Фан Клуб: Интер

Статус
Затворена за нови мислења.

Ibracadabra

Волшебник
Член од
21 септември 2008
Мислења
1.299
Поени од реакции
65
И овие од Гоал нешто на наша страна свртеле..
прогнозираат 1-0 за утре..
Да видиш да не веруваш..
 
bojann1

desmosedici rr
Член од
7 ноември 2007
Мислења
1.234
Поени од реакции
41
Зар мислите дека има тим што може да се надигрува со Барса??? Единствен начин за да се спротивставиме на оваа Барселона е да поставиме тактика за да ја неутрализирами нивната без разлика дали ќе биде со четири или пет дефанзивци.

Ако Мурињо реши да игра со Маикон како десно крило а занети го стави како десен бек јас не знам кој ќе игра како лев бек зошто ако игра Киву има да примиме десет гола по таа страна. На секој натпревар што играше Киву играчите по левата крилна позиција си се шетаа и не правеја млади мајмуни.

Нас ни треба среден ред што ќе се утепа од трчење и примарна цел да му биде да го сопре Чави. Ако со сопреме Чави ќе ја сопреми и Барса. Станковиќ во тој поглед ќе биде многу подобар избор од Мота пошто Мота некако е многу флегматичен.

Сепак да не изигравме сите стратези, Морати му дава на Мурињо 12 милионо евра за таа работа, па он нека си ја мисли.

пс Формација со Пандев, Ето, Милито и Снајдер во тимот против оваа Барса за мене е самоубиство во старт. Дај боже да грешам, ќе видиме времето што ќе каже...
 
H

^HITMAN^

Гостин
Се вклучувам покасно на форумот и со мало задоцнување, честитки за победата во петокот против нас. Се чувствувам должен да го направам ова затоа што бев најгласен во бодрењето на Јувентус, но никогаш во навредување на противникот. Поздрав.
 
Ibracadabra

Волшебник
Член од
21 септември 2008
Мислења
1.299
Поени од реакции
65
пс Формација со Пандев, Ето, Милито и Снајдер во тимот против оваа Барса за мене е самоубиство во старт. Дај боже да грешам, ќе видиме времето што ќе каже...
Играта која ти ја посакуваш со играчи дефанзивно настроени мене ми делува на самоубиство. Да се повлечиме сите назад и да чекаме а?
Кога тогаш ќе ни го забодат..
Играта која ја форсира Мурињо е со тројца напаѓачи, онаа која ја милува Барселона години наназад..
А Чави? Највероватно со Кеита и Бускетс во средина.. Не се којзнае колку надмоќни.. Друг беше филмот со Иниеста.. Кога ќе го видам Бускетс ми се повраќа.. Коа може оној играч да биде, тогаш Мунтари е најдобриот плеј..

100 % сум убеден дека излегуваме со 4-2-3-1, а 90 % дека изненадувањето ќе биде Балотели..:pipi:
 
Член од
2 март 2007
Мислења
4.576
Поени од реакции
3.773

На контри...Впрочем и тоа е единствениот начин Барса да се победи, тоа го покажа и Хидинк. Ако мислиш дека дефанзивно ориентирано сигурно ќе примите гол, тогаш па многу офанзивно шансите се уште поголеми тоа да се случи.
Интересно изигра Хидинк и со тоа што стави деснак на левата бековска позиција, со што Меси и не се изнаигра баш тогаш.
 
bojann1

desmosedici rr
Член од
7 ноември 2007
Мислења
1.234
Поени од реакции
41
Играта која ти ја посакуваш со играчи дефанзивно настроени мене ми делува на самоубиство. Да се повлечиме сите назад и да чекаме а?
Кога тогаш ќе ни го забодат..
Играта која ја форсира Мурињо е со тројца напаѓачи, онаа која ја милува Барселона години наназад..
А Чави? Највероватно со Кеита и Бускетс во средина.. Не се којзнае колку надмоќни.. Друг беше филмот со Иниеста.. Кога ќе го видам Бускетс ми се повраќа.. Коа може оној играч да биде, тогаш Мунтари е најдобриот плеј..

100 % сум убеден дека излегуваме со 4-2-3-1, а 90 % дека изненадувањето ќе биде Балотели..:pipi:
Јас не реков да се браниме 90 минути, треба да се најде одреден баланс помеѓу одбраната и нападот. Џабе играме со тројца напаѓачи кога не можеме да го искористиме нивниот потенцијал. Екипи како Фиорентина, Јувентус, Катанија и да не ги набројувам подобрите ни имаа превласт на средината и ни правеа многу пробелми зошто Ето, Пандев и Снајдер кога играат во одбрана исто како да не играат а во напад Ето и Пандев се губат по тие крилни позиции.

Многу ќе биде подобро да имаме четири играчи од средниот ред како што се Станковиќ, Мота, Снајдер и Камбијасо. Ни треба да ја наутрализираме играта на Барса токму во средниот дел од теренот односно Чави, да не му даваме да размислува каде да проигра и како.

Секој што пробал да се надигрува со Барселона го јадел на велико. Не верувам дека Интер ќе може да направи нешто поинакво. Треба стрплива игра да не се летаме многу и најважно да ја искористиме секоја шанса што ќе ја креираме.
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.305
Поени од реакции
15.538
Играта која ти ја посакуваш со играчи дефанзивно настроени мене ми делува на самоубиство. Да се повлечиме сите назад и да чекаме а?
Кога тогаш ќе ни го забодат..
Играта која ја форсира Мурињо е со тројца напаѓачи, онаа која ја милува Барселона години наназад..
А Чави? Највероватно со Кеита и Бускетс во средина.. Не се којзнае колку надмоќни.. Друг беше филмот со Иниеста.. Кога ќе го видам Бускетс ми се повраќа.. Коа може оној играч да биде, тогаш Мунтари е најдобриот плеј..

100 % сум убеден дека излегуваме со 4-2-3-1, а 90 % дека изненадувањето ќе биде Балотели..:pipi:
Па и Дарко Тасевски покрај Чави, Иниеста и Меси ќе биде добар :jaj:
 
The Mummy

The world is not enough
Член од
3 мај 2006
Мислења
5.415
Поени од реакции
181
Одвај чекам да дојде утрешниот натпревар и многу ме интересира како ќе ја постави Мурињо играта. Против Барса се знае отрпилика кој е рецептот, целосен пресинг, игра во одбрана и од средниот ред и игра со физички дуели. За таква игра би биле потребни Мота, Камбијасо, Станкович, Мунтари и тоа би било секако дефанзивна формација која би одела на 0 - 0 или евентуално 1 - 0 ако се искористи некоја шанса. Сепак тоа не е игра каква што би сакал да гледам од италијанскиот шампион на свој терен.

Од друга страна ако сака Мурињо да се обиде да парира во средниот ред, тогаш клучни би биле Снајдер и Пандев, но надигрување со Барса е максимално ризично и неприфатливо.

ЗАтоа и ме интересира на што ќе се реши Жозе и дали ќе се обиде да направи некаква комбинација помеѓу овие 2 тактики.
 
@ki

Whaaaa? :)
Член од
27 декември 2009
Мислења
389
Поени од реакции
22
Е па вака...
Дејството се одвива некаде после ждрепката кога се паднаа да играат Интер и Барса.
Со другарчињата решивме да се консултираме со ВИША СИЛА!

http://img515.imageshack.us/i/26894384496304098672769.jpg/

Еnjoy!

П.С. Одговорот беше само едно кратко "НЕ,нема!"

ОК!Сеа видов дека Иле ја ставил хаха! :)

И да...пцуевме многу :)

superstarpizza

Unsurpassed Сasual Dating - Verified Damsels
Член од
20 септември 2008
Мислења
6.025
Поени од реакции
1.363
Дојде денот кога Гоче наш ке тресне уште еден шпански голман!zabava

Барселона ке клекне вечерва во Милано..... бидете сигурни во тоа.

Што се однесува до изненадувањето тоа ке биде во тактиката а не во играчкиот кадар, Интер ке игра со истиот состав како и со Челзи само шо сеа Мурџо ке биде на клупата.

Интер - Барселона 2-0...(или евентуално 2-1:toe:)
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom