Реакции на Законот против пушење на јавни места

  • Креатор на темата Креатор на темата *-----*
  • Време на започнување Време на започнување

Дали законот ке влијае врз економијата и слободното право на избор

  • Вкупно гласачи
    714
Законов што ќе падне, ќе падне. Само прашање на време е...
 
Законот генерално е во ред, има место за мали отстапки пред се околу летните тераси и тоа во места каде не се служи храна. Нормално е на почетокот да има реакции со оглед на масовното консумирање тутун кај нас, меѓутоа ако издржи законов пушачите ќе се привикнат. Е сега читам ќе го оспорувале пред Уставен, а ако стигне таму осеќам дека лошо му се пишува како и на многу други закони донесени од оваа влада :hump:
 
Колку мене ми е познато храната не се расипува од димот.
А тоа дека им смета димот....знаеме .......на хиповците и самиот збор дим од цигари им смета...:toe:
 
Колку мене ми е познато храната не се расипува од димот.
А тоа дека им смета димот....знаеме .......на хиповците и самиот збор дим од цигари им смета...:toe:

во објекти каде се служи храна треба да биде забрането пушењето,но каде што се пие тоа пусто кафе:nenene: а тоа што забраниле и во бавчите да се пуши,поголема глупост не сум слушнал..нека престанат да ги продаваат цигарите и со тоа ќе го решат цел проблем без никакви забрани,казни....
 
И тоа оваа година 60денари за килограм,а за другата година се збори дека ќе биде 90 денари за килограм.:nesvest:
како шо тргнала работава ако се споревудва законов наместо да им даваат пари ке треба да им земаат пари...

Абе, не ви смрдат кафичине на лук, откако забранија пушење?!
на лук не ама на запотени мишки дефинитивно да!!!
не дека зборам од инат баш вчера бев до либертас ама сериозно мирисаше на мишка бре човек...

во објекти каде се служи храна треба да биде забрането пушењето,но каде што се пие тоа пусто кафе:nenene: а тоа што забраниле и во бавчите да се пуши,поголема глупост не сум слушнал..нека престанат да ги продаваат цигарите и со тоа ќе го решат цел проблем без никакви забрани,казни....

Јоооооок нема шанси да се деси ова.. знаеш колкава заработка имаат од цигарите..?? кило тутун го отукупуваат по цена 100 денара.. а една кутија цигари ти е 50 денара минимум зборам. а од едно кило тутун можеш да произведеш 1 штека односно 10 кутии.. заработка до гуша имаат!
 
тука се гледа дека законот против пушење е најголема глупост..од една страна ти продаваат а од друга страна забрануваат,ајд биди паметен..демек се грижеле за нечие здравје..
 
тука се гледа дека законот против пушење е најголема глупост..од една страна ти продаваат а од друга страна забрануваат,ајд биди паметен..демек се грижеле за нечие здравје..

ако се грижат за моето здравјенека ги забранат цигарите а не да ми ги продаваат ( земаат пари од мене ) и после да ме казнуваат ( пак земаат пари од мене ) уше ако ме начекаат у ресторан дека сум запалил цигара казна мене на претпоставениот и на газдата... фала богу нема и персоналот да плати казна ( барем нема на државата.. следовање ке добијат они од газдата. 10% од плата на сите и ке си ги поврати парите колку толку ).

ова искрено да ви кажам за една цигара од 2 денара казни волкави да се зимаат не личи на арач??? за една цигара 3ца плаќаат казна... :toe:

Калимеро нема правда!!!:smir:
 
Многу едноставни решенија.

- Физички одделени простории за пушачи во локалите, со кои во никој случај нема да се загрозува здравјето на непушачите. Секој угостителски објект кој е способен да го изведе ова како што треба и ги задоволува вистински сите услови, да добие дозвола.

- Угостителски објекти наменети за пушачи. Непушачите нема што да бараат тука, ќе си одат во оние наменети за нив.

Ептен е едноставно. Доколку навистина некој има намера со меркиве искрено да влијае на заштита на здравјето на непушачите, ептен е едноставно.

И не ми праете филмови "еј, абе не може така, блаблабла..." затоа што може и е ептен едноставно, а секој муабет од тој тип не е ништо друго, освен да му умре цигарата на комшијата.

Сигурен си дека нема да загрозува ничие здравје, а здравјето на работникот. И да не збораме сега за интензитетот на штетата, поважно е од кои себични побуди е предизвикана, од мрзата културно да се излезе и испуши цигара надвор.

Од друга страна пак многу вешто се премолчува фактот дека социјализацијата секогаш ќе биде далеку далеку поприоритетна од пушењето. Имено никој нема да се лиши од излегување за да пуши цигара исто така скоро секој ќе прифати да го компромитира здравјето за социјализација.

На крај прашањето е шо да се заштити, твојата себична потреба да не одвоиш 5 минути за да испушиш цигара без да загрозуваш никој или здравјето и комфортот на сите останати.
 
Сигурен си дека нема да загрозува ничие здравје, а здравјето на работникот. И да не збораме сега за интензитетот на штетата, поважно е од кои себични побуди е предизвикана, од мрзата културно да се излезе и испуши цигара надвор.

е сеа синдикат и ти претеруваш у некои работи.. ајде сеа здравјето на работникот. е ајде де ке најдеме работник шо ке биде пушач па нема да му пречи. ВАКА ОДГОВАРА? или сеа ке најдеш уше нешто шо не е океј.. ако глеаме вака според тебе неможеш да им удоволиш ти на сите и никој да не се буни...

и околу мрзата... синдикат не си пушач така да можам да сватам дека некои работи неможеш да ги искусиш како шо можеме ние пушачите...
мене на пример кафе без цигара да пушам не ми е слатко бре едноставно не ми е тоа тоа..
дурго.. 5 минути да искочиш надвор океј... а шо праиме ако ја седам у кафич 2 саати? и да речам на 30 мин дека сакам да палам цигара.. ова значи 3 пати да искачам надвор? не бе синдикат некои работи не идат баш така како што ислисш ти...
 
на лук не ама на запотени мишки дефинитивно да!!!
не дека зборам од инат баш вчера бев до либертас ама сериозно мирисаше на мишка бре човек...

Знаев дека не е вистинскиот проблем во цигарите и нивната забрана. Луѓето ќе треба да почнат да се тушираат сега. Проклет закон. :zid:
 
Знаев дека не е вистинскиот проблем во цигарите и нивната забрана. Луѓето ќе треба да почнат да се тушираат сега. Проклет закон. :zid:
треба или нетреба ја викам казни и за нив... знаат они мене колку ми пречи нивната „арома’? казни казни... само тоа му е лекот... или па нека искочи надвор да мирса бе шо има мене да ми го загадува чистиот воздух... :pos2:
 
Ајдееее сега па ќе им мирисало на запонети мишки зошто? зошто веќе немало да им мириса на цигари :uvo: И што значи тоа дека сите пушачи успешно ја прикривале својата смрдеа под мишка со смрдеата од цигари?? За тоа има лек БАЊАЊЕ парфеми незз што уште...
 
Џанки напротив... ова ти е најдобро решение... знам во место од 200 души со поќе од 150 пушачи неможе чад да се види... а законов е крајно дискриминирачки, не дека сум пушач (ама не дека сум и непушач) не мојш ти да излезиш со пријател на пр на кафе или шо било... шо е сеа ја внатре тој надвор да палит цигара... ептен е

А да се воведе ова со лиценциве ќе е супер...

Сепак бев пушач, не сум повеќе. Убаво кажав дека има решение за оваа состојба и двете страни да бидат задоволени. И номој да ми кажеш дека некој пушач ќе ужива во кафето без цигара. И да сепак кај нас е таков менталитетот и небиди буквалист со тоа традиција читај подобро што е поентата со споредбата. Ако не ја сватиш твој проблем.

Мене ми е криво што дел од пушачите не се совесни точно и дел од непушачите. Јас како непушач реков дека поддржувам да има посебни одделни простории за пушачи ама и пушачите мора да разберат дека им штетат на непушачите во јавна просторија и за тоа мора да се променат нештата.
Не викам дека законов е совршен ама убеден сум дека и пушачите можат многу да добијат, знам дека оваа реченица е многу осетлива кај вас за оставање на цигари итн... ама ете ќе се вратам на мислата од погоре нека има посебни простории ама мора да бидете реални не сакам да мирисам на цигари и не сакам да дишам дим и тоа мора да го почитувате за да почитувам и јас тоа што вие сакате да пушите.

Ај прочитајте ми го горниов пост па после коментирајте ќе ве молам.
А тоа што немате совест и сте настроени против непушачите е друга работа прво не сте реални и не разбирате дека димот мене ми штети дека смрдам на цигари страшно, и уште слушам решенија од типот да има вентилација за димот ве молам кај нас во државава нема основни санитетски услови и се што е нормално па некој да ми кажува за посебна вентилација.
 
Ете јас ќе ти ја кажам Словенија 2 години се спроведува законот, и Шведска, само што таму во поголемите локали има кабини колку wc за да не мора да излегуваат надвор, сигурно има и други држави но не ги знам и не сакам да нагодувам.

И ја сум против законов , само да ти кажам дека си се излажал за Шветска , таму апла се почитува , само надвор се пуши , дури и им имаат остаено ќебенца надвор , демек да ѓи заштитат тие шо пушат . А еве ти уше посмешна информација , у Шветска е забрането и пушењето дома :vozbud: , луѓето само по улица пушат и на тераса ... :nesvest:
 
шо збориш бе човек? ова се заебаваш ти или??? ДОМА ДА МИ ЗАБРАНИ ДА ПУШАМ??? со кое право? со која логика пред се? мој дом е.. едноставно ке правам што сакам во него кога сакам и со кој сакам и како сакам..

ај кажи ми дека се заебаваш жити се зашо неможам да се исначудам. ајде океј да има целосна забрана ама ДОМА да ми забрани ??? не не не стварно неможам да си замислам.. знам дека у франција се збореше ке им забраниле на тарасите од зградите да палат цигари наводно грдфо изгледало ама ова шо го кажуваш ти.. дај некој доказ да прочитам со свои очи те молам.
И на крај да прашам само нешо... Кој би ме пријавил дека пушам ДОМА ?? Мајка ми ? Татко ми? брат ми сестра ми баба ми.. КОЈ ???
 
Kajgana Shop

Постови на неделата

Недела од 12 јули 2025

Политички случувања во Македонија - Генерална дискусија
Многу изгубија Вмро, Мицковски и Тошковски со ова. 30 години политички партии, еден не се најде да им каже дека не можат да идат со глава во ѕид, и дека не идат лично против Арсовска, туку против функцијата градоначалник на Град Скопје. Толкави...
Фан Клуб: Вардар
убаво е да се знае, не сите комити го делат ставот на “комити“
не може мене никој да ми наметнуваат како да размислувам.

иститие тие пред неколку години во ерата на најуспешните години на вардар бараа вардар да се повардарел. се повардари, си...
Политички случувања во Македонија - Генерална дискусија
тошковски постапува по судски налози. Конкретно за ова кај судот треба да ја бараш кривицата. Судот моментално не е под влада него ете е независен. ВМРО не смени ниеден судија кога дојде него тие што беа за време на СДС.

Аха, значи ако некој...
Back
На врв Bottom