Незнам дали ви текнува летоска кога се дебатираше за Ибра и Ето, некои овде викаа дека Ибра во Барса, во Шпанско првенство каде се игра за гол повеќе од противникот ,во тим каде за асистенти ги има Чави, Иниеста и Меси...Ибра уште првата сезона ќе постигнел 40 гола, што ставрно беше апсурдно.
Сега мислам дека ќе се види убаво дека не е така лесно да се надминат 30те гола на Ето во една сезона, само во Ла лига, иако ќе повторам и Ибра ги има Иниеста, Чави и Меси за соиграчи. Некој идеше и до таму дека штом Ибра дал 25 гола во калчо дефакто во Примера ќе постигнел 50 гола.
Е сега, факт е дека ова му е само прва сезона на Ибра, но по тоа што го гледам, по неговата поставеност на терен, и по шансите во кои влага мислам дека тешко ќе ја надмине цифрата на Ето наредниве години. Али живи били па видели.
Иначе морам да напоменам дека јас генерално сум задоволен од Ибра иако знаев дека ќе биде далеку од цифрите што многумина овде ги тврдеа.