Словенија и Хрватска наскоро ќе банкротираат?

  • Креатор на темата Креатор на темата vone
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334
Локација
Тука негде наоколу
Прогнозирање, предвидување или гатање?

Словенија и Хрватска наскоро ќе банкротираат?



Словенија и Хрватска наскоро ќе банкротираат, предвидува светски познатиот економист Ларс Кристенсен.
Во интервју за чешкиот весникот „Лидове новине“, Кристенсен вели дека Словенија наскоро ја очекуваат сериозни финансиски потешкотии.
Кристенсен неодамна го предвиде банкротот на Исланд и Грција, потенцирајќи дека финансиски крах и се заканува и на Шпанија.
Според овој експерт, главниот проблем настанува што банките им даваат дарежливи кредити на претпријатија кои се пред пропаѓање, и тоа може да биде катастрофално.
Доколку Европската централна банка продолжи со таквото однесување, може да се создаде нова криза, што ќе оштети многу држави.
Во земјите кои ќе имаат проблеми ги вброил Словенија, Романија, Бугарија, Украина, Србија и Хрватска.
Според Кристенсен, европската монетарна политика е погрешна, зошто тешко е да се има иста валута во голем број земји, кои имаат драстични разлики во платите, цените и политичката моќ.


http://www.time.mk/read/028eb9d08f/efb7819786/index.html
 
Убаво си кажа Сем Вакнин, Македонија нема економска криза, затоа што нема економија.
Оние држави кои ја имаат и се трудат во неа да спроведат максимално нереалистични социјални мерки, се разбира дека ќе имаат и проблеми.
Не можеш да спонзорираш некој кој не работи дарежливо и да очекуваш економијата да ти издржи.
За Хрватска не верувам, ќе има таа туристи од кои може иако со помал стандард да издржи, но Словенија, може и да наебе.
Има поефтини и поквалитетни алтернативи на Горење и подобри скијачки центри од нејзините.
 
Дали конечно ќе дочекаме да се израмниме со западниот свет??? :)
изгледа тие ќе се израмнат со нас...кај нас неможе ништо да банкротира затоа што све е одамна банкротирано...
 
ЕУ ти е распашана команда.
Постојат држави со такви дефицити, кои живеат на туѓи сметки и сето тоа се толерира.
Многу брзо ќе завршат кредите на ЕУ, остатокот од светот не спие, се реорганизира и работи.
Али, слаба ЕУ, слаба Грција, слаба Грција, посреќна иднина за Македонија.
 
За Хрватска зависи каква ќе и биде туристичката сезона.Ако е ко оваа година не би требало да има големи проблеми.Оваа сезона помина подобро од очекуваното,на ниво со претходните години.

ЕУ ти е распашана команда.
Постојат држави со такви дефицити, кои живеат на туѓи сметки и сето тоа се толерира.
Многу брзо ќе завршат кредите на ЕУ, остатокот од светот не спие, се реорганизира и работи.
Али, слаба ЕУ, слаба Грција, слаба Грција, посреќна иднина за Македонија.
Зависи,бидејки грците се најголеми инвеститори во Македонија.Ако тие пропаднат тука многу фирми ќе пропаднат исто.Плус ако пропаѓаат економииите од ЕУ(наши најголеми трговски партнери) и ние ќе пропаднеме.Ланчана реакција ти е тоа.
 
Државите,които си дозволуваха огромни дефиците за да можат да помпат икономиките си и стандартите си,сега е време да дрпнат спирачката,ако не сакат да банкрутират,а ММФ чека точно такива жертви.Да им даде пари,да им постави услови.
За Словениja и Хрватска не верувам да имат проблеми,но Унгариja,Романиja,Србиja,Словакиja-века подпишаха договори со ММФ за милиарди евра.
 
изгледа тие ќе се израмнат со нас...кај нас неможе ништо да банкротира затоа што све е одамна банкротирано...


Нема да има израмнување, Словенија и Хрватска ги имаат сите потребни средства за да се справат со кризата, ова е само привремено кај нив кога ќе се вратат во игра од поново државите кои ја водат економијата во ЕУ, ќе се опорават и помалите играчи.За разлика од Хрватска и Словенија, Македонија нема струја, нема инфраструктура, нема инвестиции, увозот е далеку поголем од извозот што е лошо, криминал, корупција, судски процеси кои траат се додека не се појави нов Месија и прооде по земјава за по некое чудо да воскресне на седмиот ден и така....
 
Пушти ХРТ1 да видиш дека МК и ХРВ се разликуваат едино во тоа што браќава Хрвати имаат море.:toe:
40 милијарди долг на Хрватска е преголема сума.
 
Пушти ХРТ1 да видиш дека МК и ХРВ се разликуваат едино во тоа што браќава Хрвати имаат море.:toe:
40 милијарди долг на Хрватска е преголема сума.


Да, ама си бил ли во Хрватска да видиш што е изградено со тие четириесет милијарди?!Ако не си бил оди види, за разлика од кај нив, кај нас тие кредити што се земаат од ММФ (и сл. организации) за развој завршуваат во нечиј џеб.После се чудиме како некој имал пари да купи ферари и да го вози по скопските улици (кои личат како да се гаѓани со касетни бомби) по кои не вредат ни пајтони да возиш по нив.
И во Хрватска профит најмногу носи индустријата, туризмот како гранка е на трето место мислам, не сум сигурен за ова.
 
Со тие 40 милијарди изградени се најмногу модерни автопати.Ама долгот си е долг.Хрватска веќе е банкрот.И пак исто како кај нас.Грабежи,корупција,губење работа,убиства...
 
Хрватска е 10 а Словенија 30 години пред нас. За какво израмнување зборувате?
 
Со тие 40 милијарди изградени се најмногу модерни автопати.Ама долгот си е долг.Хрватска веќе е банкрот.И пак исто како кај нас.Грабежи,корупција,губење работа,убиства...

Долг си е долг точно, но разликата е во тоа што Хрватска ќе може во иднина да го поврати тој долг, ќе има можност; ќе има инвестиции, а инвестициите носат профит а инвестиции ќе има зошто имаат инфраструктура, имаат струја и др. нешто што Македонија пример во моментов го нема.Да во секоја држава има корупција, губење работа, убиства, кражби никој не е имун на тоа, но кај некој тоа е повеќе застапено, кај некој е помалку застапено а од двете зла ќе го избереш помалото нели?!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom