Земјотрес на Сан Сиро
Земјотрес од 7.0 степени според Рихтеровата скала го погоди вчера Сан Сиро,најпогодени од оваа природна катастрофа беа за жал играчите на Интер кој паѓаа како покосени на секој лош поглед упатен од страна на противнците
Идеме прво вака,објективната верзија за Reborned:
Натпреварот започна фуриозно како што и се очекуваше,по само 2 минути игра стравотен удар на Снајдер кој за малку не заврши во горниот десен агол од голот на Дида,несреќа за Снајдер.
Милан веднаш врати со еден центаршут по земја на Антонини кој Бориело го испрати на трибините.Но Интер не застана тука.По еден соло продор на Пандев и мешаница во шестнаесетникот Снајдер дојде очи во очи со Дида но шутираше токму во него.И иако играта постојано се префрлаше од едниот на другиот крај домаќините беа они кои постигнаа гол.Пандев со одличен пас го најде Милито,и Абате со својата несигурна реакција му ја остави топката на Милито кој и неможеше да згреши од таква позиција.
Интер повторно удри од контранападот,и повторно Пандев-Милито,но пак Дида спречи водство од 2-0 и преран крај на натпреварот .
Во 25тата минута се случи клучниот пресврт кој го одлучи натпреварот:Имено по една глума на Лусио,кој иако беше фаулиран незнаеше дали да продолжи или да падне доби жолт картон за таа реакција,бурно реагираше Снајдер со ироничен аплауз кон судијата,и земајќи го предвид фактот дека и претходно истиот играч имаше еден испад кон судијата жолтиот картон не му бегаше,но не беше само жолт,туку и црвен!Очигледно
многу лоши италијански пцости упатил холанѓанецот па што го натерало судијата Роки така да изреагира.Страстите едвај се смирија и по паузата од неколку минути играта продолжи и во 38мата слободниот удар на Пирло се одби од Лусио и заврши над пречката на Цезар кој имаше одлична вечер.
Сидорф влезе на местото на индиспонираниот Гатузо и првите 15 минути од вториот дел беа одбележани
со трите шанси на Бориело (????) во кои ниеднаш не беше прецизен.Интер беше притиснат на својата половина,и единствено одеа напред преку контранападите,и во еден од нив Пандев ја погоди стативата откако го лобуваше Дида.
Во 65тата минута земјотресот удри,и Маикон падна како да го мавнале со палица,иако по повторената снимка јасно се гледа дека немаше никаков контакт со Фавали,кој патем доби жолт картон за апсурдот да биде поголем.
По ова,можевме да го слушаме Дида како вика “Cinque!Cinque!”(алудирајчи на 5 играчи во живиот ѕид),а во Интер веќе беше спремна замената за Пандев,но сепак Мурињо инсистираше токму Пандев да го изведе слободниот удар па потоа да го напушти теренот.Тоа и се случи,и иако ударот на Горан беше одличен Дида несмееше да си дозволи да запре на пола пат и да не го скроти ударот.
2:0 за Интер и воедно сигурна предност пред последната третина од натпреварот.
Се потоа беа очајнички обиди на гостите најчесто преку удари од далечина да го загрозат противничкиот гол.На почетокот на судиското продолжение од 5 минути,на судијата конечно му текна дека играат два тима па конечно се реши да покаже на белата точка.Цезар одлично го прочита ударот на Роналдињо за кој ова му е второ промашување од пенал,и притоа има 5 гола постигнато од истото место.
Крај на натпреварот,Интер се здоби со предност од 9 бода пред Милан и по се изгледа дека борбата за титулата е завршена.
А сега малку од друг аспект...
Изедначена игра на почетокот но сепак Интер тргна малце похрабро и им се исплати тоа.Катастрофална грешка на младиот Абате која Милито ја искористи.
Потоа следеше црвениот картон на Снајдер и моментот во кој ѓубрето Роки се швркна.Играчи во сино-црно паѓаат на сите страни,
пропагирање на антифудбал од таканаречениот шампион на италија
со што изгледаше како да играат големи против мали!!
Како фаворит да игра против мал тим на кој единствената цел му е да не изгуби!Додајте го ова и влечкањето на времето,притоа гореспоменатиот Лусио барем 4 пати имаше проблеми со опремата,односно врзуваше копачки и му паѓаше костобранот-очигледно гнсните треба да поработ повеќе на својата опрема.
И кога на ова ќе му го ставиме шлагот односно секоја следна одлука беше донесена на страната на Принтер сите веќе бевме свесно каков тажен фудбалски меч гледаме.
Финито.
Меч ништо поразличен од оној пред една година,во кој да потсетам ги немавме Неста,Гатузо,Кака,Бориело...нешто слично се одвиваше и овојпат но нема врска нели?Плачковци сме така? : )
Кога ќе ги чуете они напатени души таканаречени навивачи на принтер кој имаат проблеми околу сексуалната ориентација и психички растројства како гакаат,покажете им ги сликите од постот на Навигатор-4-3-3-3 притоа риплај на коментарите на математичарот Мурињо кој изјави дека и со 7 играчи ќе победеле.Па ок...ондак зашто не играле со 2ца играчи??Потсетете ги дека она големо метално парче со испишани датуми наречено ТРОФЕЈ ВО ЛИГАТА НА ШАМПИОНИТЕ постои,и дека Роналдињо го поздрави Камбијасо,ПАК
По ова нема многу што да се мисли нели?Го оставаме ова парче ѓубре од нашата импресивна историја зад нас и одиме напред,кон нови предизвици.