Ова ме потсети на еден од моите тазе херои - типот што пред пар години изреагира фантастично пред еден обид на грчки пилот да си поигра со него :back:
На самото доближување на грчкато летало кон турското сакајќи да го заплаши, турчето реши да биде хард нат и не се помрдна, при што гркчето погина, а турчето со падобран падна во егејско море. Најреспектабилен ми е фактот што потоа одбива да биде спасен од грчката морнарица, одбива и да се качи на грчки хеликоптер, но се качува на еден брод што поминува. И фактот дека веднаш потоа го вади својот веќе веројатно нефункционирачки хеклер и го држи на нишан капетанот на бродот со наредба да не дозволи грчкиот хеликоптер да дојде до него