Како прво можеш да го тргнеш ироничното "

". Не е воопшто смешно тоа што се раѓаа години и години ќопави деца поради топилницата и на никој не му беше грижа за здравјето и животот на тие деца. И не, неможеш ти да ми помогнеш, можеа да помогнат оние што сега како слеп за стап се фатија за нашето здравје. И упорно целиш на тоа како се тие загрижени за нашето здравје. Ако беа загрижени за навек ќе ја снемаше топилницата од Велес,а не да слушам дека има нови подготовки за нејзиното отварање. Него нај не сфатливо ми е тоа што додека немаше никаков закон воопшто не ви сметаше и никогаш, никогаш за моиве 19 години не сум слушнала, видела организиран протест од непушачи за заштита на нивното здравје. Сега рипнавте сите. Сега на сите ви е важно здравјето. Каде бевте години уназад да се бунтувате како што се бунтувате сега како тоа димот од цигарите ви пречи. Не сакам да внесувам политички оф топици во моите постови затоа ќе прекинам тука.