Фан Клуб: Интер

Статус
Затворена за нови мислења.

Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
30.069
Поени од реакции
45.889
100 пати се бољи Интер, Цезар без работа 45 минути но овој Миранте ко магнет е за топкава, секој шут у него оди освен оној првиот на Пандев кога реагираше добро.

Задоволен сум од играта, не од резултатот и нормално не од Ето, ко прв пат да е со екипата делува, скапаната Африка си го направи своето.

Ако продолжат со исто темпо не верувам дека проблемот реализација ке трае и во вторите 45 минути .
 

Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
30.069
Поени од реакции
45.889
Денес е тиња, а и у тим со шампионска амбиција ке биде бетер и од Мело, лесно е да играш у тим со амбиција опстанок или средина на табела, не е материјал за тим кој има поставено цел Скудето плус и атак на ЛШ.
 

Il Fenomeno

non mollare mai
Член од
14 март 2007
Мислења
3.226
Поени од реакции
707
Денес е тиња, а и у тим со шампионска амбиција ке биде бетер и од Мело, лесно е да играш у тим со амбиција опстанок или средина на табела, не е материјал за тим кој има поставено цел Скудето плус и атак на ЛШ.
Е најдобар им е на Парма денес како Бугати Вејрон е, дишат прашина нашите штом Кордоба се мачеше да го стигне замисли колку е брз.
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.624
Поени од реакции
59.475
Ајмо Мурињо стави го и Арна со 5 напаѓачи да играме! хаха
 
M

mercenary

Гостин
Овој Марига може лекции да им држи на Мунтари и Мота.
А за натпреварот...па добро е со оглед на тоа дека игравме без средина.
 
Член од
23 јуни 2008
Мислења
9.265
Поени од реакции
5.045
Ми делуе на продадена утакмица ама ај ....... Како и да е ...... Не знам кој кур му е на Мурињо да го игра Кордоба као лев бек ....... МИЛИОН пати се има покажано дека човекот е КАМЕН ......И не знам зашто му требаше да го извади Ето кога Пандев во второто полувреме беше КАМЕН -.-Не дека Ето беше боље , ама ај ......
 

Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
30.069
Поени од реакции
45.889
Maикон уште летово нека летне, 40 милиони се премија за овој играч, и онака со продавањето на Ибра Интер нема некоја голема корист од бековите, боље да игра некој кој ке го дава максимумот на терен ко да нема утре, него да имаат '' ѕвезда '' која под дифолт си ужива првотимски статус без разлика што е тиња.

Останатите кои разочараа, играта на Ето беше еднаква на нула, али на неговиот дрес не стои презимето Балотели за да го хејтате, Камби исто, еден добар пас не врза, 80% од неговите пасови беа губење на посед.
Матераци дефинитивно веќе не е за прв тим и Мур згреши што го извади Кордоба а го стави Сантон, малиот требаше да влезе на место на Матераци а Кордоба да игра ко централен, и онака Матриксот неможеше против тој убер брз напад на Парма.

Овие ги двојам, иначе у второ скоро сите беа за никаде освен Лусио и Марига, овој вториов се гледа дека и те како ке биде од корист во иднина, потези ала Виеира вади а и пасот до Бало му беше ебење, супер меч изигра така да што се тиче мене Мунтари може уште од сеа да букира тикет кај Хари Реднап у Тотенхем. :)
 
Член од
8 декември 2009
Мислења
2.706
Поени од реакции
2.181
Ето - Камен
Пандев- 1во Звер 2ро ТИЊА
Милито- слабо, еден шут кон гол немаше денес, се извинувам 1
Мота- тапа, Марига сто пати боље изигра
 

Il Fenomeno

non mollare mai
Член од
14 март 2007
Мислења
3.226
Поени од реакции
707
Второто Парма не им се играше одолговлекуваа колку можеа,пет минути немаше ефективна игра.Кога дадоа гол променија тактика на Интер и не одеше.Ето не беше лош трчаше човекот се враќаше во одбрана ќе биде тој топ таман кога ќе треба.Милито немаше простор денес.Пандев со промената на тактиката го снема.Балотели треба да научи дека не игра сам добро изигра но не е секогаш да шутнеш Милито сам му се нуди тој шутира во гол аут.Кога го заградат од секаде тогаш му текне да подаде.
Марига човекот е класа како само се мачеа сите со Биамбијани тој како на мало дете му ја зема топката.Со оваа постава толку не е лошо.
 
Член од
18 јули 2009
Мислења
6.766
Поени од реакции
6.556
Леле одма ги критикувате ко божем сме изгубиле:toe:,не се секирајте и ние беше редно време да кикснеме иако очекував тоа да биде со наполи а не денес:toe:.Се виде дека немаме сила тоа е коа се игра среда-недела,иначе марига се глеа дека е добар играч а за другите денес ништо не изиграа освен пандев каде во прво беше звер:toe:
 

WESLEY 10

В А Р Д А Р Е Ц !!!
Член од
6 јануари 2010
Мислења
1.925
Поени од реакции
332
Ето ни за по риба не го бива, Пандев во прво полувреме звер второ се изгуби. Камби зема неколку топки али и он слабо:toe:, Милито еден шут дали имаше кон гол, како што гледам ни фали Снајдер и тоа како. Иначе Лусио и Марига најдобри Марига е супер играч, борбен знае да направи пас, да даде добра топка:toe: така да Мунтари нека си ги пакува куферчињата и дома:helou::helou:.
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.624
Поени од реакции
59.475
Мислам дека е реален конечниот резултат. Парма играше одлично, претрчаа многу, правеа пресинг, и што е најважно се обидуваа да стигнат до голот и да погодат, а не како повеќето екипи кои на случаен поклон ни даваат голови. Биабиани душата им ја извади на дефанзивците посебно на оние повисоките, Лусио и Матераци. Сантон многу полесно излегуваше на крај со него.

За играчите, денес нападот не беше на ниво, што од агресивната игра на домаќините, што од заморот веројатно. Посебно ова важи за Ето, кој никаде го немаше цел натпревар. Милито немаше многу прилики денес. Пандев баш и не ја играше улогата од натпреварот и беше понапред од почетокот, што мислам дека беше грешка зошто немаше кој да поврзе. Сепак, имаше три одлични удари во прво полувреме и неколку одлични потези, добра контрола на топката пред се. Но реков и пред натпреварот дека пожелно беше денес да одмара ова темпо е премногу за него, сеуште не е подготвен. Патем, на колку жолти се паузира? Овој денес му е втор.

Балотели влезе и ја реши и нема што повеќе да се додаде кај него.

Капитенот, Камби и Маикон можеа многу подобро. Средниот ред буквално беше тапа пред влегувањето на Марига кој покажа дека има потенцијал. Сантон одигра одлично по влегувањето имаше еден одличен продор но цел напад заглави во офсајд. Лусио одличен, спаси и чист гол, му ја симна топката од глава на Божинов (или Хименез, незнам кој беше на 5 метри). Изнуди и исклучување на противнички играч.

Добро, со ваков среден ред толку. Со Снајдер и Дејан ќе биде друга песна. Нема што да не бидеме задоволни со бодот, освен што не фативме во кладилница :) Ама не чека сега уште едно многу тешко гостување, во кое мора да има измени за да одморат некои играчи. Пандев треба да одмори барем едно полувреме, исто и Ето ама од други причини. Марига, Сантон и Самуел да го започнат натпреварот. Па ќе видиме...
 

Cuore Rossonero

Rσššσηєјаσ e ιℓ мισ cυσјає
Член од
18 април 2009
Мислења
2.344
Поени од реакции
345
Незнам само во каква формација играа 4 напаѓачи : Ето,Пандев,Милито,Балотели ... многу храбро од Мурињо ..ама сега видов дека имале црвен парма :tv:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom