Денес е Бадник - Коледе. Кај кого се падна паричето?

Статус
Затворена за нови мислења.

аллександар

Вечно ненаспан
Член од
5 мај 2006
Мислења
7.381
Поени од реакции
2.522
КАДЕ И ДА СИ ЗА БАДНИК ДОМА ДА СИ!!!

Во духот на традицијата и обичаите Македонците го празнуваат најголемиот христијански празник, Христовото рождество, собирајќи се во кругот на семејството околу богата посна трпеза на која задолжително има лепче со паричка. На оној што ќе му падне паричката се верува дека ќе има успешна и плодна година, добро здравје и среќа во деновите што претстојат. Кому му се падна паричката на Бадник?


Ајде да видиме кај кого паднала паричката оваа година.
кај мене дома 3 години по ред паѓа кај господа но искрено оваа година се надевам дека ке ми падне мене паричката :pipi:. За сигуурни извори ке ве известам покасно. :smir:

 

city

Модератор - технократ!
Член од
1 март 2005
Мислења
2.780
Поени од реакции
276
Многу е рано за паричката, тоа ќе дискутираме вечер.

Темата ја преименувам во Денес е Коледе и сите непотребни дискусии ќе летаат коледарски во канта :)



Бадник
или Коледе се нарекува денот пред роденденот на Исус Христос (Божиќ), според христијанската традиција. Според Јулијанскиот календар по кој се раководи Македонската православна црква, Бадник паѓа на 6. јануари секоја година, а Божиќ на 7. јануари. Суштината на празникот е во радоста на христијаните пред големиот ден - Христовото раѓање. Истовремено, со овој ден завршуваат и Божиќните пости.
Традиционално, Бадник се прославува кај сите христијани, но црквите кои го користат Грегоријанскиот календар го прославуваат на 24. декември. Кај сите христијански народи има низа обичаи за Бадник, осбоено поврзани со Бадниковата вечера.


Во Македонија

Традиционално, во Македонија семјството се собира на вечера на Бадник. Се подготвува богата трпеза исклучително со посна храна: питулици, сарма, грав, компир, риба, зелник, овошје и друго, што треба да обезбеди богат род на земјоделските култури во следната година. Обичај е по вечерата софрата да не се крева, туку така заедно со храната да остане цела ноќ. Ова е поврзано со верувањето дека ноќта ќе дојде дедо Боже и ќе се нахрани, или во некои места, духовите на мртвите.
На Бадник во секоја куќа се меси кравјаче, пита или погача во која се става пара. Вечерта кога сите ќе седнат на вечера, домаќинот, откако ќе се прекрсти и ќе ја благослови трпезата, го крши кравјачето на толку делови колку што има членови семејството, оставајќи уште дел за Бога и за куќата. Сите присутни во својот дел од кравјачето ја бараат парата, и оној што ќе ја најде се смета за најсреќниот во годината што претстои.
Богати обичаи и верувања на Бадник се поврзани со обредниот оган како и со горењето на дрвото наречено Бадник или Бадникојца. Во врска со обредните коледарски огнови е и обичајот коледица. И денес како и во минатото и во селата и во градовите во сите краишта на Македонија помали или поголеми групи деца палат оган и го прескокаат.
Рано изутрината на Бадник, децата пеат и одат по куќите каде што добиваат подароци како што се: пари, ореви, костени, јаболка, портокали и др.[3]
Една од најпеаните песни што и сега се пее во овие случаи „Коледе леде“ ја среќаваме и во запис на Г. Бојаџиев, обjaвена во 1893:

Коледе, леде!
паднало греде,
утепало деде.
Дедо се мачи,
баба го квачи,
со четири јајца
гускини, паткини!
О. О. коледе!


Нека ни Честит и Вечен овој голем празник!
 
S

StormRage

Гостин
КАДЕ И ДА СИ ЗА БАДНИК ДОМА ДА СИ!!!

Не... вцрква ќе сум... Искрено нешто имаме помешано... Паричката кај нас се става на Св. Василија најчесто во ѓомлезец. Е сега од кај дошло за на бадник не знам...
Сепак За Многу Години
 
H

HITCH

Гостин
Коледееееееееее

едвај чекам да видам паричката кај кого ќе се падне годинава :vozbud::vozbud::vozbud::vozbud:

За многу години нека е!
 

Никола

Државник
Член од
18 април 2005
Мислења
5.074
Поени од реакции
333
Колку е големо задоволството, во денот кој ќе ти е слободен и потребен за да одмориш на раат, орди неандреталци да ти тропаат на врати и пеат песни за убивање на дедо од греда, па бабата го квачела... па телето викало леле, не колете мене?
 
S

StormRage

Гостин
Колку е големо задоволството, во денот кој ќе ти е слободен и потребен за да одмориш на раат, орди неандреталци да ти тропаат на врати и пеат песни за убивање на дедо од греда, па бабата го квачела... па телето викало леле, не колете мене?
Ти некогаш не си бил еден од тие неандерталци? Јас искрено не им се лутам иако ме разбудија во 8 (а легнав во 5ипол) пошо знам како е и јас истото сум го правел
 
Член од
30 јули 2008
Мислења
4.320
Поени од реакции
2.846
Не... вцрква ќе сум... Искрено нешто имаме помешано... Паричката кај нас се става на Св. Василија најчесто во ѓомлезец. Е сега од кај дошло за на бадник не знам...
Сепак За Многу Години
За многу години празникот.

Инаку и во Тетово паричката се става за Василица (стара нова година).

Во Тетово има традиција децата вечерта одат маскирани од куќа во куќа и пеат песни.

Но во последните 10-15 години постарите спонтано почна да излегуваа низ кафичи исто така маскирани и сега е како традиција да се излегува така. Вечер во Тетово ќе е многу интересно, тоа е нешто како маскембал.
 

GoGo*

LSS
Член од
10 јуни 2008
Мислења
564
Поени од реакции
18
Za mnogu godini da e.I srekno vecerva so parickata. :)
 

Никола

Државник
Член од
18 април 2005
Мислења
5.074
Поени од реакции
333
Ти некогаш не си бил еден од тие неандерталци? Јас искрено не им се лутам иако ме разбудија во 8 (а легнав во 5ипол) пошо знам како е и јас истото сум го правел
Не, јас од мал интристично чувствував дека не е во ред да го нарушувам мирот на луѓето кои не ги познавам,на сабајле со срспско скопска идиотска песна која нема врска со оргиналот и која моронштината ја адаптирала на нивните и така дегенски тенденции.
Ако и некогаш некој почуствува дека нешто не чини во државава, знај дека потеклото им е од скопје.
Да ја пееја првичната, убава, симпатична песна, во која има и доза на емоции и љубов и почит кон празникот да.
Но ѕвонење без осет, дерење со повик на смрт и малтретирање врз трупот на дедото..не.
Комунистичкото подебавање со еден од најубавите христијански празници..никогаш нема да бидам соглсаен.

За многу години празникот.

Инаку и во Тетово паричката се става за Василица (стара нова година).
Во цела западна Македонија е така.
Само Скопските интелектуално запечени сега ја ставаат.
 

Мајло

B I S
Член од
22 јуни 2009
Мислења
1.594
Поени од реакции
940
Многу малце деца дојдоа кај мене да пеат.Незнам што е работава,а сите знаат дека давам по 10денарки.
 
Член од
5 јули 2009
Мислења
1.123
Поени од реакции
205
kolede lede padnalo grede utepalo dede dede se maci baba go kvaci za cetiri jajca guski ni satkini kolede. deneska e kolede utre e bozik ke koleme tele tele vika lele ne kolete mene ke vi kupam zelje ke pravime pita site ke jademe KOLEDEEEEEEEEEEEE.:wink:
 

jovanovski

Motherfucker Jones
Член од
30 јуни 2008
Мислења
3.789
Поени од реакции
1.294
За многу години празникот.

Инаку и во Тетово паричката се става за Василица (стара нова година).

Во Тетово има традиција децата вечерта одат маскирани од куќа во куќа и пеат песни.

Но во последните 10-15 години постарите спонтано почна да излегуваа низ кафичи исто така маскирани и сега е како традиција да се излегува така. Вечер во Тетово ќе е многу интересно, тоа е нешто како маскембал.
кој собра најмногу чоколатца од сабајле:baeh::baeh::baeh::baeh::baeh: хахахха

и кај нас во дх е исто за паричката тогаш е поинтересно :)
 

Црвено

Am I pissin' u off-fa-fa?
Член од
12 септември 2007
Мислења
1.227
Поени од реакции
81
Кој спие нека стане или Сива сива голубице?
Оваа песна се пее во Тетово, ама тука пеат навечер, а после тоа се пали оган и се до сабајлето седат околу него луѓе.
А комад со паричка правиме на 14ти, Василица. Не знам зошто адет ви е денес да правите.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom