Цената на струјата ќе расте
24.09.2010 - 09:03 |
Либерализацијата на енергетскиот пазар ќе ја зголеми цената на струја. А тоа е очекувано вели претставникот од Европската Комисија на осмиот министерски совет на енергетската заедница, со кој претседава Македонија.
Според него вредноста на енергијата не смее да се држи вештачки ниска бидејќи тоа е на штета на инвеститорите а долгорочно штета на целата економија..
- Ако имате политички цени кои не ја рефлектираат цената на производство и цените на пазарот тогаш треба да се движите кон либерализиран пазар. Тоа можеби ќе значи зголемување на цените на електричната енергија барем во еден период, но доколку вештачки ги држите цените ниски последицата ќе биде што нема да има инвестиции во енергетскиот сектор и еден ден цените ќе бидат многу повисоки од оние на либерализираниот пазар, рече Барбасо и додаде дека треба да постојат и социјални мерки без да се влијае на пазарот.
Иако беше пофален новиот закон за енергетика, независност се побара и од Ррегулаторната комисија за енергетика.
Директорот на секретаријатот на енергетската заедница нејков смета дека измените во законот дозволуваат поголеми обврски за регулаторите но тие треба правилно да ги искористат.
Македонскиот министер Бесими кој претседава со енергетската заедница, со украинскиот министер за гас и енергија бојко потпиша протокол за пристапување на Украина кон енергетската заеница.
Оваа земја пред 4 години ја почна процедурата за членство и денеска го доби.
ИЗВОР.
-----------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
Уште не влезени во ЕУ ни ја диктираат цената на струјата, да видиме сега дали сме независна држава па да си остане цената како што е или ќе прифатиме диктат.
Гледајте го видеото лошо било за странските инвеститори оти цената на струјата била евтина, ако била поскапа подобро ќе било, а бе овие ненормални не сметаат кај така нема инвестиции кога ќе поскапи струјата тогаш нема ни во предвид да не земат.