Е
експерт
Гостин
Скандал на хируршките клиники. Оваа фотографија е направена во текот на новогодишната ноќ. На неа се гледа како две медицински лица се сликаат покрај девојка во бессознание.
На едната фотографија се гледаат насмеаните лица на медицинскиот персонал покрај разголеното беспомошно тело на девојката, а на другата таа е покриена со наметка. фотографиите се поставени на Фејсбук каде се редат коментари за скандалозната фотографија.
Директорот на Ургентниот центар др. Реџеп Селмани потврди дека станува збор за докторка вработена во Ургентниот центар. Најави дека утре ќе го испита случајот.
„Не дозволиво е да се направат фотографии без да навлегувам како се направени, тоа ќе го видиме при испитувањето како се направени, но воопшто не е дозволиво да се направат слики, и уште полошо е да се дистрибуираат слики каде во позадина се гледа пациент и тоа не е законски да се открива пациентот“, вели Реџеп Селмани.
Ја побаравме и докторката која ги поставила фотографиите на Фејсбук, но не беше достапна на нејзиниот мобилен телефон. Шокантните фотографии наидоа на различни коментари. Од зачудувачки, преку сеирџиски до такви кои ги осудуваат.
Еве какви беа коментарите:
-А ова на количката позади вас е жив пациент или кукла е нели?
Еве го одговорот:
Мачко како избегана од тв спот од ТВ Планета беше облечена, во една салфетка од сукња со светликави карнери и едно светликаво боди.
Друг посетител коментира:
-Каква сукњица не можете ни да сонувате, ама признајте кој прв ја примети и запеа.
Го имаше и ова:
-А, она гревот позади на количкава.
Докторката на тоа смеејќи се одговара:
-Таа е фантомот, на неа вежбавме.
Веднаш по потоа следеа и коментари од типот:
-Како не вие срам, каде ви е лекарската етика, што беше тоа лекарска тајна и права на пациентите имате ли дозвола за сликање на госпоѓицата.
Етичкиот комитет на лекарската комора најави расправа. Првичниот впечаток е дека тоа што се случило е недозволиво.
„Независно од тоа што е приватен тој Фејсбук, тоа претставува етички прекршок, без претходно добиена дозвола на пациентката да биде и таа прикажана на Фејсбук заедно со докторите. Од тие причини во секој случај лекарската комора ќе реагира на таквиот настан“, рече проф.др Здравко Чакар, Етички комитет на лекарска комора.
Казните што можат да се изречат се од парични до времено и трајно одземање на лиценцата за работа.
извор: А1