Дали верувањето е БОЛЕСТ

  • Креатор на темата Креатор на темата ateist
  • Време на започнување Време на започнување
Поентата е шо знаење НЕ постои, постои само делузиона убеденост во сопствената вистина, шо го прави секое убедување вклучително и ова твоето беспредметно.

Би се согласил со мал исклучок, во најголем број случаи се покажува како точно!
 
На пример сите оние кои биле спалени на клада или умреле со други интересни методи, за да докажат дека само со знаење може да се оди напред. Сите тие кои му пркоселе на светот предводен од будали кои ги воделе луѓето во заблуда спречувајќи било каков прогрес. Без тие луѓе јас и ти денес не ќе можевме да се допишуваме преку овие кутииве. И сите тие биле атеисти.

E тука се заеба. Да бидеш атеист значи да не веруваш во ништо, да немаш религија. Многу научници биле религиозни луѓе.
Ке го земам Ајнштајн за пример. Тој не верувал во еден Бог, но верувал во нешто.

Цитат од него:

Try and penetrate with our limited means the secrets of nature and you will find that, behind all the discernible laws and connections, there remains something subtle, intangible and inexplicable. Veneration for this force beyond anything we can comprehend is my religion.

И уште еден:

I'm not an atheist. The problem involved is too vast for our limited minds. We are in the position of a little child entering a huge library filled with books in many languages. The child knows someone must have written those books. It does not know how. It does not understand the languages in which they are written. The child dimly suspects a mysterious order in the arrangement of the books but doesn't know what that is. That, it seems to me, is the attitude of the most intelligent human toward God.

Да се биде верник не значи да се верува во Бог, туку да се верува во нешто. Болен бил он?

Исак Њутн (очигледно и он бил болен), директно од википедија:
Though he is better known for his love of science, the Bible was Sir Isaac Newton's greatest passion. He devoted more time to the study of Scripture than to science, and he said, "I have a fundamental belief in the Bible as the Word of God, written by those who were inspired. I study the Bible daily."[8] He spent a great deal of time trying to discover hidden messages within the Bible.

Толку од тие твои научници.
Темава е...ај да не и лепам епитети.
 

Пред појавувањето на Исус на сцена постоеле многу места каде што луѓето си живееле сложно и среќно на едно место под заеднички исти правила. Античка Грција, Кина,селце некое, Египет, пештера, Јужна Америка итн итн. Господ топла вода измислил.

И сите биле безбожници нели, е многу знаење покажавте браво.
 
И сите биле безбожници нели, е многу знаење покажавте браво.
Абе сега ти збориш за Бог/Господ и заради склопот на дискусијата ги ставаш под иста капа луѓето што веруваат во дрво, кобра, облак, сонце... луѓе(цивилизации) кои што во друга дискусија ги сметате за заблудени/грешници/луѓе што не го спознале Бог.

Како може група луѓе што не го спознале вистинскиот Господ бог и што место него слават лажен идол да ја имаат правилната концепција и расудување за некои верски правила на некој Бог што не ни знаат дека постои ниту пак го почитуваат.
 
lemurijanka;3210671[B напиша:
]Сакам да чујам име која е таа личност и со кое право Ти во нејзино име зборуваш дека е атеист.[/B] Човек е верник и тогаш кога не оди во ниедна црква или џамија не се раководи од ниеден верски обред а сепак живее според верските закони-тоа е верник. Со кое право ти им даваж етикети на лужето дека се атеисти или верници секој се изјаснува сам пред себе и пред Бог и НИКОЈ немора да знае за тоа. Затоа се друго е тра лала...

Денес на сите подфоруми некој нервозен скока...

Зборуваме за луѓе пред 400-500 години. Луѓе кои не верувале во тралалајките кои ги ширела црквата и кои беа спремни да го дадат својот живот за да докажат дека учењето за бог кое го проповеда црквата е лажно и дека не води кон прогрес туку кон отупување за што вие на подфорум религија сте жив доказ.

Понатаму, тоа што некој одел во црква и се крстел во време на инвизицијата затоа што во спротивно ќе го спалат на клада а предходно ќе му ги сечат тестисите за занимација, не го прави верник!

И на крајот, филозофиите на Ајнштајн за Бог ни јас ни вие не можеме да ги разбереме, за некои Бог е просто се она што не опкружува... тоа не значи дека тие луѓе се некакви верници, туку фино и лепо ви објаснуваат да ја чукнете главата, Богот во кој вие верувате не постои.

И огромно мнозинство на денешни слободни научници, кога нема инквизиција и кога не се плашат од ништо, отворено ви кажуваат дека верувате во тралалајки. И немој да ми наведувате некои анонимуси научници што откриле закачалка и верувале во Исус.

И после ја се расправам со Атеист зошто ви вика дека сте болни...
 
Што е толку тешко да се разбере „I'm not an Atheist?“ Треба превод на Македонски? Дури и Хокинг самиот тврди дека не е атеист. Или Хокинг не е познат? Туку и јас сум глуп што се расправам.
 
А дали замарањето да се докаже "апсурдноста на верувањето" со 489796545 отворени теми не е БОЛЕСТ?
Остајте ги луѓето да веруваат во што сакаат. Кој верува нека си верува, кој не верува не мора, никому ништо. :toe:
 
Што е толку тешко да се разбере „I'm not an Atheist?“ Треба превод на Македонски? Дури и Хокинг самиот тврди дека не е атеист. Или Хокинг не е познат? Туку и јас сум глуп што се расправам.

И Том Круз не е атеист. Верува дека вонземјани не донесле тука и дека еден ден ќе се вратат... Ако не ме разбра првиот пат можеби сега ќе биде појасно...

А дали замарањето да се докаже "апсурдноста на верувањето" со 489796545 отворени теми не е БОЛЕСТ?
Остајте ги луѓето да веруваат во што сакаат. Кој верува нека си верува, кој не верува не мора, никому ништо. :toe:

Да, ако некој се замара да ги убеди верниците да не веруваат, и обратно, тоа е некоја чудна врста на опсесија. И многу, многу изгубено време.
 
До пред некое време за верувањето мислев дека се е тоа од недостаток на верба во себе, од одбивање да се прифати одговорност за некои работи па најлесно е вината да се префрли на Бог и дека така морало да биде и бла бла бла... Но пред некое време почнав да се премислувам некако. Иако роден како христијанин не по своја волја нормално, никогаш не сум бил некој голем верник и она одење во црква ми беше само за Велигден и Божиќ повеќе од помодарство што е станато кај нас, отколку од верување. Но, после читањето на некои работи за настанувањето на светот длабоко се замислив. Се замислив од што е настаната онаа праматерија од која е настанат универзумот, планетите, ѕвездите, небото, земјата... Нели, до некаде е јасно за неговото создавање и сите научници знаат за настанокот на земјата дека била вжештена лава па почнала да се лади... но од што настанала таа лава, или од што настанало она од што настанала лавата. Од што настанало било што, од каде тоа нешто настанало и каде настанала? Што е сегашниот свет во кој живееме, дали се е спој од клетки. Како настанал човекот? ПА тоа е спој од клетки, но тој може да размислува, ОМГ... како е можно обичен спој од клетки да има способност да размислува, ако е така зашто металот или дрвото не размислуваат? Па човекот има душа, што е тоа душа, кој ја створил?
Мислам дека почнав да се уверувам себе си дека постои Бог, за некои Господ Бог, Алах,Буда... кој е создавач на светот, создавач на се, затоа што науката очигледно неможе да ми го објасни тоа, ниту со Церн сеуште. Па, најнакрај и верувањето настанало од неможноста на човекот да си ги објасни природните феномени, нели?
 
Атеист, до тебе ќе го упатувам овој пост!
Ако јас пример сега те удрам шамар, силен и јак , дали јас ќе ти нанесам болка ?
Со почит реемтеЈ
 
што би сакала на атеист некој светец на сон да му се јави .. Чудна психологија ...замисли во еден момент- она против што тој цел живот се борел да е вистина... тоа е страшен пораз на личноста а само бог знае што ке му е во душата...
 

Мене јасно ми е дека зјапаш ко теле во мојте постој кој за твојата ограничена перцепција се семантички непоимливи, само не ми е јасно зошто не поќутиш ами вака се изложуваш на потсмев.

E тука се заеба. Да бидеш атеист значи да не веруваш во ништо, да немаш религија. Многу научници биле религиозни луѓе.
Ке го земам Ајнштајн за пример. Тој не верувал во еден Бог, но верувал во нешто.

Глупости траскаш!

Атеизам не е да не веруваш во ништо, атеизам е да не веруваш во постоењето на Бог или во поширока смисла на зборот да не се зема за постулат надприродно безсмртно суштество.

Да не веруваш во ништо т.е. да веруваш дека сознанието е невозможно претставува епистемолошки нихилизам.
 
Jaс, струмичанче сограѓанче, одам само на велигден, вонка стоом, интересно ме галбето да ги глеем.
После од попо ми се преспива. :)

A ти остануваш, забележил сам те. :):)

Лажаш! Јас останувам да ги соберам јајцата и парите... за бизнис се работи, ништо повеќе, ни помалку...

Ти си ми сумљив...
 
Ја еднаш имам напишано па ќе повторам по некој 200-300 години сите религиозни следбеници, фанатици и слични на нив без разлика од која религија се ќе бидат третирани како личности со пречки во развојот и соодветно лекувани.
 
Денес на сите подфоруми некој нервозен скока...

Зборуваме за луѓе пред 400-500 години. Луѓе кои не верувале во тралалајките кои ги ширела црквата и кои беа спремни да го дадат својот живот за да докажат дека учењето за бог кое го проповеда црквата е лажно и дека не води кон прогрес туку кон отупување за што вие на подфорум религија сте жив доказ.

Понатаму, тоа што некој одел во црква и се крстел во време на инвизицијата затоа што во спротивно ќе го спалат на клада а предходно ќе му ги сечат тестисите за занимација, не го прави верник!

И на крајот, филозофиите на Ајнштајн за Бог ни јас ни вие не можеме да ги разбереме, за некои Бог е просто се она што не опкружува... тоа не значи дека тие луѓе се некакви верници, туку фино и лепо ви објаснуваат да ја чукнете главата, Богот во кој вие верувате не постои.

И огромно мнозинство на денешни слободни научници, кога нема инквизиција и кога не се плашат од ништо, отворено ви кажуваат дека верувате во тралалајки. И немој да ми наведувате некои анонимуси научници што откриле закачалка и верувале во Исус.

И после ја се расправам со Атеист зошто ви вика дека сте болни...
Од тебе побарав да дадеш име на човече запалено на клада зошто било неверник, а ти цело време ми зборуваш воопштено, односно ништо. Цело време се обидувам да ви кажам само една работа. Верувањето во камен дрво, Бог, Один, Јупитер, Исус е една иста работа. Нема разлика. Станува збор за верување, а каде што има верување нема атеизам. Верувањето е лична работа, некој тоа го прават јавно, некој скришно, и никој нема право за друг да коментира дали тој и тој е неверник или верник. Тогаш во тој слушај даваш етикети, осудуваш или што и да е. На оваа тема се зборуваше 100 пати е сега е во нова варијанта џанам верувањето било болест. Дали ти веруваш дека утре ќе биде подобро или полошо, сигурно имаш некакво вреување, а во зависност од истото си или оптимист или песимист, од каде болна. И кога ја отвараше темава не те прашав мислеше верувањето да го класифицираш како физичка или психичка болест а? Се на се морам да кажам многу површно поставена тема на која веќе многу пати е дискутирано.

Абе сега ти збориш за Бог/Господ и заради склопот на дискусијата ги ставаш под иста капа луѓето што веруваат во дрво, кобра, облак, сонце... луѓе(цивилизации) кои што во друга дискусија ги сметате за заблудени/грешници/луѓе што не го спознале Бог.

Како може група луѓе што не го спознале вистинскиот Господ бог и што место него слават лажен идол да ја имаат правилната концепција и расудување за некои верски правила на некој Бог што не ни знаат дека постои ниту пак го почитуваат.

Кој сме ние да одлучуваме за другите што е исправно и кој Бог е правиот. Е од тука потекнуваат религиите и борбата меѓу нив за доминација-јас сум правата вера. Ретко кој може да каже дека го спознал Бог -во себе и тоа е пак негово лично верување тој не го спознал Бог за целата негова улица, комшилук, племе или нација. Секој верник во животот се труди да го спознае Бог-и не се смета за болен.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom