Болиглава
A cold fact
- Член од
- 16 јуни 2007
- Мислења
- 4.701
- Поени од реакции
- 2.353
Дали по George Benson од минатата година, Античкиот театар во Охрид ќе угости уште едно врвно име во музиката. Во мај 2010 година, Боб Дилан доаѓа во Македонија.
Легендата на светскиот рокенрол, американскиот пејач Боб Дилан, сеуште неофицијално, ќе одржи концерт кон средината на мај 2010 година во Античкиот театар во Охрид, а влезниците за него ќе се продаваат по цена од 5.000 денари, односно 4.000 денари, за места кон погорните редови на локалитетот.
Веста за доаѓањето на најголемата ѕвезда што воопшто гостувала во Македонија одекна како бомба, но засега за неа се уште нема официјална потврда. Како организатор се спомнува името на „Авалон продукција“.
Bob Dylan, чие вистински име е Robert Allen Zimmerma, е роден на 24 мај 1941 година. Тој е еден од најуспешните музички имиња и култна личност на генерациите од шеесеттите години. Често преку песната го изразува својот бунт против политиката и општествените догми на неговото време, говори и за проблеми со религијата и верата, општо, и пее за љубовта.
Неговата песна „A Hard Rain’s A Gonna Fall“ беше прифатена за неофицијална химна на Конференцијата на Обединетите нации за борба против климатските промени во Копенхаген. Песната зборува за стравовите на луѓето што живеат под закана од нуклеарна војна, а првично е објавена во 1962 година, во текот на студената војна.
Извор.
Единствено картиве ми парет очи, ама ако е вистина ќе го занемарам тој факт. За мене вредит да се дает 80 евра за легендава.

колку сакаат нека се, вреди!!!