Значи вака јас како и секој маж кој што сака да изгледа убаво и да се чувствува убаво, обрнувам внимание на својата хигиена и на својот изглед и поради тоа користам широка палета на козметички производи. Значи неизоставен дел кој што мора да го споменам и од кој што не се делам е мојата четкица за сапуњање.
Секое сабајле јас станувам и си ја земам четкицата, си го земам сапунчето
и земам едно пластично канче од кисело млеко.
Го земам канчето и го полнам со вода, по што следи процес на сапуњање на сапунчето во водата од канчето. И после добро сапуњање кога ќе се направи пена, за подобар ефект понекогаш ставам и пола шише сјај
, ја зимам четкицата и ја брцам во смесата, за потоа нежно да ја нанесам на лицето. Откако ќе завршам со оваа фаза на нанесување, започнува наредната фаза која се наркува "Операција Косилица". За оваа операција потребен ни е оштар брич
, по можност наоштрете го пред да започнете со процесот, јас си го оштрам на камче. Инаку бричот го добив како поклон од дедо ми за мојот 14 ти роденден кога за прв пат го кврцнав млечниот брк. Инаку овој брич дедо ми го користел кога бил партизан така да има големо историско значење и до ден денешен сведочи за херојските подвизи на дедо ми
. Откога ќе завршам со операцијата косилица следи фазата дезинфекција. Во оваа фаза како главно средство за дезинфекција користиме домача жта
. Значи ги полниме двете дланки со ракија и се лискаме со ракијата по образите и по вратот каде претходно сме се бричеле. Мора да се напомене дека при овој дел малку ќе не пече кожата, али секој прав мушкарац минува низ истава фаза без многу мрчење, така да не би требало да претставува проблем. Остатокот од ракијата вообичаено го натегнувам, ова најмногу заради циркулација а понекогаш комбинирам и со главица лук или кромид за да се добие подобар шмек и посвеж здив. Додека кога станува збор за останатиот дел од хигиената, јас не практикувам ниту сапунче, ниту дезодоранс ниту стик за под мишка, на тој начин само ќе си го уништите вашиот природен мирис на маж кој што е неодолив за секоја жена, мене тате ме учеше дека сите момички он така си ги фатил. Повремено може да се користи расол како антидезодоранс којшто го нанесуваме во минимални количини поради интензивната и специфична арома која прави да се чувствувате 100% природно и свежо преку целиот ден. Инаку кога сме кај мишката јас користам специјални витлери кои што ја обликуваат мојата коса а воедно и даваат и поголем волумен. Овие витлери ги користам и на груда и на интимните делови, а резултатот е поголеми локни и поатрактивен изглед кој што ќе ви даде предност кај припадничките од понежниот пол.