Очигледно се разви жестока дискусија на оваа тема. Јас сум непушач, но овојпат ќе бидам неутрален во однос на критиките. Најголема критика до предлагачот на законот, кој очигледно ја утнал поентата. Ако сакаш да тераш „здрави навики“, не се тера со пишување казни, а во исто време поттикнување на производството на тутун и продажба на цигари (собирање акцизи). Значи, како што ја разбрав поентата на законот, идејата е да се продаваат цигари на пушачите (собирање пари), и потоа нивно гонење затоа што пушат на јавни места (пак собирање пари). Во тој поглед гледам дискриминација, поточно заебанција. Ако сакаш да створиш здрави генерации, искорни го тутунот, забрани продажба и увоз на цигари, па кого фатат со цигара - оп шверцер, бујрум казна. Ама слатка е парата , а вака со законов, гарантирана двојна добивка.
Инаку, како непушач, нормално дека ми смета димот (се надевам дека пушачите од форумот знаат дека димот кој го испуштаат е двојно поштетен за оној кој го вдишува без филтер), но го оставам правото на оној кој свесно си го уништува здравјето, да му го отстапам тоа задоволство без приговор. Мислам дека треба да се ископираат некои европски искуства во овој поглед. Онаму каде што сум бил во ЕУ, во места кои ние ги нарекуваме кафичи или барови, прво ме изненади што навистина немаше дим , ни пушачи, но секаде имаше простории за пушачи, навистина мали , атмосфера внатре ала Аушвиц во најдобри денови, ама кој сака цигара - тоа е ...И очигледно функционира системот...
Значи , го поддржувам законот како идеја , но не така како што е срочен , крајно ригорозно со единствена цел собирање арач, туку го поддржувам со одредени предлози за измени, односно да се дозволи пушење единствено во одредени простории за тоа наменети. Но да бидеме реални, знам дека кафанџиите веднаш рипнаа, затоа што не сакат да инвестираат ни денар за адптација , а сакаат само кајмак да збираат, па најлесно е галама и протест.
Нека обезбедат просторија за пушачи, па кој сака кафе со цигара, ќе го има тоа задоволство, а кој не пуши, пак ќе си пие кафе со задоволство...
А оние муабети демек ти ме труеш ( коментар на непушач) или па не иди у кафич ако ти смета ( одговор на пушач ) тогаш би паднале во вода. И јас сум бил во „пушачка комора“ со пријатели, заради нив, иако мислев ќе експлодирам внатре, ама тоа е мој избор, а и пријатели не зпалиле цигара каде не е дозволено заради своите пријатели непушачи, значи нивни избор.
Најбитно е правото на избор, да се обезбедат услови за двете категории, па кој каде сака нека престојува....