До пред некое време за верувањето мислев дека се е тоа од недостаток на верба во себе, од одбивање да се прифати одговорност за некои работи па најлесно е вината да се префрли на Бог и дека така морало да биде и бла бла бла... Но пред некое време почнав да се премислувам некако. Иако роден како христијанин не по своја волја нормално, никогаш не сум бил некој голем верник и она одење во црква ми беше само за Велигден и Божиќ повеќе од помодарство што е станато кај нас, отколку од верување. Но, после читањето на некои работи за настанувањето на светот длабоко се замислив. Се замислив од што е настаната онаа праматерија од која е настанат универзумот, планетите, ѕвездите, небото, земјата... Нели, до некаде е јасно за неговото создавање и сите научници знаат за настанокот на земјата дека била вжештена лава па почнала да се лади... но од што настанала таа лава, или од што настанало она од што настанала лавата. Од што настанало било што, од каде тоа нешто настанало и каде настанала? Што е сегашниот свет во кој живееме, дали се е спој од клетки. Како настанал човекот? ПА тоа е спој од клетки, но тој може да размислува, ОМГ... како е можно обичен спој од клетки да има способност да размислува, ако е така зашто металот или дрвото не размислуваат? Па човекот има душа, што е тоа душа, кој ја створил?
Мислам дека почнав да се уверувам себе си дека постои Бог, за некои Господ Бог, Алах,Буда... кој е создавач на светот, создавач на се, затоа што науката очигледно неможе да ми го објасни тоа, ниту со Церн сеуште. Па, најнакрај и верувањето настанало од неможноста на човекот да си ги објасни природните феномени, нели?