Моногамија

Мојот личен став за моногамијата е:

  • Вкупно гласачи
    40

ada

Модератор! ок?
Член од
21 август 2006
Мислења
5.706
Поени од реакции
566
2. Најголемите причини за развод се: Индиферентноста, здосаден секс, лоша комуникација, материјална состојба, насилство.

4. А моногамноста го штити од повреди и разочарувања? :) Според мене заблуда.
Без разлика дали е резултат или последица...Полигамијата вака или онака завршува со развод/прекин на врската затоа што, емпириски докажано, не може да функционира на долги стази. Тоа е поентата.

Во врска со точка 4...Затоа што полигамноста, без исклучок, носи повреди и разочарувања, логичен заклучок би било дека моногамноста превенира од истите.
За телемата појма немаш и затоа не можеш да ме навредиш ако ме нарекуваш телемит и не сум со ограничени размислувања како што си ти. Ако тебе ти наметнале одредено размислување и ти како слепиот за стапот се водиш по истото алал нека ти е и тоа е твој проблем, јас сум воден од здравиот разум и здравата совест учејќи и од философи и од психолози и од религии, согледувајќи го и црпејќи го најдоброто и најпозитивното од истите. Најтажно од се ми е кога гледам глумци како тебе кои глумат висок(лажен) морал и вредности а во пракса се сосема поинакви.

Гарфилд свака част...често ги следам твоите размислувања и се надевам дека во иднина ќе има повеќе како тебе...поздрав!

Полигамијата е штетна за луѓе кои се себични и не знаат или не можат да љубат и да сакаат безусловно, љубовта е света работа која не познава ограничувања кога е од срце и искрена. Е сега тоа што нас ни пречи кога партнерот ќе не изневери е резултат како што реков претходно на тоа што ние сме навикнати од раѓање да размислуваме така да се изразам моногамно, што е резултат на наметнатите ставови и ограничувања од страна на религиите, што пак предизвикува љубомори, посесивности и разноразни негативности кај човекот.
Чичко Фројд потришил еден живот обидувајќи се да го објасни либидото и проблемите кои можат да се појават ако истото се ограничува или на кое му се наметнуваат морални вредности.
Полигамијата не значи да имаш секс каде ќе стасаш и со кого ќе стасаш, ниту ќе имаш енергија, ниту ќе имаш можност, ниту ќе имаш желба, да го правиш тоа на таков начин. Зарем љубовта тогаш нема да постои? Ќе постои, постоела и ќе постои.
Да не бидам сега сфатен погрешно....јас не неметнувам ставови како што некои прават и не ги обележувам луќето како телемити или њу ејџ фанатици, без лично да ги познавам...Ада свака част, култура на нивоу како би рекол Жика Павловиќ!
За разлика од тебе, јас не извлеков никакви заклучоци за твојата интелегенција, светоглед или што и да е, односно не одев директно ad hominem. Прокоментирав единствено за демонстрацијата на суштинско непознавање и небулозните тврдења за причината за моногамија во религиите, и општо за ставот на истите кон телесните страсти и сл. Инаку, телемата, затоа што има ритуали, мистицизам, хиерархија и сл., не може да се нарече филозофско учење, туку е нешто што наликува не религија, а затоа што не е, останува да ја наречеме секта. Патем, она за њу ејџ фанатици беше наменето за некој друг од темава, кого и лично го познавам.

Конкретно на темава...По не знам кој пат ќе повторам дека за да нешто наречеме полигамија, во тие односи мора да биде вклучен секс.
Ако е поинаку, односно ако се работи за љубов кон личност која не вклучува телесен контакт од тој тип, ниту фантазирање за истиот, тогаш не станува збор за полигамија.
Затоа, дрвењата, односно провидната маниппулација со реториката за безграничната несебична љубов едноставно не држи, или сте, во најмала рака, игнорантни.
И затоа сите духовни луѓе кои де факто демонстрирале таква љубов апстинирале од секс.

А, за тоа да ти е јасно доволно е базичните човекови психолошки механизми и анатомијата на сексуалната желба да ги познаваш, плус нешто околу духовните/филозофски учења и нивниот став кон страста/желбата/потребата.

П.С
Никаде не тврдев дека сум секогаш моногамна или дека таква ќе бидам со сигурност (всушност нагласив дека не сум). Само кажав дека тоа го ценам и дека се стремам кон истото.
 
Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Напишано од Ада:

Без разлика дали е резултат или последица...Полигамијата вака или онака завршува со развод/прекин на врската затоа што, емпириски докажано, не може да функционира на долги стази. Тоа е поентата.

Во врска со точка 4...Затоа што полигамноста, без исклучок, носи повреди и разочарувања, логичен заклучок би било дека моногамноста превенира од истите.
Моногамијата не подразбира верност по дефолт.

Јас можам да сум моногамен во врската меѓутоа да ми се допадне друга личност надвор од неа поради која би ја прекинал врската.

Да бидеш моногамен не значи дека ќе успееш да го избегнеш тоа да бидеш оставен од партнерот поради трета особа.

Не се потребни квалификации на луѓето од типот моно-поли, бидејќи животот секогаш ќе те изненади на овој или оној начин, а треба да знаеме како да се приспособиме и на тоа што не сме го очекувале.

Животот треба да се живее, да се слуша интуицијата, да се прави она што се сака, да се најде тоа што не прави среќни.

Доколку полигамноста се восприема како апсолутен грев, тогаш незнам дали сте чуле за промискуитетна моногамност.

Преголеми предрасуди на темава.
 
Очигледно се ствара „фонија“ ради терминологијата, односно не се разбираме ама скроз :)

И никаде не употребив квалификации ко апсолутен грев, ниту поделив луѓе на подобни и не, ради поли/моно моментот.
Ако ништо друго, тоа би било страшно лицемерно од моја страна.

Ај утре малку поопширно, сеа идам малку кај мојот долгогодишен, верен партнер звани кревет.
 
Вештица

love&reason
Член од
2 јануари 2009
Мислења
1.524
Поени од реакции
856
,,Само срцето има повеќе соби од јавна куќа"- Гарсија Маркес

Во ред е полигамија, ако двајцата партнери се сложат на неа. Проблемот е што е ова е многу ретко, најверојатно затоа што таков морал ни е наметнат, или па можеби луѓето се премногу егоистични, посесивни...

Но да практикуваш полигамија и да ги сакаш сите жени/мажи подеднакво значи дека не љубиш ни еден од нив. Па и во религиите каде што се пропагира полигамија еден од партнерите е примарен.
И идеализирање на жените не претставува љубов, мажите често знаат да кажат, "јас просто безрезервно ги сакам жените".

Полигамијата може да се оправда од проста причина што и кога сме моногамни и тоа е условно кажано, особено кога ,,врската" е долга, не е можно да не те привлече друг маж/жена. Зошто тоа да не задоволи, ако се знае дека тоа е на сексуална база и се знае кој е примарниот партнер? Како што може полигамијата да донесе проблеми во врската може и моногамијата, баш заради фустрации поради незадоволување на оваа потреба. Ама за да се постигне тоа треба да се опен мајндет и дваајцата партнери и тоа помногу.
 
M

marsovka

Гостин

овдека се гледа дека повеќето од нас не знаат да разграничат што е моногамија, што е отворена врска и што е неверство а што е полигамија.
Како може да биде полигамија кога е договор помеѓу двајца партнери о.О

Главниот проблем кај полигамијата е голтањето на егото,воглавно нас не учеле се да делиме осве н партнерот ,ако партнерот иде кај други не вредиме , па после доаѓаат оние сцени на плачење и проблеми без да се обидат да видат што има на другата страна. Без да се обидат да поминат што подобро со партнерот она време што го имаат. Туку дрват за некакви ми зошто со оваа и зошто се плесна со секретарката итн итн така до бескрај . Видете луѓе како сусштество кое знае дека моногамијата за него е мисија невозможна ви кажувам возможно е сите партнери да ги сакаш подеднакво , различно но еднакво.

Нам ни е на некој начин наметната моногамијата ретко кој од нас би бирал помеѓу своите најблиски пријатели а,скоро секој од нас би набројал најмалце двајца кои ги смета за најблиски :) Ама никогаш не би побарал од своите најблиски да бираат помеѓу него и некој нивен близок . Бидејќи нормално сме научени да ги делиме најблиски .

Полигамија ви е врска помеѓу тројца или повеќе единки со согласност помеѓу нив и свесност дека се во полигамна заедница.
Се што опишавте погоре се вика неверство бидејќи барем една личност во триаголникот не е свесна дека постои триаголник.И барем една личност е лажена дека партнерот нема друга , разликата помеѓу неверство и полигамија е во свесноста и согласноста од сите засегнати страни (знам лош опис ама белким ме сфативте)
 
ada

Модератор! ок?
Член од
21 август 2006
Мислења
5.706
Поени од реакции
566
p0ligamijae superza mnogu openminded osobie
iteresnou site islamisticki zemjija imaisto onitaka puni razbiranjei ljubov iotvoreni glavise
amatoa zakul lugjeso ljubov e ok

p0zzz
 
S

smart ass

Гостин
овдека се гледа дека повеќето од нас не знаат да разграничат што е моногамија, што е отворена врска и што е неверство а што е полигамија.
Како може да биде полигамија кога е договор помеѓу двајца партнери о.О

Главниот проблем кај полигамијата е голтањето на егото,воглавно нас не учеле се да делиме осве н партнерот ,ако партнерот иде кај други не вредиме , па после доаѓаат оние сцени на плачење и проблеми без да се обидат да видат што има на другата страна. Без да се обидат да поминат што подобро со партнерот она време што го имаат. Туку дрват за некакви ми зошто со оваа и зошто се плесна со секретарката итн итн така до бескрај . Видете луѓе како сусштество кое знае дека моногамијата за него е мисија невозможна ви кажувам возможно е сите партнери да ги сакаш подеднакво , различно но еднакво.

Нам ни е на некој начин наметната моногамијата ретко кој од нас би бирал помеѓу своите најблиски пријатели а,скоро секој од нас би набројал најмалце двајца кои ги смета за најблиски :) Ама никогаш не би побарал од своите најблиски да бираат помеѓу него и некој нивен близок . Бидејќи нормално сме научени да ги делиме најблиски .

Полигамија ви е врска помеѓу тројца или повеќе единки со согласност помеѓу нив и свесност дека се во полигамна заедница.
Се што опишавте погоре се вика неверство бидејќи од сите засегнати страни (знам лош опис ама белким ме сфативте)

а што со оние кои избегнуваат врски,еве на пример имаат секс со различни партнерки(другарки).

ова е полигамија,но зошто ли избегнуванје врски??

барем една личност во триаголникот не е свесна дека постои триаголник.И барем една личност е лажена дека партнерот нема друга , разликата помеѓу неверство и полигамија е во свесноста и согласноста
јасно...но кога ќе ќе дознае......(најчесто е така..бр на разводи ):toe:
 
M

marsovka

Гостин
p0ligamijae superza mnogu openminded osobie
iteresnou site islamisticki zemjija imaisto onitaka puni razbiranjei ljubov iotvoreni glavise
amatoa zakul lugjeso ljubov e ok

p0zzz
mnogu e kulda imkazuvasna lugeto deka poligamijata e ednkva na promiskuitetot i da gi ismevas onie koi smetaat deka poligamijata e niven nacin na unkcioniranje i pred petminuti kenjase da ne mesaaat religija sea ti mesas

p0zzzzz

P.S. овој пост се однесувашена мене :)
 
S

smart ass

Гостин
Моногамијата не подразбира верност по дефолт.

Јас можам да сум моногамен во врската меѓутоа да ми се допадне друга личност надвор од неа поради која би ја прекинал врската.

Да бидеш моногамен не значи дека ќе успееш да го избегнеш тоа да бидеш оставен од партнерот поради трета особа.

Не се потребни квалификации на луѓето од типот моно-поли, бидејќи животот секогаш ќе те изненади на овој или оној начин, а треба да знаеме како да се приспособиме и на тоа што не сме го очекувале.

Животот треба да се живее, да се слуша интуицијата, да се прави она што се сака, да се најде тоа што не прави среќни.

Доколку полигамноста се восприема како апсолутен грев, тогаш незнам дали сте чуле за промискуитетна моногамност.

Преголеми предрасуди на темава.

Добро напишано....Затоа зеленко:toe:
 
M

marsovka

Гостин
а што со оние кои избегнуваат врски,еве на пример имаат секс со различни партнерки(другарки).

ова е полигамија,но зошто ли избегнуванје врски??

јасно...но кога ќе ќе дознае......(најчесто е така..бр на разводи ):toe:
ne тоа не е полигамија тоа се смета за промискуитет или имање повеќе отворени врски (фак бади тип де )
Полигамија е врскапомеѓу три или повеќе личности клучен збор врска
 
S

smart ass

Гостин
ама у случај еве конкретен другари се едно машко и две девојки,убаво си живеат но и имаат секс односи...:toe:

Ама другарски секс...овде мислам сите се свесни
 
ada

Модератор! ок?
Член од
21 август 2006
Мислења
5.706
Поени од реакции
566
mnogu e kulda imkazuvasna lugeto deka poligamijata e ednkva na promiskuitetot i da gi ismevas onie koi smetaat deka poligamijata e niven nacin na unkcioniranje i pred petminuti kenjase da ne mesaaat religija sea ti mesas

p0zzzzz

P.S. овој пост се однесувашена мене :)
Ја изедначив со промискуитет?!
Читај мајку му.

А, исмевам њу ејџ бљувотини кои ги сервираат ко опенмајднес.
Боли ме мене курацот шо го неам дали некој има 1 или 5 брачни партнери.
Али коментирам кога пробуваат да пропагираат небулози.

И дел од земјите во кои владее полигамија се фундаменталистички/екстремистички/пуни фанатици...мислам дека е симпатична паралела со телемистите, џедаите и другите чеда на љубовта и несебичноста.

За крај, контролирај малку вокабулар кога ми се обраќаш, никад не сум била дрска со тебе.
 
Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
Mozno e dane zabeguvame vo definiranje na nedefinirlivi raboti?
Aduh, ne mi se obrati mne diektno, ama bi molel da ne g stavas Serafimite vo ist kosh so ostnatite koi ti precat ili ti se tugji.

Mojot stav go znaete, koga celoto covestvo ke se podigne na povisok stepen na razmisluvanje i oslobodi od stegite na mediokritetot, mosne poubav svet ke imame i vo mnogu pobogat (duhovno) svet ke ziveeme.

A ljubovta ne e isto sto i sex.

Gresime vo definiranjata na poimite.
Se krieme zad laznite moralnosti.

MI go znaete stavot i pozicijta. POveke nemam namera da ve vozdignuvam i educiram.
 
VoniVaraS

Искусен :)
Член од
20 април 2009
Мислења
543
Поени од реакции
328
За мене полигамија значи имање на повеќе сексуални партнерки и живот во заедница со нив.
Бидејќи е комплексно прашање не може да се даде едноставен одговор.

Ако се споредиме со животните најблиски до нас и нашата градба кој е заклучокот?
Шимпанзата на пример се полигамни. Главниот во групата го има неприкосновеното право на секс со женките од групата.
Останатите мажјаци пробуваат да имат секс со некоја од женките и имаат кај ќе стигнат, само да не ги види главниот на групата па да си добијат по газот.

Кај животните познато е дека само Шимпанзата и Делфините имаат секс од чисто задоволство, без да сакаат да се размножуваат.
Како спротивност на Шимпанзата во однос на сексот се Горилата. Тие се во голема мера моногамни односно се задржуваат со еден сексуален партнер до крајот на животот и се парат само во сезона, односно за остварување на потомство.
Кај првиве (шимпанзата) тестисите им се доста големи поради големата “потрошувачка“ на сперма.
Кај Горилите тестисите се доста помали (повеќе од двојно) од оние кај Шимпанзата.
Е а тестисите кај луѓето се некаде измеѓу.
Ова е ако се земе некој просек де , бидејќи нели има различни претставници.

Заклучокот нели логично му доаѓа дека сме 50-50 генетски предодредени за моногамија или полигамија, односно тоа не е прсудно за дефинитивен заклучок и со тоа се исклучува природата како “виновник“ за едното или другото.

Толку околу физичката предодреденост, околу “психолошките“ барирери во друга прилика.

ПС. Ако некој се мисли дека е “мудоња“ може да проба на таа финта да ја убеди партнерката дека мора во исто време да биде и со други. :vozbud:

ППС. Инаку мојот став е дека треба да сме моногамни односно во исто време не е пожелно да се имаат повеќе сексуални (па и емотивни) партнери. Но секако и дека не е пожелно да не сме “пробале“ неколку различни партери пред да се обврземе на “вечна“ љубов. :smir:
 
Kajgana Shop

На врв Bottom