Лани беше друг муабетот. желба на мурињо беа -
Лампард Мансини и Кварезма.
најверојатно за да ја игра оваа формација
:
----------------------цезар----------------------
Мајкон----------Самуел---Киву----------Максвел
---------------------Камбиасо-------------------
------------Занети-------------Лампард----------
Кварезма---------------------------------Мансини
--------------------Ибрахимович------------------
Што на лист изгледа страшно добро, само лампард во последен момент се повлече и наместо него го зема мунтари, и ако се сеќава некој лани на стартот оваква формација игравме па после кога се замрси работата олабави мурињо виде дека згреши.
Оваа формација не е за италијанско, а уште помалце со неверојатно лошата форма на мансини и кварезма која ги држи веќе 2 години.
(ја
с сеуште неможам да поверувам како може и двајцата играчи донесени со мега трансфери, наеднаш така да паднат навистина чудно.)
Едино Мунтари кој дојде како 2ра опција на Лампард,лани изненади, скоро никој не очекуваше дека Мунтари ќе блесне во Интер. Лани Мунтари беше еден од најдобрите играчи на теренот, иако оваа година е најслаб.
Е сега сезонава мурињо поинаку направи концепт, со идеја да воведе плејмејкер, нешто што Син го бае овде на форумов откако го знам.
треквартиста што би рекол Мур.
Трансфер желби - за оваа година-
Милито,Мота,Карваљо, и треквартиста(го криеше името до самиот крај).
----------------------цезар----------------------
Мајкон----------Самуел---Карваљо---Киву/Сантон
---------------------Камбиасо-------------------
-------------Занети-----------Мота/Мунтари-----
---------------------Треквартиста---------------
-------------Милито-----------Ибрахимович------
Мурињо го посакуваше Карваљо, ама преговорите одеа тешко а Лусио им испадна ко кец на десетка, го фанаа него и мислам дека не погрешија.
Милито и Мота, е за овие двајца од мене поголем скептик немаше, посебно за Милито, уште кога ке му го видиш профилот, 31 година - екипи сарагоса и џенова, и си викаш мурињо пие тромадоли со поминат рок. ама испадна обратно, Милито ѕвер(мудро и солидно, што би рекол еден колега).
Е сега за Мота пак ке кажам тоа што викаше Син, една сезона изигра топ, ама ќе се повреди и ќе се мачи цела сезона, така и испадна работата. тек последнава утакмица мрдна малце со јуве.
И последниот треквартиста, Мурињо никогаш не откри кој ќе биде само цело време баеше треквартиста треквартиста... дури и досаден стана.
Кога замина Максвел требаше Хлеб да дојде, ама замина во Штутгард(или таму некаде, а и не сум баш сигурен дека тој може да игра на оваа позиција) дојде август почна реал да продава и на сите им беше јасно дека интер го брка Снајдер. моето мислење за играчов од тогаш подобро да не го откривам, само ќе споменам дека го прогласив за
пропалица,некомпетентен и неспособен да направи одлука за промена а камоли да дојде и да биде лидер - исходот сами го знаете.
За трампата Ето - Ибра нема да зборувам да не правам инциденти
Вчера едно детенце што редовно ја гледа барса и тоа на Алфа ТВ што би се рекло свршува на Барса а освен првата постава и тренерот ништо не се разбира постираше линк од некое истражување Барса имала најјак напад со
31 гол од напаѓачите Ибра-Педро-Меси.
Да ве потсетам Милито 13+Ето 9+ Балотели 6 =
28. во лига која е двојно позатворена од шпанска со комплетно нов тим резултат постигнат од играчи кои на трансфер пазарот имаат двојно помала цена од претходно споменатите.
Што ми е целта на постов - да ви докажам дека не ме мрзи да типкам на тастатура за подолги постови
Се шалам(
се шегувам треба да стој), едноставно Мурињо иако е еден од најдобрите тренери кога дојде лани во Италија знаеше само Италијански јазик, и НИШТО од играта во Италија. се потврди дека е тренер кој има многу среќа, а и богами богати претседатели за да ги крепат неговите луди идеи.
Колку е способен мурињо може да се потврди и со тоа што скоро сите фанови не убеди дека е голем тренер и дека со идеалната 4-3-3 ќе газиме се, и дека Ибра нема да види Аир од нафрлени топки.
Крајот го краси делото, не исфрлија од ЛШ, ама го задржавме скудетото благодарение на Ибра. е сега стапува на сцена вистинскиот МУРИЊО или The special ONE поучен од искуството од ланската сезона, плус тетратката што ја врти насекаде во текот на летото произведе таков тим, кој во
просечна форма без повредени играчи може да победи секого.
Сеа некој ќе рече Снајдер е финтата, да не беше он, да не беше Милито да не беше незнамтикој. Не е тоа работата, работата е тимскиот дух, што вели Син КАРАКТЕР БЕ БАТКА,МУДА. наместо да молиме бога Ибрата да направи маестрален потег, сега сакаме само мал притисок, а голот сам доаѓа. тимски дух, доверба едни во други и постигнуваат се, и најважно од се Мурињо и неговата стручност која не само што ги мотивира играчите туку и не дозволува да падне лош збор за нив. Мурињо е оваков,онаков зборувач озборувач јадач на г*/на ама од друга страна немаме инциденти во тимот кој го краси оној тимски дух кој го гради карактерот што ни ги носи победите.