Vanlok
deus ex machina
- Член од
- 30 мај 2009
- Мислења
- 25.721
- Поени од реакции
- 33.966
Ајде сега, не мора со имиња да се нарекуваме со „имиња„ само затоа што имаме спротивставени ставови...Ја не можам да те сконтам, ти садиста си или мазохиста. Си седиш дома и сакаш да испадниш у град. И види ситуација, единиот локал во градот во кои ти се праи ЌЕИВ да идеш е единиот за пушачи у градот. СИТЕ други се за непушачи, ама ти си запнал и овој да воде есап за твоето ЗДРАВЈЕ.
Никој пушач, тука на 150 страни дискусија, не се боре за СИТЕ локали се пушачки, доста ни е по некој. Вие непушачите се запнале СИТЕ да се непушачки и ликувате како ќе ни мрзнел газот надвор. У секој од нас чуче по еден мал ХИТЛЕР.
Предлагаш релативно конструктивна идеја ама ајде да ја продискутираме подетално.
Кажи како ти би ја направил таа поделба на локалите на пушачки и непушачки? Во кој прцоцент би била поделбата? Да направиме јас и ти една листа, кој од нас кое место си го преферира за себе? Можеби и ќе се договориме некако... ама што ќе кажат други пушачи и непушачи, што нормално ќе преферираат различна поделба? Што ќе кажат и власниците на локалите, на кои сосема сигурно нашиот избор нема да им се допадне... :wink:
Луѓето, освен што се разликуваат по тоа дали се непушачи или пушачи, се разликуваат и по музичките вкусови, по тоа кое место им „лежи„ по тоа кое не им „лежи„...
Разбираш сега зошто законот е донесен во ваква форма каква што е донесен...?