Фан Клуб: Интер

Статус
Затворена за нови мислења.
Не не, Михајлович во никој случај... Најверојатно е според мене да дојде Капело и мислам дека он и ќе дојде... Бенитез не ми се свиѓа како тренер воопшто, Михајлович не е искусен, Блан веќе сигурно е дека нема да дојде во Интер, не гледам друг наследник освен Прандели....

--- надополнето ---

И Адриано најверојатно од другата сезона ќе игра за Рома :toe:
 
Думан ти од инат две вреќи сол може да изедеш.

Инаку Мурињо не ни е веќе тренер.Морати по средбата со Мурињо вечерва изјави дека ја завршиле соработката,потоа рече дека е среќен дека Капело рекол дека е спремен да води голем клуб.
Михајлович ќе биде најверојатно тренер на Фиорентина Прандели оди тренер на Италија.
Капело ќе биде 99% новиот тренер на Интер.

Друго интересно според Скаи Мурињо му предложил на Морати наместо клаузула да плаќа да го купи Реал Кварезма за 16 милиони.
 
Ибрахимовиќ две сезони ни носеше титули во Серија А, но кога си замина сите плукавте понего, макар што занего беа кеширани околу 75 мил евра, пари со кој беа донесени: Ето, Милито, Мота, Шнајдер, Лусио...
Човекот сакаше предизвик, оваа сезона го доби во Барса, каде стана резерва на еден анонимен Педро.
Истата работа се повторува и со Мурињо, човекот барат предизвик во Реал Мадрид.
Ни го понижуват клубот, но за тоа што не напушти ќе зажалет, а такви клошари на првата степеница ќе се сопнаат.
Да му посакаме ДОБРЕДОЈДЕ на Синиша Михајловиќ, за кој тврдам дека Интер ќе го направи многу атрактивен за гледање.
Однего очекувам освојување на Серија А и пласман во првите 8 во Европа.

Како прво не сум плукал никојпат по Ибра . И го ценам она што го направи за Интер. Мурињо освои се и си замина и тоа мора да се цени , а што ќе постигне во Реал нас не не интересора. Незнам како може да го величаш Синиша , ама ако дојде , верувај дека ќе биде каша попара . После заминувањето на Мурињо , на Интер му е потребен тренер со дебело минато и со големо искуство . Да не се лажеме Думан , Интер не е Болоња и Катанија . Во Интер се бара тренер кој има многу поминато , а не се бара почетник . Синиша нема да го издржи притисокот и ако дојде , не се надевајте на некаква титула .
 
Не постои тренер или екипа што со одредена доза на среќа не стигнале до пехарот. Среќата е составен дел од спортот и обично ги следи храбрите.

Думан, види го односот на Морати и на момците кон Мурињо и се ќе ти биде јасно. Види ги сајтовите на Интер на кои му се поклонуваат и му благодарат. Дали ќе заминел годинава или догодина сеедно е. Човекот ни донесе титули за кои ни се смееја кога ќе кажевме дека ќе ги освоиме. Не ми се верува како не гледаш дека човекот ги надигра Гвардиола, Анчелоти и Ван Гал. Дека создаде екипа што дише како еден и не се плаши од никој. Просто неверојатно е.

Иначе кој и да дојде за тренер ќе му посакаме добредојде. Благодарение на состојбата во Италијанскиот фудбал, Сериа А ќе ја освоиме пак. (ИбраКадабра ми должиш пица да не заборавам :) ) ЛШ секако не се освојува секоја година, а и искрено, не мора пак скоро време, иако би било добро. Треба повеќе да прославувате, а помалку да се замарате сите :)
 
Думан ти од инат две вреќи сол може да изедеш.

Инаку Мурињо не ни е веќе тренер.Морати по средбата со Мурињо вечерва изјави дека ја завршиле соработката,потоа рече дека е среќен дека Капело рекол дека е спремен да води голем клуб.
Михајлович ќе биде најверојатно тренер на Фиорентина Прандели оди тренер на Италија.
Капело ќе биде 99% новиот тренер на Интер.

Друго интересно според Скаи Мурињо му предложил на Морати наместо клаузула да плаќа да го купи Реал Кварезма за 16 милиони.

Како магаренце го влече со себе :pos:
 
Успесите на Капело:

Суперкуп на Италија - 4
Скудето - 6
Лига на Шампиони - 1
Европски Супер Куп - 1
Шпанско првенство - 2

Во кариерата му фали светско клубско првенство, доколку дојде, се надевам дека ќе го среди тоа :)
 
Во Италија има многу шпекулации дека Интер ќе проба Гвардиола да го ангажира Барса бира нов прецедател кој ке си бара негов тренер.
И весникот на Барса Ел Мундо пиша дека Интер се сврзал со агентот на Гвардиола.
Интер нема да прави експерименти туку ќе ангажира докажан тренер.
Еден од овие ќе ни е тренер Капело,Гвадиола или Хидинг.
 
Точно дека Мур сака што побрзо да стане првиот тренер со титула во ЛШ со 3 различни клубови, ароганцијата и самодовербата му го налагаат тоа, ама сепак мислам дека требаше најпрвин да се обиде да биде првиот тренер т.е. екипа која одбранила титула во ЛШ.
Сака да му докаже на светот дека при преземањето на било која екипа, за 1 година од неа може да направи шампионски состав. Сака да му покаже на светот дека прави условно кажано - магија.

Млад е уште, верувам дека 3ката брзо ќе ја достигне, и ќе иде на многу повеќе :)
 
Најкасно до среда треба да се знае новиот тренер на Интер.
Не е чудно и во текот на денешниот ден.
Кандидат број 1 е Михајловиќ.
Капело негосакам ( кога го молеше Морати тој замина во Јубентус заедно со Моџи освојуваа нелегални титули, ве молам овој немој да го споминате).
Капело има постигнато многу, но сепак не заслужува дафенитивно да биде тренер на Интер, јас верувам дека Масимо Морати нему заборавил кога мангупов одби да седне на клупата на Интер и замина во јубентус со кој се пласира на 20-то место и замина во серија Б.
Хидинк - овој е можеби најдобрата опција за Интер, но веќе има договор со турската федерација.

--- надополнето ---

Во Италија има многу шпекулации дека Интер ќе проба Гвардиола да го ангажира Барса бира нов прецедател кој ке си бара негов тренер.
И весникот на Барса Ел Мундо пиша дека Интер се сврзал со агентот на Гвардиола.
Интер нема да прави експерименти туку ќе ангажира докажан тренер.
Еден од овие ќе ни е тренер Капело,Гвадиола или Хидинг.
Една од шпекулациите беше дека Гвардиола ќе го наследи Мурињо, но за таква варијанта многу се мали шансите, таква опција нема да биде добра ни за Интер ни за Барса.
 
Дечки, со мало задоцнување - честито победа, конечно да дочекаме и ние куп во ЛШ.
Тројна круна еј... Сеуште не ми се верува. :)
 
Ме нарековте инатлив, песимист, но...
Сепак пребарав во првата тема од Фан клуб Интер, и можете да прочитате што сум запишал за Мурињо кога пристигна во Милано. види #http://forum.kajgana.com/showthread.php?3663-Фан-Клуб-Интер&p=1576417&viewfull=1#post1576417
Ај немај гајле се ќе биде во ред Мурињо има доволно киселина во себе , па нема така да дозволи Интер се уште да биде без Лига на Шампиони...Од сега можеме да се спремиме за славење на лигата на Шампиони.
 
28968_1470750530799_1294703031_1286180_908488_n.jpg


Пандев бил на насловна на Билд :)
 
Михајлович веќе постигнал договор со Корвино и од понеделник ја превзема Фиорентина на местото на Прандели кој ќе биде новиот селектор на Италија после светсково ... Линк
 
Е СЕГА Е ЛЕСНО ДА СИ ФАН НА ИНТЕР , ДА ТЕ ВИДАМ НА ПОЧЕТОКОТ НА МИЛЕНИУМОВ ДАЛИ БЕШЕ ЛЕСНО...
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom