Скандал на хируршките клиники!

  • Креатор на темата Креатор на темата експерт
  • Време на започнување Време на започнување
Е

експерт

Гостин
Скандал на хируршките клиники. Оваа фотографија е направена во текот на новогодишната ноќ. На неа се гледа како две медицински лица се сликаат покрај девојка во бессознание.

sestri-bolnicarki.jpg


На едната фотографија се гледаат насмеаните лица на медицинскиот персонал покрај разголеното беспомошно тело на девојката, а на другата таа е покриена со наметка. фотографиите се поставени на Фејсбук каде се редат коментари за скандалозната фотографија.

Директорот на Ургентниот центар др. Реџеп Селмани потврди дека станува збор за докторка вработена во Ургентниот центар. Најави дека утре ќе го испита случајот.

„Не дозволиво е да се направат фотографии без да навлегувам како се направени, тоа ќе го видиме при испитувањето како се направени, но воопшто не е дозволиво да се направат слики, и уште полошо е да се дистрибуираат слики каде во позадина се гледа пациент и тоа не е законски да се открива пациентот“, вели Реџеп Селмани.

Ја побаравме и докторката која ги поставила фотографиите на Фејсбук, но не беше достапна на нејзиниот мобилен телефон. Шокантните фотографии наидоа на различни коментари. Од зачудувачки, преку сеирџиски до такви кои ги осудуваат.

Еве какви беа коментарите:

-А ова на количката позади вас е жив пациент или кукла е нели?

Еве го одговорот:

Мачко како избегана од тв спот од ТВ Планета беше облечена, во една салфетка од сукња со светликави карнери и едно светликаво боди.

Друг посетител коментира:

-Каква сукњица не можете ни да сонувате, ама признајте кој прв ја примети и запеа.

Го имаше и ова:

-А, она гревот позади на количкава.

Докторката на тоа смеејќи се одговара:

-Таа е фантомот, на неа вежбавме.

Веднаш по потоа следеа и коментари од типот:

-Како не вие срам, каде ви е лекарската етика, што беше тоа лекарска тајна и права на пациентите имате ли дозвола за сликање на госпоѓицата.

Етичкиот комитет на лекарската комора најави расправа. Првичниот впечаток е дека тоа што се случило е недозволиво.

„Независно од тоа што е приватен тој Фејсбук, тоа претставува етички прекршок, без претходно добиена дозвола на пациентката да биде и таа прикажана на Фејсбук заедно со докторите. Од тие причини во секој случај лекарската комора ќе реагира на таквиот настан“, рече проф.др Здравко Чакар, Етички комитет на лекарска комора.

Казните што можат да се изречат се од парични до времено и трајно одземање на лиценцата за работа.

извор: А1
 
едвај чекав да отворе некој тема =] ЈАС СЕ НАЕЖИ ОД ЦЕЛАТА ВЕСТ!!!!

медицината у македонија. факинг дисгастинг
 
Толку од Хипократовата заклетва :(
 
:bilokojzbor::bilokojzbor::bilokojzbor:
Какви луѓе!
 
Не е етички прекршок ко погоре што пишува! Туку е кривично дело. Девојката на сликата + адвокат= пари.
1. прекршување на законот за заштита на податоци.
2. тоа сељанките надолу, за јавни навреди.

Инаку на други теми ме убедуваа дека во нашите болници имало лекари. Можеби да, ама нема луѓе!
 
SKANDAL....SRAMOTA!!! Treba da im se odzeme dozvolata za rabota! So ime i prezime treba da se objavat za javnosta... No ne treba da se obvinuvaat site vo felata. Sekade ima isklucoci! Ova e sram za medicinata.
 
SKANDAL....SRAMOTA!!! Treba da im se odzeme dozvolata za rabota! So ime i prezime treba da se objavat za javnosta... No ne treba da se obvinuvaat site vo felata. Sekade ima isklucoci! Ova e sram za medicinata.

Секоја чест на исклучоците, не велиме дека нема вистински лекари и луѓе, но не можат да дојдат до израз од крембилотиниве кои само узурпираат место на клиники и недолжни луѓе страдаат поради нив.
Треба да се направи една чиста од ваквите па конечно да почне да функционира здравството како што треба. :smir:
 
Колку е само закон да се изиграва херој по етика и морал на форумот..

Убијте ги, неодговорни, дрога, клада, дерење, сечење, мамата :@
 
Колку е само закон да се изиграва херој по етика и морал на форумот..

Убијте ги, неодговорни, дрога, клада, дерење, сечење, мамата :@

Да не ги оправдуваш?
Да не сметаш дека се одговорни?

Разумно е да им се одземе дозволата за работа.
Еве, може да се сликаат со лиценцата пред да им се одземе и сликата нека ја објават на фексбук.
Тоа ќе биде кул.
 
Можда не е во нивни оддел пациентката, нетуку скокајте ко напалени мајмуни
 
Познавајќи го персоналот у болнициве, да лежам у кревет и да ми дојдат да ме смараат?
Па и ја би им кажал "Абе иди сликај се!"
 
Да не ги оправдуваш?
Да не сметаш дека се одговорни?

Разумно е да им се одземе дозволата за работа.
Еве, може да се сликаат со лиценцата пред да им се одземе и сликата нека ја објават на фексбук.
Тоа ќе биде кул.

Не ги оправдувам, ама ни пак изигравам форумски судија.
Не ја убиле па да се сликат, па да правиме OMG SUCH A BIG THING out of it.

Згрешиле како луѓе, ќе им се одзема дозволата за работа според законите на општеството.
Ама кој ги ебе законите, ајде да ги убиеме, МОНСТРУМИ :@:@:@
 
Колку е само закон да се изиграва херој по етика и морал на форумот..

Убијте ги, неодговорни, дрога, клада, дерење, сечење, мамата :@
А сакаш да ми кажеш дека тоа што го направиле е оправдано.Па клада ами како.Поради ваквите овци недоквакани ке се плука на сите доктори и ке се фрлаат камења на тие што се обидуваат да си ја вршат работата совесно.Какво испитување случај, да можам јас да одлучувам, двете ке летаат од работ и плус парична казна. Овие не заслужуваат титулата да ја носат бе а не со луѓе да работат и нечиј живот да биде во нивни раце.Не знам дали имаат деца ама знам дека нема да се смеат толку убаво ако нивна ќерка е на некоја ваква слика.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom