Артилериска граната уби 25 годишно момче на полигонот Kриволак. Ферди Jусуфов со уште двајца другари вчера рано наутро влегле на армиското стрелиште да собираат старо железо.
Околу пладне Jусуфов пронашол неексплодирана граната, за да ја провери нејзината исправност почнал да ја удира со метална шипка по што ескплозивното зрно се активирало.
Поради сериозноста на повредите, Jусуфов веднаш бил префрлен на скопските клиники. Залудни биле обидите на лекарите, по неколку часа момчето починало.
Сега Aрмијата и полицијата истражуваат од кога гранатата се наоѓала на тоа место.
За целосно расветлување на случајот, телото е предадено на обдукција. Собраното железо од Kриволак, Jусуфов и неговите другари планирале да го продадат.