично се наменети за ладење а не за греење, бидејки повратниот-изладен фреон треба да го излади и компресорот. а кога е на греење такво нешто нема, т.е. не се враќа ладен фреон да го излади, туку напротив и го догрева. затоа момци, ако сакате евтино да се греете, купете половна клима, викнете го чичко КАНО да ви ја монтира и ке грее и на -15 а пази богати не е ни инвертор... а да да не заборавам... и на лето ке лади секако..