Half Baked (1998)
Одамна не сум гледал комедија од ваков тип. Ликовите имаа особини што можам да ги наречан средината на Харолд и Круман и Глупав и Поглупав. Оцените на имдб и критиките неможат да споредат комедија, секој си има различен вкус за хумор.
Иако со мизерните ефекти и некои тапи дијалози, сепак имаше хард кор сцени на кои паѓав од смеење. Јес да е глуп филмов на прв поглед, ама успеа да ме насмее на моменти.
Before Night Falls (2000)
Американска - латино американска продукција. Многу контроверзна биографска драма. Почетокот ме потсеќаше на онаа биографија на Едит Пјаф. После филмов зеде друг замав. На моменти морав да менам канал поради експлицитните хомосексуални сцени.
Сепак, добри реплики, некои и извадоци од книги. Многу повеќе ми наликуваше на некои сцени од Федерико Фелини, и покрај некои глупави нелогичности високо котира на мојата база на оценување.