Реакции на Законот против пушење на јавни места

  • Креатор на темата Креатор на темата *-----*
  • Време на започнување Време на започнување

Дали законот ке влијае врз економијата и слободното право на избор

  • Вкупно гласачи
    714
Може ли едно конкретно прашање: Колку пари месечно трошиш по кафеани и кафулиња?
Ако не ти е мака, би можел и да го детализираш одговорот, што пиеш најчесто, по колку пијачки, дали практикуваш да јадеш по кафеани, колку пати неделно, дали оставаш бакшиш, ит.н. Во секој случај, би била благодарна и ако го одговориш само првото прашање.

Може јас како непушач, а кафанџија?

Во кафана два до три пати неделно двајца непушачи, обично цех околу 1000-1200 од седнување. Пијачки две по чоек, со јадење обично пиво или вино. Бакшиш 5% обавезно. Ова кога е топло и кога седиме надвор во кафаната на тераса. На зима на затворено за да ги избегнеме цигарите обично ни ја пакуваат храната за дома и не правиме цех за пиење.

Навечер по кафиќи и клубови до сега одев многу ретко затоа што немаше смисла воопшто да излегувам од дома, пошто излегуањето се сведуваше на: влези расположен со друштво, испиј една кисела вода, почни да се гушиш, ој си дома усмрден. Е, излегов минатиот викенд во едно популарно место каде што досега сум стигала само до скали, влегов, внатре мирисаше на лимон, ми се припи сечена вотка со лимон и заглавив до сабајле :)

Немојте да ми кажувате дека не сум добар муштерија, само затоа што не пушам. И онака цигарите си ги внесуваме од надвор, кафанџијата нема ќар од нив. Јас и досега сум сакала да излегувам, ама и покрај целото сакање не сум можела да останам доволно долго за да потрошам доволно пари.
 
Aa најдобар закон. Аферим за Владата. Може за друго не, али за ова поштувам.
 
Е сеа дека непушачите се поголеми муштерии од пушачите не држи вода, Keep it real.

Веќе гледам како многу луѓе заедничките дружби се трудат да ги префрлат во становите и на локации каде нема забрани зашто претпоставувам тоа навистина им претставува проблем. Мене реално ми одговара вака, помалку гужва, помалку дим, повеќе радост за мене, дефинитвно.

Како и да е, законот не е реален, и мора да трпи измени, како 90% од ново донесените закони.
 
Може јас како непушач, а кафанџија?

Во кафана два до три пати неделно двајца непушачи, обично цех околу 1000-1200 од седнување. Пијачки две по чоек, со јадење обично пиво или вино. Бакшиш 5% обавезно. Ова кога е топло и кога седиме надвор во кафаната на тераса. На зима на затворено за да ги избегнеме цигарите обично ни ја пакуваат храната за дома и не правиме цех за пиење.

Навечер по кафиќи и клубови до сега одев многу ретко затоа што немаше смисла воопшто да излегувам од дома, пошто излегуањето се сведуваше на: влези расположен со друштво, испиј една кисела вода, почни да се гушиш, ој си дома усмрден. Е, излегов минатиот викенд во едно популарно место каде што досега сум стигала само до скали, влегов, внатре мирисаше на лимон, ми се припи сечена вотка со лимон и заглавив до сабајле :)

Немојте да ми кажувате дека не сум добар муштерија, само затоа што не пушам. И онака цигарите си ги внесуваме од надвор, кафанџијата нема ќар од нив. Јас и досега сум сакала да излегувам, ама и покрај целото сакање не сум можела да останам доволно долго за да потрошам доволно пари.

Влегуваш во исклучоци :)
Јас како пушач од кафана испаѓам претежно на раце и одев почесто.Во кафиќ знам да испаднам на кафе,а да се вратам исто на раце.Арно ама сега не одам и кога одам,седам,јадам и бегам.
И сите ми се пушачи и сите исто реагираме.
 
Законот е паушален и недоработен! Нека постои избор: кафиќ за пушачи или не; нека има физичка поделба нека постојат рестриктивни мерки во однос на вентилации и слично...
Дефинитивно е загрозено основно човеково право на избор, најбитното од се е што не се работи за нелегална и забранета материја!
Јас ги разбирам непушачите, но не по цена на уништување на сопствен избор и комодитет на сите пушачи. Што се деси со демократијата? Исклучително ми се свиѓаат и деловите каде не смееш да пушиш на сопствена тераса во зграда за да не му чадиш на комшијата!?!?!?! Јас не пушам на тераса за да не ме поплави кога ја заплакнува терасата, уште да внимавам на аголот на чадењето?!?!
Законот е крајно дискриминаторски и фашисоиден!
 
Интересно е што во кола може да се пуши. Јас попрво тоа би забранил (но само на шоферот сопатниците нека пушат) откјолку во кафичи. По опасно е да се пуши додека се вози отколку да си во кафич со добра вентилација каде е дозволено пушење.

Зошто мислам дека и сега не е дозволено на возач да пуши, дека тој закон сакаа да го протнат со оној за мобилните? Или грешам?

за во Скопје нз.. ама кај мене во град во Кочани НЕМА ШАНСИ сите да затворат :P

Демек имаат многу работа па ептен ќе изгубат на прометот?

Локалите веќе наликуваат ко секој ден да има протести, сега би било само официјално.
 
Е сеа дека непушачите се поголеми муштерии од пушачите не држи вода, Keep it real.

Е како не. Дај да видам статистиката. Јас вака размислувам. Ако ти и јас имаме фиксирано да речеме 500 денари буџет за вечерно искачање, тие 70 денари што ќе ги дадам за цигари, нема да ги дадам за пијачка. Секако дома без пари ќе си одиме :)

Веќе гледам како многу луѓе заедничките дружби се трудат да ги префрлат во становите и на локации каде нема забрани зашто претпоставувам тоа навистина им претставува проблем.

Тоа можат да го направат само оние луѓе кои имаат веќе утврдени друштва, врски, а богами и слободни станови. За останатите, оние кои излегуваат за да се социјализираат и да запознаваат нови луѓе, остануваат кафиќите и дискотеките.
 
Тоа значи дека пушачите не смеат да запознаваат нови луѓе?:uvo:
За болдираното:Додека не ги затворат поради намалениот интензитет на работа.
 
Е, тука доаѓа на ред новиот момент на социјализација: ќе си упознаваш други пушачи додека пред врата пушите и го дискутирате новиот закон за пушење :)
 
Е како не. Дај да видам статистиката. Јас вака размислувам. Ако ти и јас имаме фиксирано да речеме 500 денари буџет за вечерно искачање, тие 70 денари што ќе ги дадам за цигари, нема да ги дадам за пијачка. Секако дома без пари ќе си одиме :)
Се гребат пушачите... тоа е чудо од група, бетер него хомосексуалците се. Све нешто нив им е дискриминирано, ќе најдат начин да те излажат, тие 70 шо мислиш дека се твои, не се, тоа е нивна екстра пијачка шо ти ја плаќаш. :)
Иначе статистика неам, ама непушачите се по претпазливи за своите пари по некоја психолошка логика... моја.

ex machina напиша:
Тоа можат да го направат само оние луѓе кои имаат веќе утврдени друштва, врски, а богами и слободни станови. За останатите, оние кои излегуваат за да се социјализираат и да запознаваат нови луѓе, остануваат кафиќите и дискотеките.
Кој сеуште социјализира по кафичи и дискотеки? Сите се на фејсбук. Не постои нормално запознавање луѓе, шо ти е. Се искача само да се гледа по луѓе и да се напраи чоек камен ако има екстра 70 динара. Ама ете, сеа се жалат пушачиве, не пијат ако не пушат, а ако не пушат не идат да се начукаат за да можат да социјализираат. Иначе кој на трезно праи муабет со непознати сеуште, ко норвежани сме станати, никој никого не ебава два посто... :nesum: Само фејсбук. А таму нема закон за пушење. :toe:
 
Е, тука доаѓа на ред новиот момент на социјализација: ќе си упознаваш други пушачи додека пред врата пушите и го дискутирате новиот закон за пушење :)
Па нели пушачите треба да седат дома, а дома не е забрането пушењето сеуште.Како јас ќе упознаам друг пушач пред врата?:uvo:
 
Сеуште не е забрането пушење на отворено. Уживај додека можеш :)
Правевме муабет за друго нешто што ти го потенцираше.
Тоа можат да го направат само оние луѓе кои имаат веќе утврдени друштва, врски, а богами и слободни станови. За останатите, оние кои излегуваат за да се социјализираат и да запознаваат нови луѓе, остануваат кафиќите и дискотеките.
 
Се гребат пушачите... тоа е чудо од група, бетер него хомосексуалците се. Све нешто нив им е дискриминирано, ќе најдат начин да те излажат, тие 70 шо мислиш дека се твои, не се, тоа е нивна екстра пијачка шо ти ја плаќаш. :)
Иначе статистика неам, ама непушачите се по претпазливи за своите пари по некоја психолошка логика... моја.

Уф да ги забораив вечните „откажувачи“ кои пушат на грбот на ближниот. Инаку, не верувам дека непушачите се попретпазливи, туку само помалку склони кон навики, или имаат проблеми со дишење. Јас спаѓам во втората група, да бидеме искрени.

Кој сеуште социјализира по кафичи и дискотеки? Сите се на фејсбук. Не постои нормално запознавање луѓе, шо ти е. Се искача само да се гледа по луѓе и да се напраи чоек камен ако има екстра 70 динара. Ама ете, сеа се жалат пушачиве, не пијат ако не пушат, а ако не пушат не идат да се начукаат за да можат да социјализираат. Иначе кој на трезно праи муабет со непознати сеуште, ко норвежани сме станати, никој никого не ебава два посто... :nesum: Само фејсбук. А таму нема закон за пушење. :toe:

Фејсбук ги уби кафиќите и дискотеките? :)
 
Една одлична статија, која и те како добро кажува за мојата дискриминиранос како пушач!

Кликај!:aplauz::aplauz::aplauz:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom