ex machina
сфинге раја
- Член од
- 4 септември 2007
- Мислења
- 721
- Поени од реакции
- 104
Може јас како непушач, а кафанџија?Може ли едно конкретно прашање: Колку пари месечно трошиш по кафеани и кафулиња?
Ако не ти е мака, би можел и да го детализираш одговорот, што пиеш најчесто, по колку пијачки, дали практикуваш да јадеш по кафеани, колку пати неделно, дали оставаш бакшиш, ит.н. Во секој случај, би била благодарна и ако го одговориш само првото прашање.
Во кафана два до три пати неделно двајца непушачи, обично цех околу 1000-1200 од седнување. Пијачки две по чоек, со јадење обично пиво или вино. Бакшиш 5% обавезно. Ова кога е топло и кога седиме надвор во кафаната на тераса. На зима на затворено за да ги избегнеме цигарите обично ни ја пакуваат храната за дома и не правиме цех за пиење.
Навечер по кафиќи и клубови до сега одев многу ретко затоа што немаше смисла воопшто да излегувам од дома, пошто излегуањето се сведуваше на: влези расположен со друштво, испиј една кисела вода, почни да се гушиш, ој си дома усмрден. Е, излегов минатиот викенд во едно популарно место каде што досега сум стигала само до скали, влегов, внатре мирисаше на лимон, ми се припи сечена вотка со лимон и заглавив до сабајле
Немојте да ми кажувате дека не сум добар муштерија, само затоа што не пушам. И онака цигарите си ги внесуваме од надвор, кафанџијата нема ќар од нив. Јас и досега сум сакала да излегувам, ама и покрај целото сакање не сум можела да останам доволно долго за да потрошам доволно пари.