Реков, два различни колосека, паралелни, без шанси за допирни точки т.е без шанса за вкрстување, засега!
Секој со своето.
Но примерот со шеикот не ти е најсоодветен бидејќио не се работи за взаемна љубов крунисана во искрена договорност или слично.
Јас говорам за истото што и ти, но со повеќе!
Се жалиш не те читале. Па кога ќе напишеш нешто што држи вода можеби некој и ќе те “прочита“.
Јас сум женет и имам две деца, тоа и според тебе нели ме прави “квалификуван“ за тоа што предходно го напишав.
Ти на пример не си во некоја таква за тебе идеална повеќепартнерска врска, и твоите “објаснувања“ за безгранична љубов (кои ние не ги разбираме :jaj
немаат подлога.
Наместо да пишуваш само навреди и да се жалиш дека не си разбран, повели опиши РЕАЛНА, по твој терк, повеќепартнерска врска.
Во одреден период од младоста, поточно во пубертет, можеби и на некој му изгледа супер идејата да биде ХИПИК, да шири и да води љубов со повеќе партери истовремено. Ама тој период е преоден не е вечен. Барем кај нормално созреани личности по бесните и луди млади години, доаѓа период созревање како личност и соочување со реалните проблеми права и оврски произлезени од нашите постапки.
Да си ја имал среќата во шеесетите да си во Америка (не денес) можеби и ќе си проживеел некоја година во таква повеќепартнерска врска полна со љубов и разбирање (сеуште не верувам дека тоа е можно ама ете така не лажат по филмови).
Ти вака ми личиш дека си заглавил во пубертет па сеуште сањаш и си ЗАМИСЛУВАШ како тоа ти ќе си го проживееш животот.
Порасни (разбуди се) и почни да живееш реален живот.
Реалните примери за полигамија денес ти се тие. Шеикот што практично ги поседува (бидејќи си платил “поштено“ за нив) жените и немаш тука муабет за никаква љубов, посветеност и разбирање.
Или друг исто реален пример ти е Хефнер со неговите 2-3 (или не знам колку) зајачици кои што практично му се сексуални робинки или можеби мислиш дека тие искрено го сакаат. :pos2:
ФАКТ: Полигамна врска, еден маж повеќе жени, функционира на принцип на потчинетост (на жените) никако на основ на се-взаемна љубов.
Проблемот со тој твојот “колосек“ е што е ИМАГИНАРЕН, не постои.
Бидејќи си уште во пубертет (незрел) да ти објаснам како идат некои работи.
Сретнуваш девојка, ако има взаемна привленчост и согласност логично е и да се “плеснете“ (знам лошо избран збор ама за да ме разбере “соговорников“).
Ако со таа девојка ти е убаво и сакаш повеќе време да си со неа ти се јавуваат и чувства, односно почнуваш да се ЗАЉУБУВАШ.
По подолго време кога си со неа и делите и правите се повеќе работи заедно, почнуваш да стекнуваш и сигурност, доверба... и полека ти се смирува немирот (пеперутките во стомакот) а истовремено чувствуваш јака поврзаност со целокупната нејзина личност и појава и едноставно не можеш без неа, тоа ти е ЉУБОВ.
Бидејќи ти најверојатно не си осетил такво нешто, не можеш ни да разбереш дека тоа не е можно со повеќе од ЕДЕН партнер.
Љубовта кон децата, родителите, пријателите, општо кон луѓето... ( да не набројувам и љубов кон природа... животни итн. итн.) не можеш да ја споредиш со предходно опишаната.
На темава изглада ти сепак најмалку КОНТАШ за што се прави муабет.
ПС. Знам кога ќе го прочиташ ова што ме очекува ама само ќе те потсетам на нешто, во случај да не си го видел напишано од колешката ада.
Затоа и велам дека реториката која ради-реда лепи етикети на затуцаност и што ти ја знам, само затоа што нема аргументи, е провидна.
:smir: