Себепотценување

Heartbreaker

The Real ROCKNROLLA
Член од
6 декември 2009
Мислења
276
Поени од реакции
28
Во мојот живот сум имал повеќе моменти кога други биле подобри од мене, меѓутоа никогаш не сум се разочарувал. Секогаш сум верувал во своите можности и секогаш сум се обидувал да се подобрам себе си, за да ги стигнам и надминам моите ривали. Се се сведува на тоа дека човек мора да се почитува самиот себе, за да го почитуваат другите;)
 

Very Nice Girl

Нојс
Член од
25 август 2009
Мислења
1.231
Поени од реакции
160
Се се сведува на тоа дека човек мора да се почитува самиот себе, за да го почитуваат другите;)

Баш така! :) Колку и да сме лоши, ако не се почитуваме и дозволиме некој да не изгази.. џабе е, пропала инвестиција сме :)
 

MK_Devojce

I simply don't care...
Член од
2 август 2009
Мислења
468
Поени од реакции
162
Многу често знам да се обвинувам за нешто што не сум го направила и да се потценувам во смисла дека јас не сум како другите.:toe:
 
Член од
21 август 2008
Мислења
6.500
Поени од реакции
1.320
pa stvarta e da ne bides ko drugite nema nisto poloso od toa da bides obicen (American Beauty).
 

Marionka_z

Omnia mea mecum porto
Член од
16 јануари 2009
Мислења
208
Поени од реакции
29
Никогаш на себе не гледам како на личност која е fail. Не се доживувам на тој начин. И што и да фатам да работам, ако сакам, давам се од себе, така да го правам тоа најдобро што можам. Знам дека ако сум вложила доволно, сум направила доволно. Можеби за некој друг, тоа би изгледало сосема недоволно, но ако јас сметам дека сум го направила добро, тогаш е така.
А да се натпреварувам со некој друг? Па не би рекла да се натпреварувам. Можеби нечиј успех, ќе ме мотивира да направам и јас нешто повеќе во животот, ама не мора да трчам по него и постојано да се докажувам. Не сакам да се мерам со никој. И зошто би се мерела воопшто? Што ми претставува мене тој некој во животот? Нека биде успешен колку сака и на кое поле сака. Тоа во никој случај нема да ме разочара, да застанам и да речам дека мојот живот е тотално промашување.
Јас не би се споредувала со никој, зашто јас имам едни цели, а неговите се можеби сосема други. Не гледам зошто нечиј успех, би претставувал подлога за мојот очај или неуспех.
 

Miss Right

happiness machine
Член од
2 јануари 2009
Мислења
1.308
Поени од реакции
142
Порано многу често се споредував со една личност. Во било која област кога ќе се споредев со неа секогаш беше подобра од мене. Не ми дозволуваше барем за момент да бидам подобра од неа. Поради тоа мислев дека сум fail личност. Но со тек на време престанав да се споредувам со било кој. Сега сфаќам дека таа личност е поголем fail од мене. Дека нема нешто свое, туку само копира од другите, дека лажи за своите способности, се фали и дека премногу се преценува себеси. Со тоа што некој се споредува со некој друг не се поробрува себеси, туку се потценува.
 

Annabel

Неутрална*
Член од
18 декември 2008
Мислења
1.298
Поени од реакции
183
“Се што правам не излегува добро“,“Тој е подобар од мене,јас сум за никаде“...тоа се мисли кои најчесто не се точни.Не постои човек на планетава кој прави се наопаку(би бил мртов за неколку дена :wink:).
Работата е тоа што сите ние од една страна размислуваме како навистина треба да бидат работите,како правилно да постапуваме,да бидеме подобри па и најдобри,каков треба да ни биде животот,а од друга страна пак размислуваме за тоа како навистина стојат работите,какви сме всушност ние,каков е реално животот и споредбата на актуелното према стандардите кои сме ги поставиле нормално е да не доведе до некој степен на самопотценување и да не ги исполнува нашите очекувања.Потоа настанува разочарувањето и мислата дека “нешто не е во ред со мене,морам да направам нешто во врска со тоа“.

Лошо е што понекогаш ваквите мисли предолго “живеат“ во нашите глави и да,тоа е само во нашата глава-не е вистина.
Пред некое време постојано се преиспитував и живеев за да ги задоволам другите стравувајќи токму од тоа-да не правам нешто погрешно,другите подобро го прават тоа од мене,животов промашај ми е невиден....
Сега сум сконцентрирана на секојдневните обврски и ич не се замарам дали некој ќе биде подобар од мене или не.Секој за себе,затоа што моето “правилно“ сигурно не е “правилно“ за некој друг.
И додека си мислам како некој е подобар од мене и минува низ животот со полна пареа не сум свесна дека сум се закочила во некое време-невреме и само го голтам чадот ПРАШУВАЈЌИ СЕ што не е во ред со мене,наместо да превземам нешто и да го правам она што е најдобро за мене.

Подобар од мене-нема.Не затоа што е така,туку затоа што јас сакам така да биде.
 

аллександар

Вечно ненаспан
Член од
5 мај 2006
Мислења
7.381
Поени од реакции
2.522
хах.. на личност која е FAIL за себе никад не сум си рекол ама многу пати сум рекол дека за нешто не ме бива... не дека не ме бивало него ете сум изгубил воља, не ми иде нешо, ке се изблокираш... знаете.. има некад периоди шо коа ке ве затепа таков баксуз и тоа што најдобро го знаете го утињате или не го избедувате како што треба. ме бива за многу работи ама има и работи за шо не ме бива... се потценувам сам себе кога некој друг ке видам како некоја ствар ја прави совршено добро за разика од мене. не дека мене не ме бивало али ете има секој пат многу подобри... но убав си кажа вери најс грл. некакош самопотценувањето не тера или ни дава моќ да продолжиме и понатака. имало случаеви на пример кога за нешо ке се запнам па ке го направам по секоја цена...
 

Никола

Државник
Член од
18 април 2005
Мислења
5.074
Поени од реакции
333
Ако си клошар и делумно ретардиран од некој аспект, подобро е да си го знаеш и прифатиш тоа.
Тоа ти е еден чекор кон самоприфаќање.

Сепак поголем проблем е преценувањето.
Ќе заврши некој/а факс и мисли господ за јајца го фатила.
Има глупи луѓе, треба да има некоја селекција каде нема да имаме лепешкари на власт на пример.
Особено ме иритираат луѓе кои имаат преголема инфузија дали од нивните дали од околина, дека имаат нешто квалитетно во себе.
А не разбираат дека дали еден од 100 е навистина натпросечно интелегентен.
Сите бе се сметаат за посебни, памет блика.
А всушност, се` некој глуп просперира, за да се одржи просек.
Спуштање на земја треба, а оние кои се сомневаат, најверојатно се потценуваат.Себепреиспитувањето е полезно и најчесто баш оние кои ги бива се чувствуваат недоволно достојни.
Жално, но неминовно.
 
Член од
18 ноември 2007
Мислења
609
Поени од реакции
41
Најнапред треба да се запознаеме себе , да се прифатиме такви какви сме и да се сакаме бидејќи ние сме единствени нема друг како нас .Ако некој е одличен во некоја работа ние сме супер во друга и слич .Себепотценување , не би рекла, туку да сме свесни за своите доблести , маани и да сакаме нешто кај себе да промениме .А ако на нашиот пат се појави некој кој е подобар и не натера да и ние бидеме уште подобри, треба тоа да го поздравиме . Но тоа тука треба и да заврши .Бидејќи ние не знаеме што всушност чувствува тој човек и колку е тој задоволен од себе и што за него представува успех и среќа .Ќе се повторам успехот и среќата се е во нашата глава како ние гледаме на работите под влиание на нашите предрасуди и илузии. Да се сакаме себеси ние сме единствени и нема друг како нас .
 

statusQuO

Модератор
Член од
18 јуни 2008
Мислења
13.038
Поени од реакции
7.617
Мммм...себепотценување...
колку го мразам толку и го сакам :) неговиот исход ме вчудоневидува и самиот себе си. Мада иам уште време за да се пробувам на различни полиња, и да се потценувам/преценувам, па затоа не паѓам толку во депресии кога ке се преценам себе си.
 
Член од
21 август 2008
Мислења
6.500
Поени од реакции
1.320
се чудам колку се сметаат за важни и битни што се гледа по нивната суетност, нарцисоидност и ароганција, смртните суштества со троа вишак ум, на оваа планета која е само зрнце прав во однос на времето и просторот!
 

statusQuO

Модератор
Член од
18 јуни 2008
Мислења
13.038
Поени од реакции
7.617
се чудам колку се сметаат за важни и битни што се гледа по нивната суетност, нарцисоидност и ароганција, смртните суштества со троа вишак ум, на оваа планета која е само зрнце прав во однос на времето и просторот!
Јас не сум крив ако ти не си го вредниш животот.
 

ArhangelOFDeath

Immortality
Член од
3 септември 2008
Мислења
1.906
Поени од реакции
126
Јас сум сменет потполно....
Некогаш Сега
самодоверба Fail
храброст Fail
себепочитување Fail
Fail себепотценување
 

Kajgana Shop

На врв Bottom