Мислам дека е реален конечниот резултат. Парма играше одлично, претрчаа многу, правеа пресинг, и што е најважно се обидуваа да стигнат до голот и да погодат, а не како повеќето екипи кои на случаен поклон ни даваат голови. Биабиани душата им ја извади на дефанзивците посебно на оние повисоките, Лусио и Матераци. Сантон многу полесно излегуваше на крај со него.
За играчите, денес нападот не беше на ниво, што од агресивната игра на домаќините, што од заморот веројатно. Посебно ова важи за Ето, кој никаде го немаше цел натпревар. Милито немаше многу прилики денес. Пандев баш и не ја играше улогата од натпреварот и беше понапред од почетокот, што мислам дека беше грешка зошто немаше кој да поврзе. Сепак, имаше три одлични удари во прво полувреме и неколку одлични потези, добра контрола на топката пред се. Но реков и пред натпреварот дека пожелно беше денес да одмара ова темпо е премногу за него, сеуште не е подготвен. Патем, на колку жолти се паузира? Овој денес му е втор.
Балотели влезе и ја реши и нема што повеќе да се додаде кај него.
Капитенот, Камби и Маикон можеа многу подобро. Средниот ред буквално беше тапа пред влегувањето на Марига кој покажа дека има потенцијал. Сантон одигра одлично по влегувањето имаше еден одличен продор но цел напад заглави во офсајд. Лусио одличен, спаси и чист гол, му ја симна топката од глава на Божинов (или Хименез, незнам кој беше на 5 метри). Изнуди и исклучување на противнички играч.
Добро, со ваков среден ред толку. Со Снајдер и Дејан ќе биде друга песна. Нема што да не бидеме задоволни со бодот, освен што не фативме во кладилница
Ама не чека сега уште едно многу тешко гостување, во кое мора да има измени за да одморат некои играчи. Пандев треба да одмори барем едно полувреме, исто и Ето ама од други причини. Марига, Сантон и Самуел да го започнат натпреварот. Па ќе видиме...