Фан Клуб: Интер

Статус
Затворена за нови мислења.
А со автобусот да поминевте од кај Неготино и да заминевме за Мадрид !? :pos:
 
Пријатели мои фанови на ИНТЕР,потенцирам Фанови на ИНТЕР(тука не спаѓаат фановите на Баерн).Дојде време да ја крунисаме оваа успешна сезона на нашиот омилен клуб Интер.Воопшто не се сомневам во успехот од проста причина што елиминиравме екипи кои се шампиони на своите земји и кои се далеку посилни од четата на Ван Гал.Сеуште немам одлучено каде ќе го гледам финалето,но мислам дека со фановите на Интер од ДЕБАР(а не има преку 100),финалето ќе го гледаме како и обично со Думан заедно во нашата среќна звезда,а тоа е БЛУ КАФЕ во Дебар.
За разлика од дуелите со Фарса и Анчелоти,овој дуел ќе го гледам релаксирано,затоа што сум убеден дека оваа круна ја заслужуваме повеќе од епизодата наречена Виола,и дека нашата компактна игра со невиден дух и психолошка свест на максимум ниво,ќе дојде во вистинска кулминација токму на 22 МАЈ во 20 и 45мин.
Поздрав мили мои Фанови каде и да бидете и чекам околу 22 и 35минути да почне вистинската експанзија од синоцрни бои на огномет во Струга,Скопје,Велес,Струмица, Дебар итн.
 
Дечки ке ви дадам убав предлог,сите да идеме во Велес таму ке има видео бим,огномет,моите димни,трубачи, и луда забава !!Ја сеа се договарам со еден член ке ви каже ваљда он за што се работи,можно е да се откупи цел автобус и да идеме за Велес.Ја планирам да идам во Велес и ке отпаднам за Ла кафе,други информации околу ова што кажав ке има утре.позз

кире ако планираш да идеш кажи ни брзо, зашто бројката варира, т.е. се наголемува цело време веќе сме 68 души, а имаме максимум за 60 луѓе...
 
За жал момци јас нема да бидам у Ск инаку ќе дојдев и јас. Како и да е убаво да си поминете па сите да се собереме после финалето на една МАСОВНА пијанка на пр. еве да речеме у парк.

--- надополнето ---

----''Епа момци гледа дека и вие како Мурињо и Морати рано сте почнале трансфер стратегииве па ај викам и ја нешто да пишам.

Прво за она што е сигурно: Diego Milito.
Прочитав по постовите дека некои од нас не се согласуваат за Милито и ќе кажам само три работи за него: доста добра техника, ненормален инстинкт за гол и ненормално многу среќа кога станува збор за одбиени топки. Типот е, за тоа има добар термин во англискиот јазик " POACHER ". Ваков играч не знам дали досега сме имале ако грешам нека ме исправи некој. Моја прогноза со Ибра заедно ќе дадат минимум 40 гола. МИНИМУМ!!!

Tiago Mota - се надевам дека е донесен за да пополни нечие место или евентаулно да игра во многу офанзивен среден ред како последни двајца заедно со Камбиасо со ПЛЕЈ пред нив две крила и еден истурен напаѓач како што играше Барса пред некоја сезона. Али колку е веројатно и изводливо ова и колку Мур би играл така не знам. Само се надевам дека ќе има сезона без повреди да не испадне како со трите гола на Шевченко вредни 30 милиони кога отиде у Челзи првата сезона.

Е сега одбрана. Тука не би менувал многу. Евентуално еден играч да дојде кој ќе игра со се надевам стандардните Маикон и Самуел, и би сакал право да ви кажам Занети да се прекомандува на лева бековска позиција ако може да игра таму. Со таа промена добиваме исто подвижна лева страна како и десната и простор, место за друг играч во средината. Максвел може да биде искористен при евентуален трансфер на Рибери во Интер а плус ги имаме Сантон и Кордобра и што е најдобро и двајцата можат да играат и лево и десно. За малце ќе заборавев тука е и Киву кој исто така може да игра како замена на лева бековска позиција. Ја би сакал или Ricardo Carvalho или Bruno Alves. Сличен тип на играчи по градба и по игра, плус португалци и едниот многу близок со Мурињо. Трансфер на Видиќ нејќам ни да замислам пошо ќе треба многу пари а штом толку веќе се троши на одбранбен играч па да не бидеме глупи, чим више за Видиќ даваме 35-40 милиони евра подобро да дадеме уше 10 ама да го земеме Тери. Крај на приказната, нека помине некој меѓу него и Самуел.

Арнаутович... Ова ми е сумљиво малце. Ако дојде ќе мора не заем да не биде како со Обина. Од друга страна пак може друга е причината за негов евентуален трнсфер во Интер. Можеби Морати на некој начин сака преку него да го задржи Ибра колку шо е можно повеќе. Зашто да не дур не наполни 31-32.
Де Роси е многу талентиран и способен играч, вонсериски само не знам на чие место ќе игра и со оглед на фактот дека веќе доаѓа Мота ми немаат логика овие шпекулации.

Е сега најтешкото нешто. ПЛЕЈ. Искрено мислам дека Диего не е баш за нас. Тоа е играч на кој мора да ти се базира цела игра иначе тешко ќе иде. Нас ни треба некој шо ќе може да пушти топка од нигде до Ибра или Милито. Играч шо ќе даде гол кога никој друг нема, играч кој ќе врши улога како Joker на апаратине никакви у Астра. Рибери е многу добар тоа е неоспорно. Плус не игра цел Баерн за него, за асистенции да не зборам - најдобар али баш тоа му е мааната. Него му е приоритет асистенција а не гол да бидеме реални. Не би се бунел ако дојде у Интер али некако нешто ми фали кај него. И плус уште нема играно во голема лига а за да се земе Баерн ќе бараат минимум 30 милиони. Сепак е ризик според мене. Алтернативи за оваа позиција се и Весли Шнајдер или Ван дер Варт. Нивниот потпис ќе биде полесно да се добие ако победи Перез мајмунот шо ни се мотка околу играчите и тренерот а после глуми лудило. Шнајдер игра централно и странично, Ван дер Варт централно но дали се по вкус на Мурињо не знам. А кој би знаел? Е сега мој фаворит покрај Фабрегас кој навидум е невозможно да се добие е Давид Силва од Валенсија и мислам дека таму треба да се проба среќата. Валенсија моментално се наоѓа во тешка финансиска ситуација и тоа мора да се искористи. Силва е ѕвер. Слободни удари, корнери, дриблинг, техника, добар шут и може да даде гол од нигде. Игра во средина и лево. Ако може Фабегас супер, ако не според мене Силва. Двајцата се млади имаат цела кариера пред нив.

Значи Милито, Мота, Карваљо/ Бруно Алвез, Фабрегас/ Силва и плус уште еден играч со оглед дека си одат Виеира, Круз, Креспо, Фиго, Бурдисо (се надевам многу дека ќе си отиде) и Матераци.

ЦЕЗАР

МАИКОН-------------НОВ ИГРАЧ-----------------САМУЕЛ------------------ЗАНЕТИ

КАМБИАСО
ПЛЕЈ-----------------------МОТА/СТАНКОВИЧ

ИБРАХИМОВИЧ--------------------------------------БАЛОТЕЛИ/КВАРЕЗМА

МИЛИТО

Мене формација многу ми фаќа око. Ибра може да игра и на таа позиција може некој ќе рече дека сум луд али за проба пари не земаат. Со оваа формација ако се навикне Ибра таму мислам дека се освојува Европа. Или сум преголем оптимист. Али на секој шо навива за Интер оптимизмот му доаѓа по DEFAULT.
Поадрав до сите и ФОРЦА ИНТЕР!!!''----

Дечки постов го најдов случајно па морав пак да го постирам да се види кој од почеток знаеше шо ќе праи Милито у Интер итн итн итн
 
Дечки, ме интересира случајно да не е некој одбран од форумов, од страна на 24fudbal.com.mk, за рубриката fan vs fan? Јас пишував за Баерн, па да си прашам дали од тука ми е ривалот.:) Поздрав
 
кире ако планираш да идеш кажи ни брзо, зашто бројката варира, т.е. се наголемува цело време веќе сме 68 души, а имаме максимум за 60 луѓе...
Па речиси 99 посто се договорив со овие од Велес и ке одам таму,извинете што нема да дојдам тука и нема да гледаме заедно и онака ке ми правеа проблем за димните па здравје во наредна прилика пак ке се видиме.Ја напишав претходно да идеме сите во Велес али вие како сакате така,има време може да се договриме сите и да отидеме.Во секој случај сегде каде што ке има собиранка на Интраши посакувам убава атносфера и нормално победа на Интер. И за крај на Деко да не му давате многу да пие хехе поздрав
 
што го направи ти Деко како Гремлин... доаѓа со упаства !!!
 
Ств. еј ... чоек да неможе да си прослави со некое пиво , бави хејтерите =]
 
Маичките ке се делат денес во парк после 16.00 така??? на школка???
 
кире ако планираш да идеш кажи ни брзо, зашто бројката варира, т.е. се наголемува цело време веќе сме 68 души, а имаме максимум за 60 луѓе...
@Marso:
@lF.Al:
... и останатите дечки задолжени за маичките,

Би ви бил благодарен доколку ми пратите една приватна порака (или ме додадете на месинџер) за да се договориме околу фан маичката :)

Поздрафче.
 
Пријатели мои фанови на ИНТЕР,потенцирам Фанови на ИНТЕР(тука не спаѓаат фановите на Баерн).Дојде време да ја крунисаме оваа успешна сезона на нашиот омилен клуб Интер.Воопшто не се сомневам во успехот од проста причина што елиминиравме екипи кои се шампиони на своите земји и кои се далеку посилни од четата на Ван Гал.Сеуште немам одлучено каде ќе го гледам финалето,но мислам дека со фановите на Интер од ДЕБАР(а не има преку 100),финалето ќе го гледаме како и обично со Думан заедно во нашата среќна звезда,а тоа е БЛУ КАФЕ во Дебар.
За разлика од дуелите со Фарса и Анчелоти,овој дуел ќе го гледам релаксирано,затоа што сум убеден дека оваа круна ја заслужуваме повеќе од епизодата наречена Виола,и дека нашата компактна игра со невиден дух и психолошка свест на максимум ниво,ќе дојде во вистинска кулминација токму на 22 МАЈ во 20 и 45мин.
Поздрав мили мои Фанови каде и да бидете и чекам околу 22 и 35минути да почне вистинската експанзија од синоцрни бои на огномет во Струга,Скопје,Велес,Струмица, Дебар итн.

100 души...:zver:

Стај некоја слика да видиме каде тоа навијате 100 души со дресој. :pos:

Не ги лажи луѓево Васица.
 
Кој ќе биде денеска во парк од тука? :)
 
Ја неможам денес да одам затоа што вечер ми е матура,ај нека ме извести некој кога може да си ја земам маицата и дресот
 
Мислев кој од тука ќе ги даваат маичките :)
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom