Ајде без нервоза смирете се малку.
Не игравме толку лошо да му е*еш матер, ама по излегувањето на Камбиасо ние останавме со 10 играчи, а тие со 12, пошо Мунтари од нивна беше. Не може стално да се вадиме со два мање... Следниот пат и другата рака нека ја крене кога е во жив зид, да не се мачи Цезар на голот. Како се одвиваат работите, опасно го загрозува Грешко, има шанси да ја реши титулата, во корист на противниците.
Сега знам дека на сите ни се фрла со дрва и камења, мене дополнително, пошто отидов 50 евра зијан наместо 150 ќар. Настрана тоа, игравме против крајно мотивиран противник по тешки услови за игра и пред клучниот натпревар со Челзи, и мое лично мислење е, не мора да се согласите, дека воопшто не игравме лошо. Првото полувреме имавме и посед и контрола на играта, Катанија е таква екипа, играат бункер и чекаат шанса. Второ полувреме по влегувањето на Кварезма живна играта и дадовме гол, се одеше на наша страна до одличниот гол на Макси Лопез кој покажа дека има одлично чувство за простор и за гол.
После тоа се случи Мунтари.
Нема како поинаку да прокоментирам. Нити имаа притисок нити имаа намера да не нападнат... Мунтари им поклони слободен удар, пенал и гол. Од тоа што доби црвен немавме штета.
Сега Думан може да го плука Мурињо или да бараме други виновници, но ова беше натпревар кој никако не беше за губење и го загубивме само поради еден фактор:
Јас барем така го доживеав натпреварот...