Ако добро се искомбинираат, нема да изгледа провокативно. Не секогаш провокативното значи и потреба за внимание и глупост кај девојката. Мене искрено ми се допаѓаат, но не би ги облекла затоа што јас сум покрупна и нема да ми стојат, но вакви со некоја подолга туника би изгледале навистина убаво и пристојно и не провокативно.
Не знам како ги поврзувате провокативното со глупавото. Значи ако некоја девојка се дотера и изгледа малку провокативно е глупава? Мислам навистина многу поплитко е судењето на човекот според тоа како изгледа или како е облечен, отколку носењето на таквата облека. Предрасудите се наголемата глупост, посебно предрасудите спрема облеката.
Кажи ми што има тука провокативно :
Или тука:
Како и тие сликите од постот на росоњерка, исто не знам што има плитко во нив.
Заборавив дека веќе не е битно што човек си, туку што носиш. И сите кои наводно се бунат против предрасуди, први се да плукаат, само затоа што они не се во тој фазон. Први се да делат и лепат етикети и за нив девојка што ќе облече тесни хеланки е глупава и плитка. ОМГ. треба малку да се запрашаме што има под површината, не да глумиме хардкор и да мразиме се што не е како нас и уште одозгора да му лепиме етикета.
Нормално дека е прашање на вкус. Во ред е, мислам не ни треба на сите да им се допаѓаат, нормално е тоа. Ама ако не му се допаѓа на некој нешто, не значи дека тоа е плитко. Затоа што ако е така сите сме најпаметни и многу длабоки, а оние што носат деколте се површни. Која глупост еј.