Инсталација на навигација, сензори, камери и други корисни уреди

  • Креатор на темата Креатор на темата elektro
  • Време на започнување Време на започнување

elektro

Генијалец
Член од
11 мај 2009
Мислења
132
Поени од реакции
40
Ја почнувам оваа тема да ги видам вашите мислења за нешто вакво дали би поставили или веке имате во вашиот автомобил и колку е тоа корисно.

Еве јас да почнам...
Кај мене во Bmv to имам ставено Камера назад кај ознаката БМВ кај багажот која ми е поврзана со монитор кој е поставен напред.Камерава ретко ја служам ако ми затреба за нешто има светло поставено на неа и се ротира лево-десно горе-доле .
Имам Tomtom navigacija која доста ми служи.
Имам вградено мобилен телефон iphone 3gs кога некој ве бара ви се влушува гласовна секретарка дали да го отврли повикот или да го прифати кога ке го прифати музиката се запира.:D
имам во багажот апарат специјално направен за сладолет кој е многу добар него го користам само лето.
Исто така имам сензори за паркирање,за температура, ислично.Мене искрено ова многу ми служат а и доста се потребни
Пишете ваше мислење и предложете нешто ...
 
а да стаеше слики од машинката шо ке кажеш? :smir: веке коо викаш оти ја имаш дее :pipi:
 
Имаш право :D мене искрено не ми текна ќе ставам сеа неам време еј а и не е за фалење други ќе мислат дигам чалам -многу са фалам...
 
Да не те викет тебе Д Транспортер :smee::smee:
 
Ја почнувам оваа тема да ги видам вашите мислења за нешто вакво дали би поставили или веке имате во вашиот автомобил и колку е тоа корисно.

Еве јас да почнам...
Кај мене во Bmv to имам ставено Камера назад кај ознаката БМВ кај багажот која ми е поврзана со монитор кој е поставен напред.Камерава ретко ја служам ако ми затреба за нешто има светло поставено на неа и се ротира лево-десно горе-доле .
Имам Tomtom navigacija која доста ми служи.
Имам вградено мобилен телефон iphone 3gs кога некој ве бара ви се влушува гласовна секретарка дали да го отврли повикот или да го прифати кога ке го прифати музиката се запира.:D
имам во багажот апарат специјално направен за сладолет кој е многу добар него го користам само лето.
Исто така имам сензори за паркирање,за температура, ислично.Мене искрено ова многу ми служат а и доста се потребни
Пишете ваше мислење и предложете нешто ...
Дај стаи некоја фотка, да видиме на што личи со сето тоа и дали се селцки или шизички гаџетите : )
 
Ја сакам камера од позади да стам и ЛЦД неколку инчи ама да не е пренатрупано :/, и паркинг сензори ама отом потом
 
Ќе стаам слики колата ми е во сервис да сменам некои ситници и ќе го сликам да видите :D
 
А каде се наоѓа колата (во кој град)?

Инаку, мразам електроники по возилата, особено оние што го затупуваат возачот (автоматски менувач, паркинг сензори, камери напред/назад, ABS/ESP/TC...). Се знае што е возилото и што треба да прави секој возач (ако му стиска) па да ве видам без помошта како ќе се снајдите во екстремни услови. Да не споменувам дека грев е да се користат сензори при паркирање. Никогаш не сум имал прилика да користам такво нешто, а возам караван. И можам да го паркирам помеѓу 2 возила, доволно ми е 20 цм простор повеќе од должината на возилото... тестирано безброј пати.

Некој ке рече модерните електрики знаат да сочуваат живот во некоја ситуација, јас ќе ви речам дека умот во глава знае да зачува живот. Не треба да се правиме посилни од физиката, таа дејствува секаде и секогаш, а потпирањето на електрониката е лош изговор за претерување со брзината на движење на возилото.
 
http://img63.imageshack.us/gal.php?g=moetobmw.jpg

Колата не ми е од Македонија од Германија ми е.Ке ставам уште слики дај вие Пишете што како кај вас што планирате нема само мене да ме прашувате и да зафркавате хахахха.
Кој што мисли дал иби доградиле ништо по ваша желба и сл.
 
Малце чудно ми е та сликата google како додаено да е :smee:. А можеби и грешам, а која е таа апликација што ја користиш на ајфонот?
 
Ти бе, електро, да не монтираш такви тракатанци по колите?
Што се однесува до мене, јас би единствено, и тоа можеби, едно TomTom навигација демек...

Јас сум си олд скул тип кога е во прашање кола.
Кога паркирам не ми треба нешто да ми свири...си имам ретровизори, и по нив си ја паркирам, и по чувство за димензиите на колата.
Кафе, сладолед, такви заебанции, продаваат по бензински...
Други електронски гаџети не ми требаат...
Џиш рече дека најпрво те чува умот у главата, а дури после е електрониката.
Сосем точно...
Јас колата ја сфаќам како три педали, волан, мотор, менувач, пренос и тркала.
Во својот основен појавен и функционален вид.
 
http://img63.imageshack.us/gal.php?g=moetobmw.jpg

Колата не ми е од Македонија од Германија ми е.Ке ставам уште слики дај вие Пишете што како кај вас што планирате нема само мене да ме прашувате и да зафркавате хахахха.
Кој што мисли дал иби доградиле ништо по ваша желба и сл.

А како ја возиш во македонија или во германија сеедно со AT&T мрежа на ајфонот ? :tapp:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom