Реакции на Законот против пушење на јавни места

  • Креатор на темата Креатор на темата *-----*
  • Време на започнување Време на започнување

Дали законот ке влијае врз економијата и слободното право на избор

  • Вкупно гласачи
    714
Абе луѓе не споредувајте со други европски земји, далеку сме од нив.
Глејте тука да се опраи за сите да биде добро батали тоа.:toe:
 
Лурц. Дали, ти лично, би се сложил со некаква дополна на законот која дозволува поставување на некакви помали, добро изолирани и посебно вентилирани простории за пушење со строго дефинирани карактреристики, која самите фирми/локали би одбрале дали треба да се направат кај нив? (значи необврзувачки)

Има и подобро и поефтино решение, на големите хипокондрици на влезот во секој локал да им се даваат гас маски.

А..што викаш за ова решение..едноставно е и практично...плус дава 100% заштита од се гасовито и миризливо:helou:
 
И ова може да се земе како решение.Така ванлок ќе нема гајле од заболувања во кафиќи и задоволно ќе се насмевнува под гас маската.
 
Кога сме веќе кај такви решенија, Воне ти можеш да попушиш и нешто што не дими... :helou: на пример вакво нешто:

http://www.smokelessdelite.com/

sd-products-2.jpg

Дури викаат на долги стази и поевтино било, си мењаш кертриџи и си ја чарџаш цигарата директно од штекер. На околина не сметаш а ти си чуриш, па уште и легално е... можеш фраер да им се правиш на законодавците. Убавина.

СВЕТИОТ ГРАЛ ЗА ПУШАЧИТЕ!!!

И ова може да се земе како решение.Така ванлок ќе нема гајле од заболувања во кафиќи и задоволно ќе се насмевнува под гас маската.
Ете и за тебе добар совет, ем пушење ем нема димење.
 
Штета,секакво пушење е забрането на јавни места,иначе предлогов ќе го земевме во обзир.Затоа останува втората варијанта во која самиот ќе внимаваш на своето здравје:
1930s_gas_mask.jpg
 
Да не му праам беља на Гладиус, бришано.

Тие ги гледав, бааги се солени, негде 6-7000 коштаат. Плус баш праевме муабет, ако келнерот нема појма, па види дим (оддалеку) па ти удри една...додека се разберете ојде возот :)
 
Штета,секакво пушење е забрането на јавни места,иначе предлогов ќе го земевме во обзир.Затоа останува втората варијанта во која самиот ќе внимаваш на своето здравје:

Ај сега озбилно малце, твојот предлог не е хигиенски... освен ако не делат гас маски за еднократна употреба! А и комфорот ќе го изгубам, ќе мора да излегувам надвор да се напијам од пијачката. :)

Инаку електронската цигара ти е сосема легална, прочитај убаво -тоа што го испуштаат на видеата не е дим од тутун туку водена пареа за естетски дојам.

П.С. Рејзор, одличен предлог ти е смоук танкот! :wink:
 
Иако сум непушач, сепак не го подржувам законов. Да не се лажеме убаво ми е кога си седам без да се гушам во дим од цигари :) ама мислам дека ептен се дискриминирани пушачите. Јас разбирам да се забрани пушењето во ресторани, или јавните институции ,ама во кафичите е незамисливо.Луѓето од работа одат во кафич да седнат,да си испијат едно кафе и да си испушат по некоја цигараа,од причина што и на работа се ограничени. А сега и тоа им е оневозможено. Жалче :nesum:
Сепак мислам ќе падне законов кога и да е.
 
Имам среќа што не сум во Македонија, па се уште не сум ги осетил благодетите на непушењето. Каква глупост е законот, кого штитат? Мене сигурно не. Јас сум пушач и сакам да излегувам по кафетерии и локали каде што се пуши, така да ако на некого му смета чадот и миризбата од мојата цигара, нека не влегува во места каде што се пуши. Нека одат по паркови да дишат чист воздух, нека јадат само вегетаријанска храна и нека не се бакнуваат затоа што со бакнувањето се пренесуваат разни болести од кои може да се УМРЕ.
Чист расизам, чист возух по кафиќи.
 
Каква глупост е законот, кого штитат? Мене сигурно не. Јас сум пушач и сакам да излегувам по кафетерии и локали каде што се пуши, така да ако на некого му смета чадот и миризбата од мојата цигара, нека не влегува во места каде што се пуши. Нека одат по паркови да дишат чист воздух, нека јадат само вегетаријанска храна и нека не се бакнуваат затоа што со бакнувањето се пренесуваат разни болести од кои може да се УМРЕ.
Чист расизам, чист возух по кафиќи.
Лошо си разбрал пријателе, тебе од самиот тебе не може никој да те штити. Ме штитат мене и другите непушачи што не сме должни да те трпиме тебе. Ти можеш да одиш по паркови да пушиш.

Местата каде што се пуши се дома и надвор на отворено... па и во паркови ако сакаш.

Иако сум непушач, сепак не го подржувам законов. Да не се лажеме убаво ми е кога си седам без да се гушам во дим од цигари :) ама мислам дека ептен се дискриминирани пушачите. Јас разбирам да се забрани пушењето во ресторани, или јавните институции ,ама во кафичите е незамисливо.Луѓето од работа одат во кафич да седнат,да си испијат едно кафе и да си испушат по некоја цигараа,од причина што и на работа се ограничени. А сега и тоа им е оневозможено. Жалче :nesum:
Сам себе убијал... :)
Ти батка ако си непушач, тогаш си или неинформиран или не ти е гајле за здравјето... трето нема.

Кажи јас немам право после работа да одам во кафич на кафе и/или пијачка без да ме трујат со дим од тутун?
Вработените и другите што службено мора да се во кафичите немаат право на невдишување дим?

Си размислил некогаш за ова? :wink:
 
Местата каде што се пуши се дома и надвор на отворено... па и во паркови ако сакаш.
Јас би рекол и ова да се забрани. Поголема е опасноста од фрлен отпушок (кој скоро секогаш уште гори кога е фрлен) да се запали цел парк, отколку од димот што јас,ти и секоја друга рандом персона би си наштетиле со чадот.

Сам себе убијал... :)
Ти батка ако си непушач, тогаш си или неинформиран или не ти е гајле за здравјето... трето нема.

Кажи јас немам право после работа да одам во кафич на кафе и/или пијачка без да ме трујат со дим од тутун?
Вработените и другите што службено мора да се во кафичите немаат право на невдишување дим?
Си размислил некогаш за ова? :wink:
Има трето друже. Јас, а и батката сме непушачи на кои законов им е глуп како машки полов орган. Сакал ти или не, има и такви луѓе. Си се грижам јас за здравјето со редовни контроли на лекар. Ако ти не го правиш тоа па се плашиш од цигариве, тоа е веќе друго. Многу недоветни класификации на луѓе правиш.
И едно прашање... Си размислил ти некогаш за човековото право на слобода на избор?
Ќе пушам ако јас сакам, каде сакам и кога сакам се додека сопственикот на локалот го дозволува тоа. А бидејќи сопствениците немаа ништо против, не гледам кој е проблемот. До сега ни еден непушач не се пожалил на димот вака жестоко. Кај беше до сега да скокаш против пушачите?
 
Во иднина пробај да ми се обраќаш во женски род, не ми го дискриминирај и полот.
И да, сум размислила, ама сепак сум си донела свој став така да не очекувај дека со твоето прашање и длабоки зборови ќе смениш нешто ,не само кај мене ,туку кај било кој. Јас само си коментирам, не барам некој да ми менува мислење.

упс...и за тоа не ти искоментирав...За неинформираноста...Верувај дека сум многу поинформирана отколку шо мислиш, ама сепак, секој си има право на избор.
 
Јас би рекол и ова да се забрани. Поголема е опасноста од фрлен отпушок (кој скоро секогаш уште гори кога е фрлен) да се запали цел парк, отколку од димот што јас,ти и секоја друга рандом персона би си наштетиле со чадот.
Ајде сега накај шумски пожари отидовме? :)
Зошто некој би фрлал неизгасени пикавци, освен ако не е злонамерен или недоквакан? Башка што и за фрлање ѓубре и за заштита на шумите имаме други одделни закони.

Има трето друже. Јас, а и батката сме непушачи на кои законов им е глуп како машки полов орган. Сакал ти или не, има и такви луѓе. Си се грижам јас за здравјето со редовни контроли на лекар. Ако ти не го правиш тоа па се плашиш од цигариве, тоа е веќе друго. Многу недоветни класификации на луѓе правиш.
Едно е да мислиш што сакаш а друго тоа мислење издржано да изнесеш па и одбраниш. Еве почни со како тоа „редовни контроли на лекар„ можеш да се заштитиш од пасивно пушење? Дали воопшто детално си се информирал за ризиците и последиците? Мислиш дека некако ќе ти се запали црвено на семафорот и ќе ти каже докторот (не дај боже): синко од утре да не вдишуваш концентриран тутнски дим, уште малку и ...
А не се само тие најтешките компликации (за кои треба поголемо изложување), почестни и понепосредни последици се кашлање, иритација и солзење на очи... Каде се луѓето со хронични проблеми, а кои иначе се во ред кога не се изложени на тутунски чад?

Недоветни класификации?
Или не ти е гајле за здравјето или не си информиран (во што спаѓа и не сакаш да си информиран)... како што реков трето нема.

И едно прашање... Си размислил ти некогаш за човековото право на слобода на избор?
Ќе пушам ако јас сакам, каде сакам и кога сакам се додека сопственикот на локалот го дозволува тоа. А бидејќи сопствениците немаа ништо против, не гледам кој е проблемот. До сега ни еден непушач не се пожалил на димот вака жестоко. Кај беше до сега да скокаш против пушачите?
Слобода на избор?
Каде е мојата слобода на избор? На непушачите (мнозинството), на вработените и другите што службено мора да се во таквите места?

Сопствениците на локалите ќе ги оставиме да ни ги носат законите?
Они се као најквалифицирани... да мислат на сопствениот профит!
Ај нив ги разбирам, ама ајде сите да се правиме слепи и да не гледаме подалеку од носот...

Каде бев јас?
На форумов можеби не бев, ама не зборувај како да ме знаеш лично. Кај мене дома не се пушело никогаш.
А ај да те видам тебе да се побуниш во преполн задимен кафич, како што беше пред законов... „Ве молам не пушете внатре, ми смета!„

Балкан е ова бре, само со закон по џеб пошто друго разбирање нема.
Сите си мислат дека можат да прават што сакаат а и ако некој им укаже зошто мисли дека не се во право -или се повикуваат на илјада други глупости или „одблиску„ се „решава„ работата...

Во иднина пробај да ми се обраќаш во женски род, не ми го дискриминирај и полот.
Извинување.
Ама во моја одбрана ниту по никот ниту по именки/заменки/граматика не можев да заклучам... :wink:
И да, сум размислила, ама сепак сум си донела свој став така да не очекувај дека со твоето прашање и длабоки зборови ќе смениш нешто ,не само кај мене ,туку кај било кој. Јас само си коментирам, не барам некој да ми менува мислење.

упс...и за тоа не ти искоментирав...За неинформираноста...Верувај дека сум многу поинформирана отколку шо мислиш, ама сепак, секој си има право на избор.
Како ова го менува моето тврдење дека или си неинформирана (ок, велиш дека не си) или дека не ти е гајле за здравјето?
 
Како ова го менува моето тврдење дека или си неинформирана (ок, велиш дека не си) или дека не ти е гајле за здравјето?

Ти едноставно не сфаќаш дека секој си има право на свој избор. А тоа право, верувај дека многу менува. Ако тој некој не се секира за влијанието шо го предизвикуват цигариите, шо има јас или ти или кој и да е ,да му солиме памет ... џабе ти е. Па ако толку се секираш за своето здравје,не излегувај од дома, на крај краева, сокриј се под стаклено ѕвоно што викаат. Изолирај се комплетно. Не излегувај од дома, престани да се дружиш со сите...
Болестите демнат на секој агол. А ти некој хипохондрик да не си :smir:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom