Македонски филмови

Manga

Golem alat
Член од
21 април 2006
Мислења
7.753
Поени од реакции
5.011
Ова болдираново ти е 99% од македонскиве филмови. Сите македонски филмови се (скоро) иста тематика, иста содржина, ист почеток, иста средина, ист крај. Чат-пат ќе сменат место на снимање и толку. 80% од филмот е ебење и пцуење, 5% муабет (за кој не ми треба филм зашто тој тип на муабет го слушам насекаде околу мене - македонец сум). Затоа странци ни даваат по 15 награди, а да излезам со камера, да шетам по улица и да снимам 2 саати, многу подобар филм мислам дека ќе излезе од 80% од нашиве.

Јас не барам ефекти, кршење коли, фрлање пари, убивање до бесвест.... ама барам со мозок да се сними филм, а не колку да се сними. Цело време или војна, или нашиот живот, или пак војна... или ај да смениме, животот на македонецот, па ај од дамна не сме напраиле филм со војна...

Ценам се што е наше, ама кога до толку не ги бива, што да им правам.
Малку ги има ама добри се нашите филмови ..плус имаме и неколку ремек дела ..ретко дали има еден од странскиве сличен како овие ..уникато сценарио и режија

Тетовирање - треба да биде на врвот со Шошенк од затворските филмови .. реална затворска приказна за тоа време со многу добро сценарио,глума,смешни моменти а воедно трагични...трагичен крај ..али американциве прават од 500 филма еден сличен ваков.

Викенд на мртовци - најдобриот црн хумор некогаш изрежиран ..но ова е само за наши подрачја .бидејќи ние ги сваќаме шегите ..

црно семе , самоуништување , прашина,балкан кан се интересни филмчиња ама не толку добри како првите ...нема добра продукција-буџет да се направи некој понов филм ..и онака малце имаме .. па мора да соработуваме со други држави

Буре Барут - дел наша продукција ...

great parallel can be made between "Cabaret Balkan" and "A Clockwork Orange". The violence in both movies is not the theme - it's merely an extreme way of proving an important point.

еден од најдобрите филмови воопшто и многу интересен расплет на ликовите .. не се знаат сите меѓу себе а сите се поврзани ..the best
 

~DaRko

Поштен лопов
Член од
29 март 2009
Мислења
5.888
Поени од реакции
2.481
на МТВ имам фатено кај што игра викенд на мртовци, превртено и балканкан. а на сител даваат само српски жикина династија и слични ,,комедии,,
 

GTFO

Pushing the button
Член од
3 април 2009
Мислења
5.654
Поени од реакции
4.579
Од македонските филмови најмногу ми се допаѓаат филмовите со воена содржина како Република во Пламен,Мис Стон,Солунските Атентатори како и легендарните Викенд на Мртовци,Мак Крвава Свадба,Прашина,Пред Дождот.Од поновите ми се допаѓаат Балканкан и Шампионите од Шутка:pos2::pos2:
 

Goran Bt

локал патриот
Член од
28 јуни 2009
Мислења
9.348
Поени од реакции
8.421
Најдобри македонски филмови

http://www.utrinski.com.mk/default.asp?ItemID=31984C0E08480442868A98AC209F6839

На крајот на оваа декада решивме уште еднаш да се навратиме и да се потсетиме на македонскиот филм и на сето она што низ годините ја одбележа домашната кинематографија. Организирана филмска продукција имаме 57 години и досега се снимени исто толку долгометражни играни филма.

Факт е дека и со толку скромна продукција можеме да се пофалиме дека навистина имаме исклучителни филмски дела, кои направија големи успеси и не' претставија на големите меѓународни филмски фестивали низ светот.

Да се направи избор кои од нив се најдобри не е ни малку лесно. Има филмови кои не можат во еден ваков избор никако да се прескокнат поради своите неспорни и докажани вредности, но, секако, без оглед на познавањата, тука голема улога секогаш игра и вкусот. Ние се обидовме да направиме наша листа од седум најдобри македонски филмови создадени во текот на изминатиот половина век и да го дадеме своето образложение, зашто така ги вреднуваме токму овие филмови.

Редоследот е само според годината кога се снимени, бидејќи не сакавме ова да се претвори во натпревар, туку да потсетиме според кои вредности треба најмногу да ги паметиме во македонскиот филм.

Прв на листата е вториот македонски игран филм „Волчја ноќ“ во режија на Франце Штиглиц, кој е направен според сценарио на Славко Јаневски. Интересно е дека за времето во кое е снимен овој филм, во 1955 година, тој беше многу смел и имаше мошне авангарден пристап кон тогаш вообичаените и многу присутни партизански теми. Неговото навраќање на војната и тогаш, а и од денешен агол, е сосем различно од сите останати филмови, со нагласен и исклучителен визуелен пристап и со многу впечатлива атмосфера. И покрај тоа што режијата е на словенечкиот режисер Штиглиц, „Волчја ноќ“ е целосно македонски филм направен според еден расказ на Славко Јаневски, кој за ова сценарио ја освои „Златната арена“ во Пула.

Ова не е филм што зборува директно за војната, туку тој е фокусиран, пред се', на ликовите, правејќи една извонредна палета на многу различни профили. Интересно е дека, од една страна, тоа е многу реалистичен филм, а од друга страна, тој е целосно доловен низ симболи. Волците, снегот, белината и злокобноста, стравот и навестувањето, страшните работи кои се случуваат, а пред кои неизбежно е исправен човекот, наизменичното менување на темнината и светлината. „Волчја ноќ“ е психолошка драма која ги демистифицира ликовите, што за тоа време беше многу невообичаено, особено за партизанските филмови. Тоа е антивоен филм кој има силни пораки, одлична актерска игра, фантастична монтажа и музика, а темата која подоцна прераснува во роман, дефинитивно, го надминува времето.

„Црно семе“ (1971) е филмот што не може никако да се прескокне во правењето на која било листа на најдобрите македонски филмови. Што е она што му го дава ова неприкосновено место? Ова дело на Кирил Ценевски, за кое сценариото го напиша Ташко Георгиевски, донесе многу новини и, како што се согласуваат доајените на македонскиот филм, тој внесе револуција во македонската кинематографија во сите аспекти. Иако историски детерминиран во времето на Граѓанската војна во Грција во 1946 година, „Црно семе“ е една неверојатно силна приказна за човечкиот непокор и за неуништливоста на неговиот дух.

Низ оригиналноста на сликата на Љубе Петковски, режисерот Ценевски ќе создаде еден таков неверојатен манифест, во кој неговите трагични ликови и нивните судбини се некако стопени со суровата околина во логорот, кој се наоѓа на еден пуст остров во Егејско Море, со целата бесмисленост и апсурдноста на времето и на настаните. Филмската нарација излегува од шемата, таа е сосем поинаква, извира од ситуациите, извира од безумието, од наизменичните слики на понижување и достоинство, на борба и предавање. Филмот за измачувањето и за вечната борба на Македонецот за неговиот идентитет е така воден што остава без здив и визуелно и во поглед на звучните ефекти, во својата структура и во начинот на кој ја вклопува целината. „Црно семе“ беше и единствениот македонски филм што беше југословенски кандидат за „Оскар“ и тој и денес останува на врвот на македонските филмски класици што многу едноставно ги минува границите на времето и на просторот, претворајќи се во наш своевиден тестамент.



„Жед“ (1971) на Димитрие Османли се занимава со многу присутната тема во нашата кинематографија по војната, селото и неговиот развој, односно судирот на современото и сето она што го детерминира руралниот простор. Тука Османли, врз база на сценариото на Живко Чинго, прави еден впечатлив спој на реалистичниот концепт и филмската поетика. Од една страна, во селото во кое владее суша, на некој начин е содржана целата судбинска нишка поврзана со архетипското на овие простори, а од друга страна, тука се интимните стории, желби и емотивни напливи на ликовите што се обидуваат да најдат излез и физички и на ниво на психолошка потреба да се побегне од еден ограничен, затворен круг.

Во него, во целата таа депресивна атмосфера, силно поддржана со монохроматските ефекти на снимателот Љубе Петковски и извонредната слика на Перо Георгиевски, се издвојува живописноста на карактерите, жешката интимна атмосфера, сцените кои се граничат со една емотивна деградација, па се' до злокобноста на судбината и на сопственото самообвинување. „Жед“ е филм кој трага по нова форма во филмскиот израз, во кој се чувствуваат назнаки на тогашниот црн бран во југословенскиот филм и кој успева на особен начин да проговори за темата на печалбарството и за оној вечен немир во една средина исполнета со копнеж и очекувања. „Жед“ со целата своја драматична подвоеност е филм за нашето минато и за нашата современост.

„Најдолгиот пат“ (1976) е четвртиот игран филм на Бранко Гапо направен според сценариото на Петре М. Андреевски, кое е базирано врз вистинските настани од почетокот на 20 век објавени во неговиот зборник насловен „Темни кажувања“. Вистинитоста на приказните и на настаните, реалните ликови и нивните страдања на бескрајниот пат, по кој осудените Македонци во 1903 година водени од турскиот чауш и турските војници мораат да стигнат до градот Дијарбекир во Мала Азија, е некако видлива во овој одличен историски филм на Гапо. Снимен многу автентично и оригинално, филмот импресивно го доловува историскиот миг и настаните во него. Интересно е дека целиот филм е снимен во екстериери, па, сепак, авторот успева да постигне одредена динамика во емотивниот и психолошки развој на настаните, успева одлично да ги дозира релациите и малобројните дијалози меѓу ликовите.

Тоа е филм кој на неочекуван начин навлегува во психата на своите протагонисти, чии судбини на бесмислениот долг пат се изедначуваат, покажувајќи ја целата иронија и апсурдност на војната. „Најдолгиот пат“ има силна симболика, многузначна визуелна алузија и атмосфера, постигнувајќи епски пристап и широчина. Ова е тежок, но силен историски филм, во кој Гапо ја покажува целата своја зрелост како автор, кој умее одлично да ја долови целината на оваа голема епопеја, која ги надминува границите на времето, на филмот и надвор од него.

„Среќна Нова ’49“ (1986) на Столе Попов значеше одредена пресвртница во македонскиот филм и во начинот на кој се занимава со судбинското, што е честа тема во нашите филмови. Иако станува збор за многу реалистична тема, филмот се издвојува по својот стил и визуелна моќ, како и со умешноста на Попов да го стави во фокусот човекот и една многу лична, интимна приказна иако драматично детерминирана од историските околности.

Филмот се навраќа на 1948 година, на Информбирото и на времето кога идеологијата владееше со свеста на луѓето, но, за жал, и со нивните судбини. Целиот апсурд на времето опседнато со поткажувачи и на времето кое ги бараше своите жртви, Столе Попов ќе го долови многу сугестивно низ љубовната сторија на Бота и Верица, која уште на самиот свој почеток беше предодредена да биде трагична, онака како што беше и целата околина во која се случува и логичниот распад на семејството. Филмот „Среќна Нова ’49“, направен според сценариото на Гордан Михиќ, донесе отстапување во филмската постапка. Раскажан на многу комплексен начин, тој успева низ повеќе нивоа многу кохерентно да ја донесе оваа приказна за злото и предодреденоста на судбината, фатена во историската стапица на 1948-та. Овој филм ја освои „Златна арена“ во Пула, направи голем успех во Сан Себастијан и остана обележје на едно време, не само со ликовите во него, туку и со целата атмосфера која успеа да ја долови.

„Пред дождот“ (1994) на Милчо Манчевски ја означи последната пресвртна точка во македонскиот филм, претворајќи се во меѓник меѓу старото и новото, меѓу филмовите пред него и по него. Кога би се навратиле на овој филм од денешна дистанца, би рекле дека „Пред дождот“ претставува своевиден филозофски трактат кој на многу жесток, директен и ироничен начин проговори за небулозите и предрасудите кои во одредени делови на светот и во одредени средини го земаат својот данок наспроти цивилизацијата и вредностите, наспроти разумот и развојот, наспроти неприкосновеноста на човечкиот живот.

Овој филм прераскажан низ еден необичен круг на лица, зборови и слики, создава една фантастична целина на судбини и ликови низ која авторот проговори за злото и за бесмислицата, за љубовта и невиноста, за вербата и идеалите, но и за силата на предрасудите и омразата, односно за јунаштвото во најапсурдната смисла на тој збор. „Пред дождот“ донесе поинаква наративна структура, направи оригинален спој на класичното и постмодерното и создаде непогрешлива слика за испреплетеноста на човечките судбини, кои не можат да останат невини или недопрени и во глобалната слика на светот. „Пред дождот“ го направи најголемиот успех во македонскиот филм, освојувајќи го венецискиот „Златен лав“, понесе номинација за „Оскар“ и стана планетарно препознатлив.

Изборот ќе го завршиме со „Бал-кан-кан“ (2005) на Дарко Митревски. Овој филм со успехот што го постигна во својата земја се претвори во еден вид прототип на современиот македонски филм, кој во себе го антиципира старото и новото на таков оригинален начин со кој прави своевиден омаж на историјата на светскиот филм и ги разбива сите форми и предрасуди. Митревски е многу смел во приодот кон овој филм, во кој низ една апсурдна и бизарна комедија многу амбициозно и прецизно го исцртува актуелниот миг на Балканот.

Всушност, тој прави многу симболична и необична слика за распаѓањето на поранешна Југославија, во рамките на која со љубов и симпатија, но многу реално, говори за менталитетот на овие народи. Менталитет, кој колку што не' спојува, толку и не' раздвојува. Тоа е точката во која се препознаваме, но и онаа од која тргнуваат сите наши омрази и разлики. Митревски на единствен начин успева низ злото да говори за доброто и обратно, успева да ја покаже целата наша пародија, но и целиот апсурд што го создаваме сами, не можејќи потоа со него да се справиме.

„Бал-кан-кан“ со 120.000 гледачи е најгледаниот македонски филм во нашата земја и не случајно. Митревски успеа целата оваа приказна, која говори и за универзалните вредности и за сите зла на 20 век, така да ја доближи до обичниот гледач и да направи многу оригинални сцени, кои се врежаа во меморијата и ја освоија публиката. Затоа овој филм останува еден вид симбол во кој се вкрстија старото и новото, филм кој е најблизок до младата генерација, филм кој многу точно и интелигентно ги детектира актуелните состојби, но кој во заднината има силна порака, како и посвета на филмската уметност, која се' повеќе го губи своето значење. Токму затоа и го освои признанието на руската филмска критика на фестивалот во Москва.

Би ги додал уште Тетовирање лудница од филм со фрази кои се паметат цел живот исто така има барем кај мене оставено голем впечаток Македоска крвава свадба
Според мене е изсотавен најдобрито некогаш направен филм а тоа СОЛУНСКИТЕ АТЕНТАТОРИпа ако има некој линк или тотернт што били нешто каде можам да го најдам :smir:

има зеленко од мене :salut:

ps.ако има некоја слична тема:locked:важно да ми го најдите Солунските атентатори:wink:
 

almostanangel

...за малку =)
Член од
22 декември 2008
Мислења
121
Поени од реакции
13
СЕНКИ ми се допаѓа ептен, за разлика од некои УМЕТНИЧКИ филмови од македонски филмски артисти... Не знам зошто. ама повеќето македонски играни филмови ми личеле на нешто апстрактно и несфатливо...Дали оти се на наш јазик па немам навика-не знам, ама СЕНКИ дефинитивно го замагли тоа мислење и сфатив дека, ете, и кај нас може да има филм кој ќе се доближи до повеќе гледачи од Мк.
 

џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.394
Поени од реакции
25.213
Според мене е изсотавен најдобрито некогаш направен филм а тоа СОЛУНСКИТЕ АТЕНТАТОРИпа ако има некој линк или тотернт што били нешто каде можам да го најдам :smir:

има зеленко од мене :salut:

ps.ако има некоја слична тема:locked:важно да ми го најдите Солунските атентатори:wink:
Уф, за слична тема... има тема за Македонски филмови, сега е многу касно да ја барам искрено уморен сум, ќе проверам утре.

Што останува за другото, кажи ми од кој град си, јас го имам Солунските Атентатори на дивиди.
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.620
Поени од реакции
59.444
Уф, за слична тема... има тема за Македонски филмови, сега е многу касно да ја барам искрено уморен сум, ќе проверам утре.

Што останува за другото, кажи ми од кој град си, јас го имам Солунските Атентатори на дивиди.
Јас барав пред едно време зошто сакав да отворам тема, не најдов а не стигнав ни да ја отворам темата. Како и да е, сега само да ја пофалам темата, (ако има друга ќе ги споиме) и да кажам дека е штета што никому не му текнува да ги стави старите мак филмови на двд, навистина вреди да се има таа колекција и многу луѓе би ги купиле. Србите гледам се и сешто ставија на двд.

Солунските атентатори го имав јас едно време низ дома, на нешто како ТВ-рип со хрватски превод, значи земено од некоја Хрватска телевизија. Но мислам дека тоа ми е во „изгубените“ цд-а.
 

Џои

КИНЕКТиран
Член од
1 февруари 2007
Мислења
8.406
Поени од реакции
2.076
Едно прашање

Зошто МОРА во секој македонски филм да има еротики секс и такви работи?
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.620
Поени од реакции
59.444
Едно прашање

Зошто МОРА во секој македонски филм да има еротики секс и такви работи?
Мала модификација на прашањето:

Зошто МОРА во секој НОВ македонски филм да има еротики секс и такви работи?

И јас не разбирам искрено... Помина модата во 80-тите. Тогаш немаше (странски) филм без секс-сцена, и квалитетот на филмот се мереше по тоа колку била жешка сцената. Мислам дека сме троа назад сега...
 

Iceboy

Porque somos LOS MEJORES
Член од
23 октомври 2008
Мислења
17.280
Поени од реакции
17.959
Јас барав пред едно време зошто сакав да отворам тема, не најдов а не стигнав ни да ја отворам темата. Како и да е, сега само да ја пофалам темата, (ако има друга ќе ги споиме) и да кажам дека е штета што никому не му текнува да ги стави старите мак филмови на двд, навистина вреди да се има таа колекција и многу луѓе би ги купиле. Србите гледам се и сешто ставија на двд.

Солунските атентатори го имав јас едно време низ дома, на нешто како ТВ-рип со хрватски превод, значи земено од некоја Хрватска телевизија. Но мислам дека тоа ми е во „изгубените“ цд-а.
Имаше порано овакво нешто дава со купени весници ако не се лажам. Знам оти имам неколку филма дома, а од стариве филмови дефинитивно Црно семе ми е најдобар (барем од оние што ми се изгледани), а од поновиве Балкан-кан ми е некако со најинтересна приказна:)
 

Ѓорче 1932

тој сум...
Член од
17 февруари 2009
Мислења
13.564
Поени од реакции
11.576
Не знам зашо ги нема во списокот Македонска крвава свадба,потоа Мис Стон,Исправи се Делфина,па и Тетовирање...еден долг список на филмови кој заслужуваат да се најдат на списокот,голем пропуст е тоа за така ептен добри филмови :toe:
 

GTFO

Pushing the button
Член од
3 април 2009
Мислења
5.654
Поени од реакции
4.579
Проверете на Tracker.MK ги има сите македонски филмови
 

GrouchoMarx

Мочко
Член од
26 јануари 2008
Мислења
2.907
Поени од реакции
469
а као се вика филмот во кој песната од Архангел-Uber Makedonische беше саундтрак?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom