Реакции на Законот против пушење на јавни места

  • Креатор на темата Креатор на темата *-----*
  • Време на започнување Време на започнување

Дали законот ке влијае врз економијата и слободното право на избор


  • Вкупно гласачи
    714
Ок законот е мене не ми смета овој закон оти не сум пушач мене ми годи овој закон затоа што до сега искрено не се трпеше на некои места од чадот од цигарите
 
точно така. еден куп луѓе докажаа (пасивно пушење) глобално затоплување, зоо-грипови ол кајнд, си испоотврорија хуманитарно, медицинско невладини перални на пари за кампањи. И замисли, сите сега некој ќе ги истражува.... мамето нивно и во јајце „праведно„ влакно бараат....:tapp:

Иди објасни им на Малдиви и на други како нив дека глобалното затоплување е мит. Што те боли за нив, Скопје си е на 250 метри над нивото на морето... А тек од Битола ако си, нема проблем, што ти е гајле за тие другите -нека се дават, кој ги терал да живеат „на места што тонат„ (како што љубите да кажете, кој ве тера да одите на места „на кои се пуши„)

За актуелниот грип, пак не си во право. Тие што се офајдија не се никакви невладини организации туку ќарот е кај најголемите фармацевтски компании. И едно е што работата е со вистинска основа за плашење (прочитај малку за претходните пандемии од животински грипови) а друга работа е тоа што еден релативно млак и слаб вирус се искористи за профит на фармацевтските компании (и провизии за тие што одбираат од кој од нив да купат)...


Во секој случај, немој да се обидеш да ја видиш поврзаноста меѓу безброј научни студии и испитувања за штетноста од пушењето и од пасивното пушење.
Бутни си ја главата во земја, како ној, и уверувај се себе дека сите прават завера против тебе, пушачот...


„Убедени сме дека овој Закон, со кој е предвидена целосна забрана за пушење и во угостителските објекти, нема да го даде очекуваниот ефект туку ќе произведе дополнителен револт и загуби во угостителството со многу лоши последици“, се вели во писмото.
Читај: „Убедени сме дека овој Закон ни ги намалува профитите а поважен ни е ефектот врз нашиот џеб одколку ефектот врз економијата на целата земја. Сега нема да можеме да си дозволиме (пре)скапи коли, (пре)големи куќи и секакви луксузи. Нека ви биде малку жал за нас!“, велат расплаканите угостители, леејќи крокодилски солзи.


А на сите што го спомнуваат непочитувањето на законот од страна на Албанците... кажете ми нешто ново. И кажете ми која влада до сега не водела политика со двојни стандарди спрема нив?
Само не се секирајте, кај и да е ќе заигра мечка и кај нив... само да не се погодите во такво место кога ќе се случи тоа.
 
Од аспект на законов постојат три вида луѓе

Пушачи
Непушачи
Закоравени антипушачи (во однос на пушачите)

Непушачите не ги закачам затоа што и тие како и пушачите не принудуваат никого на ништо (да се пуши или не) но антипушачите нека се гонат УПМ...погадни створења нема.

smukanje smrdea i dozivuvanje psihicko zadovolstvo od toa ne e gadno i nastrano neli?
ili gadno e koga nekoj reagira deka smrdeata mu preci?
koj e gadniot tuka?
 
Абе глејте најголем кикс дискриминирачки е они што несмеат да пушат а не било дискриминирачки што ние непушачите се труеме од нивниот чат ало бе имајте малце во главата како е тоа возможно значи ти имаш право да ме труеш а јас немам право да зборам епа претеризам е малце тоа
 
Тие што не сакаат да сфатат, нема да сфатат...
Што и не е толку трагично како што е фактот дека некои од нив се обидуваат да го одбранат тоа свое право да не трујат. Уште па и несаглам и ненормален те прават ако се обидеш да им укажеш дека на целата работа гледаат само од призмата на сопствената завосност.
 
Eve denes i ova go procitav.. neznam sto da kazam navistina..
Забраната за пушење ги наполни театрите
67041C992E90CA498E2B7EA88481333C.jpg

Во Драмскиот театар билетите се трошат како алва, претставите во Македонскиот народен театар се распродаваат и по неколку недели однапред
Наместо на кафе и на цигара во кафуле, патиштата на младите се' почесто водат кон места во кои има културни збиднувања. Случајно или не, по забраната за пушење на јавни места се зголеми бројот на посетители во театрите и во другите културни институции во земјава. Раководителите на театрите велат дека се задоволни од ваквата состојба, иако со сигурност не можат да кажат дека тоа е поради забраната за пушење.
РАСПРОДАДЕНИ ПРЕТСТАВИ

Во Македонскиот народен театар билетите се трошат како никогаш досега. Оттаму велат дека Законот за заштитата од пушењето има големо влијание. Сандра Стојмирова од МНТ вели дека влезниците се распродадени неколку недели пред одржувањето на претставите.

- Во текот на јануари и на февруари како никогаш досега се продаваат билетите во МНТ. Во претходните години во јануари секогаш имало помалку посетители, но сега веќе не е така. Оваа ситуација ја поврзувам со Законот за забраната на пушење на јавни места. Па и да не е така, драго ни е што претставите се преполни. Билетите за „Г-ѓа Министерка“, „Сомнително лице“, „Буре барут“, „Суд“ и за другите проекти, кои се навистина добри, се продаваат неколку недели пред одржувањето на претставите - вели Стојмирова.

Директорот на Драмски театар, Бранко Ѓорчев, не може со сигурност да тврди дека Законот за заштитата од пушењето има некаква врска со тоа што публиката се враќа во театар, но во оваа културна институција прометот е зголемен по Новата година, откако забраната стапи во сила. Ѓорчев признава дека во октомври и во ноември, перидот кога Македонија беше преплавена со информации за свинскиот грип, се загрижил како ќе функционира театарот, бидејќи немало публика.

- Ако публиката не се вратеше, навистина не знам што ќе правевме, бидејќи продажбата на билетите се намали за 30 отсто. Сметам дека во тој период луѓето се исплашија од информациите за свинскиот грип, па затоа не доаѓаа во театар. Навистина се забележува зголемен промет и продажба на билети, која сега се движи во просек од 210 до 220 влезници за претстава, а порано просекот беше 150. Точно е тоа дека ова почна да се случува откако стапи во сила забраната за пушење. Некако се совпадна ситуацијата и ако е поради тоа, немам ништо против. Важно е дека има голем интерес за нашите претстави. Мислам дека голем удел во сево ова има и тоа што медиумите престанаа да пласираат информации за грипот - вели Ѓорчев.
ЗАДОВОЛНИ И БАЛЕТОТ И ФИЛХАРМОНИЈАТА

Посетителите на Македонската филхармонија најчесто имаат годишна претплата или, пак, купуваат блок-билети. Поради тоа, директорката Маја Чанаќевиќ не можеше да ни каже дали во последните неколку месеци забележеле раст на продажбата на влезниците.

- Кај нас континуирано, во текот на целата година, имаме публика, но не можам да дадам процена како се одвива продажбата во последните неколку месеци, бидејќи најчесто продаваме блок-влезници за цела сезона или посетителите купуваат годишни претплати. Интересот за нашите концерти, исто така, го диктира гостинот од странство, односно диригентот или зависно од тоа на каков инструмент свири солистот. Што се однесува до Законот за заштитата од пушењето, не би можела да го поврзам со продажбата на влезниците - вели Чанаќевиќ.

И во велешкиот театар интересот за претставите е константен, а директорот Јордан Витанов вели дека кога бројот на влезниците значително се зголемува, тоа се случува поради многу фактори.

- Интерес кај публиката има ако понудите добри претстави и, според мене, тоа е единственото мерило - вели тој.

Директорот на Македонскиот балет, Кире Павлов, исто така забележува многу поголем интерес за балетските претстави во последниот период.

- Последните пет претстави на балетот беа преполни. Во текот на февруари имаме уште две претстави: „Рајмонда“ и „Дон Кихот“, па можеби тогаш би можел да направам некаква процена. Во секој случај, прометот на Балетот од продажбата на влезници во последниот период е зголемен, а имаме и многу помалку гратис-влезници - вели Павлов.

Прометот на Балетот е зголемен и на годишно ниво. Павлов вели дека во 2008 и во 2009 година оствариле поголем приход од влезници во споредба со претходните години.

- Не можам да тврдам дека публиката се врати поради цигарите, но можеби е и така. Јас не пушам, гледам дека на пушачите им пречи забраната, но како да се навикнаа на ситуацијата. Во секој случај добро е да имаме поздрава животна и работна околина - вели Павлов.
Македонските актери не смеат да пушат на сцена
Неодамна одекна информацијата дека театар од Анкара, Турција, е казнет со голема парична казна бидејќи еден од актерите запалил цигара на сцената. И во Македонија актерите не смеат да запалат цигара на театарската сцена бидејќи театарот е установа од јавен карактер, за кој важат одредбите од Законот за заштитата од пушење.

- Во конкретниот случај, местото каде што се одржуваат претставите е работен простор на театарот и за него исто така важи Законот за заштитата од пушење, односно не е дозволено пушење - вели Ерзана Јакупи, портпарол на Министерството за труд и социјална политика.

Во нашите театри не беа информирани околу тоа како треба да постапат кога актерите треба да запалат цигара во име на улогата. Директорот Ѓорчев смета дека не треба да има забрана бидејќи ќе се изгуби автентичноста на сцената. Според него, треба да има некои исклучоци кога е во прашање уметноста. Во МНТ, исто така, немаа одговор на ова прашање, но кога треба да се запали цигара тоа се прави со ароматизирани цигари.



http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=672122C9CC2DF244A76B49EA41E06174
 


:pos2::pos2:Леле тресење глупости ..од новинарот....

Знае ли тој воопшто колку е капацитетот на театрите?...а колку на кафаните?
Знае ли тој воопшто како се продаваат билетите......по школите, со назнака..... обавезно е одењето!

Работава...напиши било што и поврзи го со законот...има ли асолен новинар во оваа држава
 
Хехе, ваков објективен дечко како тебе ако начекаше наслов како „Забраната за пушење ги испразни театрите„ сигурно ќе го величаше новинарот како откровение за Пулицер...
Немаше да бараш „научни студии„ за споредба на капацитетите на театрите со оние на кафаните.

Текстот инаку го гледам во насока на „чудната коенциденција„ со која по донесувањето на новиот закон, театрите бележат значително поголеми посети... Која е поврзаноста, тоа е веќе друго. Интересно е што текстов е од куќа која е противник на законот...
 
....... гледам во насока на „чудната коенциденција„ со која по донесувањето на новиот закон,...

E па и јас гледам во насока на „чудната коенциденција’’ со која по донесувањето на новиот закон некој си Vanlok експресно се појави на форумов во негова одбрана:pos2::pos2:
 
Текстов врска нема. Па и во театрите се пушеше, не знам зошто некој би одел уште во театар кога не може да си запали цигаре на пауза помеѓу чиновите. :)

Не морал новинаров да пишува за театрите, можел и да смисли статија со наслов "Со забраната за пушење се зголеми посетата на порно сајтовите". :toe:
 
јас како непуша одлично се чуствувам сеа раат сум што би се рекло народски кажано поубаво е признајте сеа тоа е за во европа мора вакви закони да се донесат :)
 
E па и јас гледам во насока на „чудната коенциденција’’ со која по донесувањето на новиот закон некој си Vanlok експресно се појави на форумов во негова одбрана:pos2::pos2:
Што има спорно во ова?
(освен твојата опсесија со :pos2: смајлито...? :P )
 
Од законов сум многу револтирана, немам излезено нигде, а не ми се ни оди, не ми е јасно како да пијам кафе, а да не пушам цигари, а уште помалку, како да пијам алкохол, а да не пушам цигари, да се смрзнувам надвор, а пијачката внатре. И да отидам некаде тоа сигурно ќе биде на една две пијачки и да си одам, а не да заседнам повеќе време, нема да можам како човек да седнам ни да јадам во некое кафанче. Не разбирам зошто е потребен чист воздух во кафичи, кафани и слично, можеби на некои места стварно беше многу задимено, но тоа можеше да се реши на друг начин. Мислам дека мора да се направи нешто со законов, стварно нема смисла, нека направат локали посебни за пушачи, посебни за непушачи. Сите пушачи верувам дека се незадоволни со законов, а уште повеќе угостителите.
 
Од законов сум многу револтирана, немам излезено нигде, а не ми се ни оди, не ми е јасно како да пијам кафе, а да не пушам цигари, а уште помалку, како да пијам алкохол, а да не пушам цигари, да се смрзнувам надвор, а пијачката внатре. И да отидам некаде тоа сигурно ќе биде на една две пијачки и да си одам, а не да заседнам повеќе време, нема да можам како човек да седнам ни да јадам во некое кафанче. Не разбирам зошто е потребен чист воздух во кафичи, кафани и слично...
Ох, ох, охххх.... сиротата ти. Толку жално.
Навистина не замисли.
Во право си. Ох, зошто да не можеш да труеш и други, да си запалиш цигарчето и да задимиш. И ти и пијачката и цигарот а и димот внатре... да ги поделиш со нас. Затоа што ние го сакаме твојот дим... затоа што... чекај бе...

Што всушност сакаш?

Кој ти брани да седнеш каде сакаш и да седиш колку сакаш?
Кој ти брани да јадеш во било која кафана? Во било кој ресторан?

Не можеш да разбереш зошто сакаме чист воздух...?
Знам дека не можеш, и фала му на бога за законов... па не мора да ти објаснувам. Сама ќе разбереш.
 
се пресмеав со тоа театрите :) ...Во Охрид никако да се наполнит :pos2:

Иначе со законов стварно чист воздух...надвор си го пушам цигарчето милина да ти е,а овие непушачите се трујат внатре со потојна,лојојна ...а да и си стекнав и нови пријателки :)(колку секси звучи-дечко имаш упаљач,кога ке ти рече некоја надвор а не внатре да не можеш да слушнеш:))
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom