Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Законот генерално е во ред, има место за мали отстапки пред се околу летните тераси и тоа во места каде не се служи храна. Нормално е на почетокот да има реакции со оглед на масовното консумирање тутун кај нас, меѓутоа ако издржи законов пушачите ќе се привикнат. Е сега читам ќе го оспорувале пред Уставен, а ако стигне таму осеќам дека лошо му се пишува како и на многу други закони донесени од оваа влада :hump:
Колку мене ми е познато храната не се расипува од димот.
А тоа дека им смета димот....знаеме .......на хиповците и самиот збор дим од цигари им смета...![]()
како шо тргнала работава ако се споревудва законов наместо да им даваат пари ке треба да им земаат пари...И тоа оваа година 60денари за килограм,а за другата година се збори дека ќе биде 90 денари за килограм.:nesvest:
на лук не ама на запотени мишки дефинитивно да!!!Абе, не ви смрдат кафичине на лук, откако забранија пушење?!
во објекти каде се служи храна треба да биде забрането пушењето,но каде што се пие тоа пусто кафе:nenene: а тоа што забраниле и во бавчите да се пуши,поголема глупост не сум слушнал..нека престанат да ги продаваат цигарите и со тоа ќе го решат цел проблем без никакви забрани,казни....
тука се гледа дека законот против пушење е најголема глупост..од една страна ти продаваат а од друга страна забрануваат,ајд биди паметен..демек се грижеле за нечие здравје..Јоооооок нема шанси да се деси ова.. знаеш колкава заработка имаат од цигарите..?? кило тутун го отукупуваат по цена 100 денара.. а една кутија цигари ти е 50 денара минимум зборам. а од едно кило тутун можеш да произведеш 1 штека односно 10 кутии.. заработка до гуша имаат!
тука се гледа дека законот против пушење е најголема глупост..од една страна ти продаваат а од друга страна забрануваат,ајд биди паметен..демек се грижеле за нечие здравје..
Многу едноставни решенија.
- Физички одделени простории за пушачи во локалите, со кои во никој случај нема да се загрозува здравјето на непушачите. Секој угостителски објект кој е способен да го изведе ова како што треба и ги задоволува вистински сите услови, да добие дозвола.
- Угостителски објекти наменети за пушачи. Непушачите нема што да бараат тука, ќе си одат во оние наменети за нив.
Ептен е едноставно. Доколку навистина некој има намера со меркиве искрено да влијае на заштита на здравјето на непушачите, ептен е едноставно.
И не ми праете филмови "еј, абе не може така, блаблабла..." затоа што може и е ептен едноставно, а секој муабет од тој тип не е ништо друго, освен да му умре цигарата на комшијата.
Сигурен си дека нема да загрозува ничие здравје, а здравјето на работникот. И да не збораме сега за интензитетот на штетата, поважно е од кои себични побуди е предизвикана, од мрзата културно да се излезе и испуши цигара надвор.
на лук не ама на запотени мишки дефинитивно да!!!
не дека зборам од инат баш вчера бев до либертас ама сериозно мирисаше на мишка бре човек...
треба или нетреба ја викам казни и за нив... знаат они мене колку ми пречи нивната „арома’? казни казни... само тоа му е лекот... или па нека искочи надвор да мирса бе шо има мене да ми го загадува чистиот воздух... :pos2:Знаев дека не е вистинскиот проблем во цигарите и нивната забрана. Луѓето ќе треба да почнат да се тушираат сега. Проклет закон. :zid:
Џанки напротив... ова ти е најдобро решение... знам во место од 200 души со поќе од 150 пушачи неможе чад да се види... а законов е крајно дискриминирачки, не дека сум пушач (ама не дека сум и непушач) не мојш ти да излезиш со пријател на пр на кафе или шо било... шо е сеа ја внатре тој надвор да палит цигара... ептен е
А да се воведе ова со лиценциве ќе е супер...
Сепак бев пушач, не сум повеќе. Убаво кажав дека има решение за оваа состојба и двете страни да бидат задоволени. И номој да ми кажеш дека некој пушач ќе ужива во кафето без цигара. И да сепак кај нас е таков менталитетот и небиди буквалист со тоа традиција читај подобро што е поентата со споредбата. Ако не ја сватиш твој проблем.
Мене ми е криво што дел од пушачите не се совесни точно и дел од непушачите. Јас како непушач реков дека поддржувам да има посебни одделни простории за пушачи ама и пушачите мора да разберат дека им штетат на непушачите во јавна просторија и за тоа мора да се променат нештата.
Не викам дека законов е совршен ама убеден сум дека и пушачите можат многу да добијат, знам дека оваа реченица е многу осетлива кај вас за оставање на цигари итн... ама ете ќе се вратам на мислата од погоре нека има посебни простории ама мора да бидете реални не сакам да мирисам на цигари и не сакам да дишам дим и тоа мора да го почитувате за да почитувам и јас тоа што вие сакате да пушите.
Ете јас ќе ти ја кажам Словенија 2 години се спроведува законот, и Шведска, само што таму во поголемите локали има кабини колку wc за да не мора да излегуваат надвор, сигурно има и други држави но не ги знам и не сакам да нагодувам.
И ја сум против законов , само да ти кажам дека си се излажал за Шветска , таму апла се почитува , само надвор се пуши , дури и им имаат остаено ќебенца надвор , демек да ѓи заштитат тие шо пушат . А еве ти уше посмешна информација , у Шветска е забрането и пушењето дома, луѓето само по улица пушат и на тераса ... :nesvest: