Мурињо мета на македонски киднапери
Тренерот на Интер, Жозе Мурињо, бил мета на македонски киднапери. Четворица македонци со италијанско државјанство ковале план за негово киднапирање.
Уапсени се од полицијата во Џенова, објави e-reporter. Во Интер не се многу вознемирени од веста. Пандев за А1 изјави дека утрото се видел со Мурињо но за случајот не станало збор. Еве дел од разговорот со Пандев.
Дали го прашавте Мурињо за таквата информација која што проструи овде?
„Да ти кажам искрено, не, ние само се спремаме бидејќи утре имаме важен натпревар против Парма и никој не зборуваше за тоа. Јас само видов од новини и не зборувавме за тоа“, вели Горан Пандев.
А, тренерот ви беше вознемирен, нешто почувствувавте?
„Не не. Како секој тренинг и денешниот беше добро расположен, имаше добра комуникација со сите и не видов дека нешто не е во ред“, рече Пандев.
Како го обезбедуваат Мурињо кога се движи, низ улиците?
„Не знам како го обезбедуваат, он живее со фамилијата во вила, сигурно има луѓе кои се грижат за неговата фамилија“, додаде Пандев.
Не се шета со обезбедување?
„Не, не“, рече Пандев.