Реакции на Законот против пушење на јавни места

Дали законот ке влијае врз економијата и слободното право на избор


  • Вкупно гласачи
    714

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.771
Поени од реакции
34.028
Хаха... се разбира тоа што си модератор ти дава одредени привилегии, како на пример мали некоректности со одредени аконотации без страв од бан? :wink:

Види ајде да предпоставиме дека тоа што го наговестуваш е точно. Како тоа би ме направило неподобен да ги изнесувам (и бранам) своите мислења на слободен и јавен форум?

Се работи за дискусија на темава, не за одредени политички припадности (или неприпадности). И за изнесување агрументи во одбрана на својот став. Токму тоа сосема одуствува во постовите како твојот, Леандра.
 

Олимпија

Македонија во срцето!!!
Член од
26 март 2008
Мислења
5.624
Поени од реакции
9.146
Ванлок колку жестоко го брани законов,некој ќе помисли дека и добива плата за тоа.
:nenene: немој така ќе помисли некој стварно :хехе:

Се работи за дискусија на темава, не за одредени политички припадности (или неприпадности).
Леандра никаде не спомна политичка припадност :uvo:

И за изнесување агрументи во одбрана на својот став. Токму тоа сосема одуствува во постовите како твојот, Леандра.
Кои аргументи?
Најди ми статистики за заболени од белодробен канцер кои биле пасивни пушачи.Па може да праиме муабет за аргументи и дека си реален за законов.
 
Член од
25 јануари 2007
Мислења
295
Поени од реакции
105
Фундаменталната разлика помеѓу твоето „иронично„ тврдење дека „ментално те оштетувам„ :wink: и мојот предходен пост, е тоа што мојот пост (покрај не претерано успешниот обид за хумор) содржи факти и аргументи... нешто што е целосно одсутно од наведените твои постови.

П.С. Да останеме on topic на темата за законот, обиди се да дискутираш за релевантни работи.
За фактите и арегументите веќе се произнесов, ствар на верба е у што ќе веруваш. Јас ќе ти дадам личен пример. На 40 години со 180 кг и 3 пакла дневно страдам само од хемероиди и тоа внатрешни, за разлика од другар ми, кој треба ли да кажам, не пуши, спортски активен, денеска 5-6 километри обавезно изшетува, па има срце, притисоци и шо не знам уште. Едино што јас ако несто ми стане земам природен лек од травар, а он оде со класична медицина, па ти види, кој те труе. Не викам, јас може ќе чвркнам за 5 минути, а он ќе се влече за газ уште 40 години, али слаба нада. Му дадов природен лек за свински грип, па пошто не беше втасана вакцината уште, го користеше. Испадна дека и срце и притисок му се нормализира со тој лек. Али “коенциденција„ било.
Така да ако мислиш дека те труе дим од цигара, највероватно те труе, али психички. Едино ти признавам дека алиштата ти мирисат.
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.771
Поени од реакции
34.028
:nenene: немој така ќе помисли некој стварно :хехе:
Еве ја Македонка. Се разбира, тебе не те банираа за културни, тотално ненавредливи и без никакви политички аконотации постови како овој и овој а Deno^ за постови како овој, нормално го банираа. Објективно, нема што! :helou:
(Тамарче, е ова е иронија!) :)

Кои аргументи?
Најди ми статистики за заболени од белодробен канцер кои биле пасивни пушачи.Па може да праиме муабет за аргументи и дека си реален за законов.
Види, навистина немам намера да одам офф топик. Ова можеш да си го поставиш во форумот за здравје. Впрочем немав никаква намера да дискутирам „статистики за заболени од белодробен канцер кои биле пасивни пушачи„. Она што јас го изнесов, а е општо прифатен научен став е дека пасивното пушење е штетно по здравјето. Заради тоа и законот не брани од истото.
 

Олимпија

Македонија во срцето!!!
Член од
26 март 2008
Мислења
5.624
Поени од реакции
9.146
Види, навистина немам намера да одам офф топик. Ова можеш да си го поставиш во форумот за здравје. Впрочем немав никаква намера да дискутирам „статистики за заболени од белодробен канцер кои биле пасивни пушачи„. Она што јас го изнесов, а е општо прифатен научен став е дека пасивното пушење е штетно по здравјето. Заради тоа и законот не брани од истото.
Штетен е и радонот, азбестните покриви, канцерогените супстанци и тоа е научно докажано, а државата не превзема нешто за да не заштити.Зошто Vanlok за ова не се буниш така жестоко како за цигарите?
И како може пушењето ЛЕТНО ВРЕМЕ ДА БИДЕ ДОЗВОЛЕНО И ДА НЕ СЕ УМИРА, А ЗИМНО ВРЕМЕ ДА Е ЗАБРАНЕТО И ДА СЕ УМИРА ОД :пушач:?Мене не ми е јасно стварно.Државата или се грижи за моето здравје или не се грижи.Зарем сезонски се умира од пушење?
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.771
Поени од реакции
34.028
За фактите и арегументите веќе се произнесов, ствар на верба е у што ќе веруваш. Јас ќе ти дадам личен пример. На 40 години со 180 кг и 3 пакла дневно страдам само од хемероиди и тоа внатрешни, за разлика од другар ми, кој треба ли да кажам, не пуши, спортски активен, денеска 5-6 километри обавезно изшетува, па има срце, притисоци и шо не знам уште. Едино што јас ако несто ми стане земам природен лек од травар, а он оде со класична медицина, па ти види, кој те труе. Не викам, јас може ќе чвркнам за 5 минути, а он ќе се влече за газ уште 40 години, али слаба нада. Му дадов природен лек за свински грип, па пошто не беше втасана вакцината уште, го користеше. Испадна дека и срце и притисок му се нормализира со тој лек. Али “коенциденција„ било.
Така да ако мислиш дека те труе дим од цигара, највероватно те труе, али психички. Едино ти признавам дека алиштата ти мирисат.
Санисофт пријателе, како што и сам напиша работа на верба е во што ќе веруваш. Те разбирам што сакаш да кажеш. Проблемот настанува во тоа што јас и ти веруваме во различни работи, други луѓе веруваат во трети работи... ама законите бидејќи важат за сите, се носат врз основа на научно докажани и општо прифатени ставови.
Твое мислење е дека димот од цигари влијае само психички и тоа си е твое право... ама за среќа (моја и на другите непушачи) наместо да го земе за прифатлив твојот став, државата се решила да донесе закон врз основа на општо прифатен научен став е дека пасивното пушење е штетно по здравјето.

Штетен е и радонот, азбестнитепокриви, канцерогените супстанци и тоа е научно докажано, а државата не превзема нешто за да не заштити.
Види, овде дискутираме за законот за заштита од последици од пушење не за законот за заштита од „радонот, азбестнитепокриви, канцерогените супстанци...„
И како може пушењето ЛЕТНО ВРЕМЕ ДА БИДЕ ДОЗВОЛЕНО И ДА НЕ СЕ УМИРА, А ЗИМНО ВРЕМЕ ДА Е ЗАБРАНЕТО И ДА СЕ УМИРА ОД :пушач:?Мене не ми е јасно стварно.Државата или се грижи за моето здравје или не се грижи.Зарем сезонски се умира од пушење?
Сега зборуваш за одредени, сеуште неофицијални измени во законот кои ги предлага една политичка партија за да им се додвори на делот од гласачкото тело што се пушачи. Предпоставувам дека таквата формулација е за да се избегнат правните проблеми од видот: Ако смее да се пуши во бавчи, тогаш локалите имаат право на бавчи и во зимно време (што немаат)
Што се однесува лично до мене, ако тоа е крајната одстапка што би морал да ја прифатам за да смират страстите... зошто да не.
 

Тамарче

Ако одам во Битола..
Член од
11 јули 2007
Мислења
3.239
Поени од реакции
223
Санисофт пријателе, како што и сам напиша работа на верба е во што ќе веруваш. Те разбирам што сакаш да кажеш. Проблемот настанува во тоа што јас и ти веруваме во различни работи, други луѓе веруваат во трети работи... ама законите бидејќи важат за сите, се носат врз основа на научно докажани и општо прифатени ставови.
Твое мислење е дека димот од цигари влијае само психички и тоа си е твое право... ама за среќа (моја и на другите непушачи) наместо да го земе за прифатлив твојот став, државата се решила да донесе закон врз основа на општо прифатен научен став е дека пасивното пушење е штетно по здравјето.


Види, овде дискутираме за законот за заштита од последици од пушење не за законот за заштита од „радонот, азбестнитепокриви, канцерогените супстанци...„

Сега зборуваш за одредени, сеуште неофицијални измени во законот кои ги предлага една политичка партија за да им се додвори на делот од гласачкото тело што се пушачи. Предпоставувам дека таквата формулација е за да се избегнат правните проблеми од видот: Ако смее да се пуши во бавчи, тогаш локалите имаат право на бавчи и во зимно време (што немаат)
Што се однесува лично до мене, ако тоа е крајната одстапка што би морал да ја прифатам за да смират страстите... зошто да не.

За секој аргумент што ќе ти го посочат, велиш дека не е тема за муабет, а всушност е. Темата гласи за реакциите кои ги предизвикал овој закон, а не за заштита од последици од пушење.

Ајде, одговори на прашањето Македонка што ти го постави.
 

Олимпија

Македонија во срцето!!!
Член од
26 март 2008
Мислења
5.624
Поени од реакции
9.146
Види, овде дискутираме за законот за заштита од последици од пушење не за законот за заштита од „радонот, азбестнитепокриви, канцерогените супстанци...„
Па Vanlok едни од причинителите на рак на бели дробови покрај цигарите се и тие супстанци.Значи ако живееш во зграда каде што не и е сменет азбестниот покрив или па има поголема концентрација на радон ти си изложен на канцерогени материи и не мора да значи дека ќе умреш од пасивно пушење, туку може да умреш и од тоа што не живееш во ЗДРАВА СРЕДИНА И ЈАДЕШ КАНЦЕРОГЕНА ХРАНА.
Сакам да ти кажам и тоа се трудам да го објаснам на најпрост можен начин дека ВО ДРЖАВАВА СЕ ФУНКЦИОНИРА НАОПАЧКИ.Зошто сега да има измени на законов?Зошто никој не излезе со бројки и аргументи?Зошто прво го забрануваат пушењето, наместо да извршат мерење на аерозагаденоста, да постават филтри на фабрики, да сменат покриви и слично?Само кај нас може да донесат закон, па после да видат дека не чини и никој да не одговара за штетите :вртиочи:
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.771
Поени од реакции
34.028
За секој аргумент што ќе ти го посочат, велиш дека не е тема за муабет, а всушност е. Темата гласи за реакциите кои ги предизвикал овој закон, а не за заштита од последици од пушење.

Ајде, одговори на прашањето Македонка што ти го постави.
Точниот назив на темата гласи „Реакции на новиот Закон против пушење на јавни места„. Името заборува само за себе... темата се однесува на законот наведен во името не на законите за другите загадувачи.

Кога би сакал да одам off topic би ти кажал дека со сесрце би подржал и било кој друг закон за заштита на животната средина. Би додал и дека подршката за таквите закони не значи одобрување за прекршувањето на законот што всушност се дискутира тука.
 

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
18.899
Поени од реакции
23.301
мојот пост некако погрешно беше сватен, или пак точно незнам многу муабети се свртија.
али пак ке нагласам.ако законот е само заштита на непушачите од пушачите генерално тогаш има смисла иако е крајно дискриминирачки пошто ете ги труеме а тие сакаат да живеат здрав живот.ок доттука е во ред
ама ако е за заштита на човековото здравје на цела популација генерално или за поздрав живот на нацијата ако можам така да речам тогаш забелешките од типот дека ти ме труеш мене со твоето пушење а јас не те трујам тебе со моето јадење на брза храна ама си се трујам сам немаат смисла и се многу лицемерни, затоа што нели идејата на законот беше за севкупната популација генерално да живее поздрав живот без разлика дали сам се труеш или труеш некој друг.
вака испаѓа како непушачите да се загрозена врста која стриктно е загрозена од пасивно пушење ама е имуна на се друго , или привилегирана категорија на граѓани која единствено има бенефиција од законот само заради тоа што тие не трујат други со својот нездрав живот .
поентата ми беше дека ако се работи за закон или група на закони кои се наменети генерално за подобрување на здравствената состојба на народот и неговата свест за здрав живот тогаш не треба да се прави разлика дали јас те трујам тебе или само мене со генерално нездравите навики на населението без разлика дали штетат само на тој што ги практикува или и на тие околу него.
така да ако сакате одговорете ми на ова а не да ми вртите ист муабет низ цел форум како сте вие загрозени од пасивно пушење бла бла бла проценти ова она.кажете ми мислење онака форумско по наши за секој да можи да свати како тоа овај закон влијае на здравјето на популацијата генерално (пошто наводно за тоа е наменет), а не на здравјето на одредени поединци и ако е така зошто тој не е дискриминирачки ако знаеме дека има и поголеми загадувачи од
пушачите кои го загрозуваат и моето здравје како пушач а и вашето како непушач.
однапред ви благодарам за оние кои ке ми одговорат и на кои одговорот ке има некаква логика па за да и мене и на сите тука засегнати со законот било од позитивна или негативна смисла им стане појасно која е логиката на законот и што тој преставува.
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.771
Поени од реакции
34.028
Па Vanlok едни од причинителите на рак на бели дробови покрај цигарите се и тие супстанци.Значи ако живееш во зграда каде што не и е сменет азбестниот покрив или па има поголема концентрација на радон ти си изложен на канцерогени материи и не мора да значи дека ќе умреш од пасивно пушење, туку може да умреш и од тоа што не живееш во ЗДРАВА СРЕДИНА И ЈАДЕШ КАНЦЕРОГЕНА ХРАНА.
Сакам да ти кажам и тоа се трудам да го објаснам на најпрост можен начин дека ВО ДРЖАВАВА СЕ ФУНКЦИОНИРА НАОПАЧКИ.Зошто сега да има измени на законов?Зошто никој не излезе со бројки и аргументи?Зошто прво го забрануваат пушењето, наместо да извршат мерење на аерозагаденоста, да постават филтри на фабрики, да сменат покриви и слично?Само кај нас може да донесат закон, па после да видат дека не чини и никој да не одговара за штетите :вртиочи:
А јас се обидувам да ти кажам тебе, на најпрост начин, дека иако се согласувам со тебе дека во државава многу работи функционираат „наопачки„ сега ако ништо друго тогаш проблемот со димот од цигари е решен, барем за мене за другите непушачи.

Исто така на најпрост начин, се обидувам да ти објаснам дека иако и јас давам целосна подршка за севкупна заштита на животната средина, тоа не е темата на дискусијава и секако не е алиби за прекршувањето на законот што е тема на дискусијава.
 
Член од
25 јануари 2007
Мислења
295
Поени од реакции
105
Ако смее да се пуши во бавчи, тогаш локалите имаат право на бавчи и во зимно време (што немаат)
Што се однесува лично до мене, ако тоа е крајната одстапка што би морал да ја прифатам за да смират страстите... зошто да не.
Ја не можам да те сконтам, ти садиста си или мазохиста. Си седиш дома и сакаш да испадниш у град. И види ситуација, единиот локал во градот во кои ти се праи ЌЕИВ да идеш е единиот за пушачи у градот. СИТЕ други се за непушачи, ама ти си запнал и овој да воде есап за твоето ЗДРАВЈЕ.
Никој пушач, тука на 150 страни дискусија, не се боре за СИТЕ локали се пушачки, доста ни е по некој. Вие непушачите се запнале СИТЕ да се непушачки и ликувате како ќе ни мрзнел газот надвор. У секој од нас чуче по еден мал ХИТЛЕР.
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.771
Поени од реакции
34.028
мојот пост некако погрешно беше сватен, или пак точно незнам многу муабети се свртија.
али пак ке нагласам.ако законот е само заштита на непушачите од пушачите генерално тогаш има смисла иако е крајно дискриминирачки пошто ете ги труеме а тие сакаат да живеат здрав живот.ок доттука е во ред ама ако е за заштита на човековото здравје на цела популација генерално или за поздрав живот на нацијата ако можам така да речам тогаш забелешките од типот дека ти ме труеш мене со твоето пушење а јас не те трујам тебе со моето јадење на брза храна ама си се трујам сам немаат смисла и се многу лицемерни, затоа што нели идејата на законот беше за севкупната популација генерално да живее поздрав живот без разлика дали сам се труеш или труеш некој друг...
Види Владе, не знам за другите ама јас одлично те разбрав. Работата е во тоа што ти, како и многу други, не го разграничуваш тоа што е целта на овој закон. Законов нема за цел да ги реши сите проблеми за здрава животна средина... овој закон има за цел да го реши проблемот со пушењето. И по мое лично мислење тоа сосема добро и го прави.
 

Олимпија

Македонија во срцето!!!
Член од
26 март 2008
Мислења
5.624
Поени од реакции
9.146
ако ништо друго тогаш проблемот со димот од цигари е решен, барем за мене за другите непушачи.
ПОД КАНЦЕРОГЕН КРОВ СЕДИШ СЕКОЈДНЕВНО, А ВО КАФАНА ЌЕ ОТИДЕШ ЕДНАШ МЕСЕЧНО.ШТО Е ПОШТЕТНО?
 
K

kaiser soze

Гостин
Кога ја читам темава,ми се чини дека во земјава се стационирани најголем дел од приврзаниците на Гринпис.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom