Сакам да пораснам

  • Креатор на темата Креатор на темата Lucio
  • Време на започнување Време на започнување
Толку си истражувал, почна фино да збориш, ама па како може да си сигурен во ова?

Добро дечко, ти не си видел твои школски како може за едно лето да пораснат?
Па мои другари рипале и по 10 сантима во едно лето, немој да мислиш дека ако пораснале се фиксале или слично...:)

Ја сум видел да порасне од 160-170 у едно лето, ама ти не си видел да порасне од 197 на 205 у 3 месеца. И тоа не еден, туку 5-6 случаи. И не викам дека 100% пораснале од тоа, ама не и дека не пораснале.

Прифатете го она кое сте, се разбира надоградувајте се, но пред се интелектуално.
Како прво моронски е да сакаш да пораснеш со основна причина да се занимаваш со спорт.
Ако сакаш да си мајмун на кој ќе аплаудира маса народ која сака спектакал прави го тоа.
Не ја разбирам потребата на некого да биде кловн по сопствена желба.

Од вакви како тебе изгледа ние сме единствени на балканот што немаме напредок во ниеден спорт. Се оди подолу и подолу. Моронски е да сакаш да пораснеш... од твоја гледна точка, моронски е да купуваш цдиња, книги, туторијали за да се надоградуваш интелектуелно.

Добро фраеру...

Спортисти користат хормон на раст (илегално, колку што знам) за зголемување на мускулна маса и побрзо заздравување од повреди, но не растат во висина од него. Се расте само за време на пубертетот, можеби и уште нешто ситно по пубертетот (до кај 23,24,25 години, индивидуално). Но, ти набави и пробај - што те кошта? Лично не верувам дека би можел да добиеш повеќе од сантим-два, можеби ни толку.

Што ме кошта? Не станува збор за тоа што ме кошта. Како што реков во првото мислење, темава е за тие што знаат - што веќе пробале, имаат искуство од пријател, колега било како. Вие сега сите ќе излезете стручни лица со солење памет што да правам или да не правам. Како прво за зголемување мускулна маса служат протеини и креатин ПЛУС тие се легални. Може мислиш на стероиди кои се илегални, но тоа НЕМА ВРСКА со хормон за раст.

Може не сум некој стручнак, немам факултет за нутриција... ама знам по нешто. Сум читал. Сум се надоградувал.

На крај краева тоа е мое право дали ќе сум морон или не.:bip:
 
Ја сум видел да порасне од 160-170 у едно лето, ама ти не си видел да порасне од 197 на 205 у 3 месеца. И тоа не еден, туку 5-6 случаи. И не викам дека 100% пораснале од тоа, ама не и дека не пораснале.



Од вакви како тебе изгледа ние сме единствени на балканот што немаме напредок во ниеден спорт. Се оди подолу и подолу. Моронски е да сакаш да пораснеш... од твоја гледна точка, моронски е да купуваш цдиња, книги, туторијали за да се надоградуваш интелектуелно.



Што ме кошта? Не станува збор за тоа што ме кошта. Како што реков во првото мислење, темава е за тие што знаат - што веќе пробале, имаат искуство од пријател, колега било како. Вие сега сите ќе излезете стручни лица со солење памет што да правам или да не правам. Како прво за зголемување мускулна маса служат протеини и креатин ПЛУС тие се легални. Може мислиш на стероиди кои се илегални, но тоа НЕМА ВРСКА со хормон за раст.

Може не сум некој стручнак, немам факултет за нутриција... ама знам по нешто. Сум читал. Сум се надоградувал.

На крај краева тоа е мое право дали ќе сум морон или не.:bip:
Дечко, не се пали. Ти мене ќе ми објаснуваш кои хормони како делуваат и за што се користат. Пази, богати, читал, се надградувал. Сум читал и јас, многу повеќе, и не оти многу сум сакал, туку од што сум морал. Стероидите немаат врска со хормонот за раст? Па, ете, и стероидите и ХГХ се хормони - ете ти една врска. И двата се анаболни по дејство - ете ти уште една врска. И двата се забранети за употреба во спортот - ете ти трета врска. И двата ја зголемуваат мускулната маса - четврта врска. Но, ете, ако не ми веруваш мене, оди на Википедија и читај за HGH, таму е убаво објаснето. Па надогради се уште малку.

А баш чекам да се јави некој стручњак кој ќе понуди некој делотворен метод/супстанца за раст. Па, да се прослави човекот - и тоа СВЕТСКИ да се прослави.

ПС. Протеините се само храна, нивното дејство нема никаква врска со дејството на хормоните. Ако веќе сакаш да се правиш квазистручњак, не ги ставај во ист кош.
 
194.... машала, што ќе ти е да растеш уште доволно си дури и од повеќе си висок
 
183-4 сум ама би сакал бар до 190 да стигнам!!
 
Ако веќе сакаш да се правиш квазистручњак, не ги ставај во ист кош.

Не сакам да се правам никаков стручнак. Вие двајца со Никола почнавте као демек шо ќе ти е да растеш, да те видам како ќе набавиш бла бла...
Ја да знаев немаше да отварам тема. И тоа дали имам потреба да растам не е ваш проблем. Прашав дали и каде може да се набави, ефикасно ли е или не?

Можеше само да кажеш дека 1-2 сантима може да пораснам максимум и толку. Пис аут! :smir:

А Никола не ни имаше некоја потреба да искоментира. Како модератор би требало да знае да се држи до темата.
 
Немора да значи дека ќе пораснеш само 2-3 сантиметри, јас лично за едно лето измеѓу прва и втора средно пораснав за едно 10 ииии повеќе сантиметри, некои не ме ни препознаа, мислам дека и домашните ќе беа шокирани ако не ме гледаа секојдневно и таа промена им дојдеше нагло :) ама па затоа мојот братучед кој дотогаш ми беше "висок" буквално подзина кога ме виде.
 
194 и сакаш уште да растеш?
Мислам дека само хормони би ти помогнале, ама тоа веќе е играње со здравје според мене.
Исхрана помага за нормално растење, неухранетост те закржлавува (на децата што им викаат, јади за да пораснеш), не може со некоја специјална исхрана џин да се направиш (иако има пример во пилешкото месо хормони со кои ги клукаат за кои постојат гласини дека влијаат и на луѓето, незнам колку е точно тоа).
А кога спиеш ти се опуштаат врските помеѓу коските, со што растеш едно 2-3 сантима, но во тек да на денот пак се смалуваш за толку :smir:
 
А кога спиеш ти се опуштаат врските помеѓу коските, со што растеш едно 2-3 сантима, но во тек да на денот пак се смалуваш за толку :smir:

Ќе спијам два пати по ред, и еднаш ќе го живеам денот. :vozbud:
 
брат имаш скоро два метра и уште сакаш да си повисок...не ми е за друго туку главата ќе те боли од удирање :хаха:
 
Иам 165 и би сакал да достигнам 185,али ја иам уште време за растење.
 
еден другар мој за 1 месец порасна 20см... онака,природно... се зависи од чоеко и од гените шо ги имаш... исхраната и сл. можи влија,ама не толку мн...
 
Интересна ми е темава и ги прочитав сите коментари. Добро бе луѓе ако не знаете што да пишете ич не пишувајте, а не што ќе ти е повисок, што ќе ти е ова она. Па не гледате дека дечкото има желба за спорт ,сака да напредува ( не ради луѓето кои ќе му ракоплескаат на трибини, туку најверојатно лично за себе) и се распрашува за тоа. Од тоа што ги има многу малку такви луѓе во нашава држава, не не бива за ниеден спорт.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom