Јас би рекол и ова да се забрани. Поголема е опасноста од фрлен отпушок (кој скоро секогаш уште гори кога е фрлен) да се запали цел парк, отколку од димот што јас,ти и секоја друга рандом персона би си наштетиле со чадот.
Ајде сега накај шумски пожари отидовме?

Зошто некој би фрлал неизгасени пикавци, освен ако не е злонамерен или недоквакан? Башка што и за фрлање ѓубре и за заштита на шумите имаме други одделни закони.
Има трето друже. Јас, а и батката сме непушачи на кои законов им е глуп како машки полов орган. Сакал ти или не, има и такви луѓе. Си се грижам јас за здравјето со редовни контроли на лекар. Ако ти не го правиш тоа па се плашиш од цигариве, тоа е веќе друго. Многу недоветни класификации на луѓе правиш.
Едно е да мислиш што сакаш а друго тоа мислење издржано да изнесеш па и одбраниш. Еве почни со како тоа „редовни контроли на лекар„ можеш да се заштитиш од пасивно пушење? Дали воопшто детално си се информирал за ризиците и последиците? Мислиш дека некако ќе ти се запали црвено на семафорот и ќе ти каже докторот (не дај боже): синко од утре да не вдишуваш концентриран тутнски дим, уште малку и ...
А не се само тие најтешките компликации (за кои треба поголемо изложување), почестни и понепосредни последици се кашлање, иритација и солзење на очи... Каде се луѓето со хронични проблеми, а кои иначе се во ред кога не се изложени на тутунски чад?
Недоветни класификации?
Или не ти е гајле за здравјето или не си информиран (во што спаѓа и не сакаш да си информиран)... како што реков трето нема.
И едно прашање... Си размислил ти некогаш за човековото право на слобода на избор?
Ќе пушам ако јас сакам, каде сакам и кога сакам се додека сопственикот на локалот го дозволува тоа. А бидејќи сопствениците немаа ништо против, не гледам кој е проблемот. До сега ни еден непушач не се пожалил на димот вака жестоко. Кај беше до сега да скокаш против пушачите?
Слобода на избор?
Каде е мојата слобода на избор? На непушачите (мнозинството), на вработените и другите што службено мора да се во таквите места?
Сопствениците на локалите ќе ги оставиме да ни ги носат законите?
Они се као најквалифицирани...
да мислат на сопствениот профит!
Ај нив ги разбирам, ама ајде сите да се правиме слепи и да не гледаме подалеку од носот...
Каде бев јас?
На форумов можеби не бев, ама не зборувај како да ме знаеш лично. Кај мене дома не се пушело никогаш.
А ај да те видам тебе да се побуниш во преполн задимен кафич, како што беше пред законов... „Ве молам не пушете внатре, ми смета!„
Балкан е ова бре, само со закон по џеб пошто друго разбирање нема.
Сите си мислат дека можат да прават што сакаат а и ако некој им укаже зошто мисли дека не се во право -или се повикуваат на илјада други глупости или „одблиску„ се „решава„ работата...
Во иднина пробај да ми се обраќаш во женски род, не ми го дискриминирај и полот.
Извинување.
Ама во моја одбрана ниту по никот ниту по именки/заменки/граматика не можев да заклучам... :wink:
И да, сум размислила, ама сепак сум си донела свој став така да не очекувај дека со твоето прашање и длабоки зборови ќе смениш нешто ,не само кај мене ,туку кај било кој. Јас само си коментирам, не барам некој да ми менува мислење.
упс...и за тоа не ти искоментирав...За неинформираноста...Верувај дека сум многу поинформирана отколку шо мислиш, ама сепак, секој си има право на избор.
Како ова го менува моето тврдење дека или си неинформирана (ок, велиш дека не си) или
дека не ти е гајле за здравјето?