Моногамија

  • Креатор на темата Креатор на темата Out Boy
  • Време на започнување Време на започнување

Мојот личен став за моногамијата е:

  • Вкупно гласачи
    40
Јас имам три жени и 4 деца, засега. Снајден сум. И?
Добро бе друже. Ти се етикетираш себеси ко серафим... Тебе ти е природно... А како можиш да судиш и за другите луѓе шо е природно а шо не?
 
хехе... ај ми е мака да ти ги барам јас постовите наназад за јас да те цитирам тебе... и не само на темава :wink: ај нема везе... peace
 
Историски гледано јасно е дека првобитните заедници биле полигамни.
Општеството и неговите услови кои настанале со развојот на човештвото, имале "потреба" од создавање на моногамни заедници. За разлика од животните кои живеат во полигамија и каде што потомците кои се производ на тоа ги чува мајката, човекот живее со една жена/маж ( барем така би требало да биде) до крајот на животот. Тоа е апсолутна моногамија и нејзино право значење. Од целиот животински свет, само птиците се верни т.е не менуваат партнер, се додека еден од нив не умре, па и тогаш некои остануваат сами. Тоа не значи дека полигамијата е природна и се препорачува на луѓето, не само заради тоа што постојано е присутна опасноста од полови болести,туку во прашање се емоциите, децата, љубовта која секогаш трпи и некој секогаш ќе биде повреден. Можеби еден цитат на кој ми текнува дава комплетен одговор." Моногамијата е социјално решение на биолошкиот проблем"
Денес постои појава која полека, но сигурно почнува да ги "убива" традиционалните врски и бракови. Тоа е појава во која луѓето, во одреден период од својот живот одбираат партнери за моногамна заедница, за по неколку години друг итн... Некои веројатно ќе кажат дека сето тоа е во ред, дека е искуство и дека едноставно во поголем дел од случаевите е можеби подобро така. Се сложувам не викам не, но не можам да го занемарам и фактот дека таквото постојано менување на привремени партнери, влијае врз емоциите и што е најважно врз емоционалното трошење. Ваквата философија т.е на некој начин култура на живеење влијае и врз карактерот на самиот човек, зашто верувам дека повеќето кои поминале низ такво искуство да имаат таква традиционална "долга" врска или поинаку кажано предбрачна заедница,заедно со себе понесуваат искуство, но и траги кои се рефлектираат понатаму во другите врски.
Бидејќи една од ретките вредности која сеуште опстојува е бракот, иако во последно време често се поставува прашањето колку долго,можам да кажам дека бракот како институција за мене е сериозна и должна за почит, која заедно со моногамијата и те како не сместува на повисоко ниво од она животинското.
 
И да, заборавив да напоменам за важноста на слободното сексуално изразување, за тоа колку важен фактор е сексуалниот нагон кај човекот и дека потиснувањето и ограничувањето на истиот доведува до најразлични неурози, фрустрачии, застранувања и што ли не...а ако не веруваш земи прочитај го Фројд...или и тој можда према тебе не е во право почто земал кокаин(препишан од доктор)но не земал цел живот а посебно не ко ги развивал теориите...

Момак, навистина е симпатичен начинот на кој се имаш доведено во заблуда, а уште посимпатичен начинот на кој беспоштедно се трудиш сите останати да не увериш во истата. Ова разбира се, само под претпоставка некој и да те чита, или уште повеке да се одлучи да ти верува. Сепак, најинтересен е отворениот апел за читање на фројд, како небаре вашите теориски становишта комплетно да конгруираат, и аналогно на ова, како аd hoc да е потврдена вистинитоста на твоите тези. Имено, вистина е дека потиснувањето на сексуалната енергија на долг рок неизбежно води во невроза, но исто така е вистина дека слободното или неконтролирано празнење на истата завршува речиси идентично. Затоа Фројд предлага, огромните количества сексуална енергија да бидат канализирани и тоа низ активности кои му се примерени само на човекот. Ако сакаш, би можел и да ти објаснам, како се има случено на еден од најголемите апологети на цивилизаторските вредности и достигнувања, мегу кои бездруго спага и моногамноста, да му припишеш ваква небулоза...
 
Морав да го споменувам Фројд пошто почнаа да се мешаат и навредуваат религии, секти итн итн.
ЗНАМ дека не сум во заблуда!
 
Моногамија ме потсетува на дедо мраз... убава бајка за романтичарите... едно е сигурно, брак е долг кој се стекнува во младоста, а се отплаќа во староста.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom